Прејди на содржината

Page:За македонските работи - Крсте Петков Мисирков.djvu/109

Од Wikisource
Оваа страница е прегледана, но треба да биде потврдена.
99
 

се виде, оти она никоi пат немат да бидит србцка, србите ке можат да се одвртат от своите утврдуаiн'а, да сет македонците срби, и ке признааат за одделно словенцко племе, iеднакво блиско до србите и бугарите.

И така, македонцкото национално возродуаiн'е iет настапен историiцки процес, шчо имат под себе iака почва и голема биднина. Оно се должит главно на конкуренциiата мег'у Бугариiа и Србиiа во македонцкото прашаiн'е. Како преодни стадиiи кон полното оддел'аiн'е на македонцките интереси од бугарцките и србцките, т. е. кон националниiот сепаратизм, служат политическите револ'уциони организациiи и политическиiот сепаратизм, пропагандиран од ниф. Као главен извор за уголемуаiн'ето на броiот на националните сепаратисти ке служит уголемуаiн'ето на конкуренциiата мег'у бугарцката и србцка продаганди во Македониiа и броiот од лица недоол'ни от тиiе пропаганди. Националниiот сепаратизм ке се уголемит исто и од лица, шчо сознаваат сета вреда од националните и верцки пропаганди, коiи под вид да бранат нашите интереси, безбожно експлуатираат со ниф, и коiи шчо ке се решат на борба за националното обiединуаiн'е на македонците со сите тиiе пропаганди. Борбата со него iет опасна, не за него а за негоите противници. От таiа борба он ке излезит победник, ушче поеке, шчо реформите во Македониiа, ке дадат на неiа возможност да се ослободит от туг'ите влиiаiн'а, и да пренесит центрот на возродуаiн'ето натре во неiа.