Прејди на содржината

Page:За македонските работи - Крсте Петков Мисирков.djvu/105

Од Wikisource
Оваа страница е прегледана, но треба да биде потврдена.
95
 

од нас ке забележит, оти тиiе л'уг'е, за коiи ниiе знаiефме само от книга, и ѝ знаiефме како л'уг'е, шчо сакаат да ни поможат да се ослободиме, ни се покажуваат нам за приiатели и сонародници и ни се присторуваат за наши покроители, не зато, шчо сме ниiе грци или бугари, или срби, не зашчо се грижат за некакви обшченародни интереси, во коiи флизаат и нашите, не зашчо сакаат да ни поможат и да не избаат нас, а само со чисто егоистични цели, т. е. они експлуатираат со тоа, шчо се велиме ниiе со нивните народни имиiн'а, и сакаат на осноа на сашчествуаiн'ето на тиiе народни имиiн'а во таткоината ни, да уголемат своiата таткоина, да обеспечат своiите интереси со завладуаiн'ето, ако не на цела Македониiа, то барем на голем дел од неiа. Не ни покажуат ли тоа, оти малите држаи, па и секоiа iедна страна, со преследуаiн'ето обшченародни цели, преследуат не хуманни цели ослободеiн'ето на поробените, а чисто материiални и егоистични, т. е. уголемуаiн'ето нивно за неiн интерес, без да се гледат, али ке настапит подобруаiн'е во судбата на Македониiа, или не. Значит месните интереси се iауват главни, а обшченародните второстепени; првите сет цел'а, вторите — стредство. Имиiн'ата: бугарин, србин, грк во Македониiа сет стредство на малите држаи да не заробат нас. Ако и ниiе милуаме нашата таткоина и сами себе, то и ниiе требит да претпочитаме нашите местни македонцки интереси пред обшчебугарцките, обшчесрбцките, обшчегрцките. Ниiе требит да создадиме такво положеiн'е, да немат во Македониiа, ни бугарцки, ни србцки, ни грцки интереси, зашчо тамо немат бугари, срби и грци, а имат само македонци от словенцки происход и некоiи друзи македонцки народности. Нашите интереси требит да си ѝ изучиме и да, си и зашчитуаме сами, а не да и дааме во туг'и раци, за да експлуатираат со ниф малите балканцки држаици.