Page:За македонските работи - Крсте Петков Мисирков.djvu/104

Од Wikisource
Оваа страница е прегледана, но треба да биде потврдена.
94
 

силна србцка пропаганда во Македониiа, за да земит националниiот сепаратизм наi големи размери.

Но ноото течеiн'е стрек'ат и ке стретит арен приiем ушче во зафатокот негов и во наi арната, наi интелегентната и непродадената македонцка интелегенциiа, како шчо и iет резултат на умственото и наравствено развиiаiн'е на последната. Имат, и ке се наiдат, мнозина интелегентни македонци, код шчо сет готои да дадат животта своiа за интересите на своiата таткоина и своiот народ, коiи ке се запитаат: шчо iет по важно за нас македонците: обшчебугарцките, обшчесрбцките, обшчегрцките или македонцките интереси? И ке одгоорат, да сет интересите на таткоината секоаш по горе од интересите обшченародни, и да сет последните само стредство за првите, а не наопаку. Мала набл'удател'ност требит, за да се убедит чоек во таiа истина. Наi напред се знаит от секого, оти ниiе милуаме нашата таткоина Македониiа и нашиiот народ, зашчо катаден и видиме и изучуаме со своiите органи на чувствата. Во неiа и стред него сме изл'упени. Од детинство се, шчо iет мило ним и нам ни iет мило; се со шчо се радуваат они, и ниiе се радуаме; они плакаат и ниiе плакаме. Обшчата радост и жалост, обшчите предаiн'а и обичаiи не праат сите нас iедно цело, — iеден народ. Но iедно поминиме границите на Македониiа, или на iуг, или на северо-исток, или на север, т. е. во Грциiа, Бугариiа, Србиiа, наiеднаш ке осетиме, оти дуiет на нас веке друг ветар; ке осетиме да сме ниiе тамо само неканени гости, и оти, ако сакаат тамо да ни се покажат браiк'а, но тоа го праат, за да не ограбат нас и да не експлуатираат. Грците, бугарите, србите, сите заiедно не уверуваат нас, да ниiе сите сме само од нивната народност, и оти нашето спасеiн'е iет само во соiединеiн'ето на цела Македониiа, или барем на iеден голем дел од неiа, кон нивната држаа. Секоi