Прејди на содржината

Четврта книга Мојсеева/ 33 глава

Од Wikisource

32 глава Четврта книга Мојсеева
33 глава
од Мојсеј
34 глава


 1 Ова се патувањата на Израелевите синови што ги поминаа кога излегоа од Египетската Земја по своите полкови, под водство на Мојсеја и Арона.
  2 По Господова повелба, Мојсеј го опиша нивното патување по нивните престојувања, и еве ги застанките на нивните патувања:
  3 тргнаа од Рамес во првиот месец. Беше петнаесеттиот ден на првиот месец - утреден по Пасхата - кога Израелевите синови се запатија со подигнати раце и пред очите на сиот Египет,
  4 додека Египетците ги погребуваа оние, кои Господ ги погуби среде нив, односно сите првороденци, и така изврши суд над нивните божества.
  5 И така Израелевите синови тргнаа од Рамес и расположија шатори во Сокхот.
  6 Потоа отидоа од Сокхот и ги оптегнаа шаторите во Етам, токму на работ на пустината.
  7 Отпатуваа од Етам, а тогаш свртија кон Пи-Ајрот, што се наоѓа спроти Велсефон. Ги расположија шаторите пред Мигдал.
  8 Тргнаа од Ајрот и поминаа среде морето во пустината. Одеа три дни низ пустината Етам, а тогаш се настанија во Мера.
  9 Потоа отидоа од Мера и стигнаа во Елим. Во Елим беа дванаесет извори и седумдесет палми. Расположија шатори тука.
10 И тргнаа од Елим и се настанија покрај Црвеното Море.
11 А откако заминаа од Црвеното Море, ги оптегнаа шаторите во пустината Син.
12 Потоа отпатуваа од пустината Син и ги поставија живеалиштата во Дофка.
13 Откако отидоа од Дофка расположија шатори во Елус.
14 Тргнаа од Елус и се настанија во Рафидин. Таму народот немаше вода да пие.
15 Заминаа од Рафидин и се настанија во Синајската Пустина.
16 Тргнаа од Синајската Пустина па се настанија во Киврот Атави.
17 Отпатуваа од Киврот Атави и оптегнаа шатори во Асирот.
18 Тогаш отидоа од Асирот и расположија шатори во Ритма.
19 Тргнаа од Ритма и се настанија во Римнон Фарес.
20 Отидоа од Римнон Фарес и расположија шатори во Ливна.
21 Отидоа од Ливна и оптегнаа шатори во Риса.
22 Заминаа од Риса и се настанија во Келат.
23 Тргнаа од Келат и се настанија во гората Сафер.
24 Отпатуваа од гората Сафер и се настанија во Харад.
25 Откако се дигнаа од Харад се настанија во Макилот.
26 Тргнаа од Макилот и расположија шатори во Тахат.
27 Отпатуваа од Тахат и застанаа во Тара.
28 Заминаа од Тара и се настанија во Митка.
29 Отпатуваа од Митка и оптегнаа шатори во Асемон.
30 Тргнаа од Асемон и расположија шатори во Мосирот.
31 Заминаа од Мосирот и се настанија во Вене-Јакан.
32 Тргнаа од Вене-Јакан и се настанија во Хор-Агидгад.
33 Отидоа од Хор-Агидгад и расположија шатори во Јотвата.
34 Отпатуваа од Јотвата и оптегнаа шатори во Еврон.
35 Отидоа од Еврон и се настанија во Есион-Гавер.
36 Отидоа од Есион-Гавер и расположија шатори во пустината Син, односно Кадис.
37 Тргнаа од Кадис па расположија шатори во гората Ор, на границата на Едомската Земја.
38 По Господова наредба свештеникот Арон се искачи на гората Ор и таму почина во првиот ден на петтиот месец, во четириесеттата година по излезот на Израелевите синови од Египетската Земја.
39 Арон беше на сто и дваесет и три години кога умре на планината Ор.
40 Арадскиот цар, Хананеец, кој живееше во ханаанскиот крај Негев, чу за доаѓањето на Израелците.
41 Отидоа од гората Ор и расположија логор во Салмон.
42 Заминаа од Салмон и се настанија во Финон.
43 Отпатуваа од Финон и застанаа во Овот.
44 Отидоа од Овот и оптегнаа шатори во моавското подрачје, во Ије-Ха- Аварим.
45 Заминаа од Ије-Ха-Аварим и расположија шатори во Девон Гад.
46 Отпатуваа од Девон Гад и се настанија во Алмон-Дивлатаим.
47 Од Алмон - Дивлатаим отидоа и поставија шатори на Аваримските Гори, пред Нево.
48 А од Аваримските Гори заминаа и расположија шатори во Моавските Полиња, покрај Јордан, спроти Ерихон;
49 се настанија покрај Јордан од Вет-Јесимот сè до Авел-Ситим во Моавските Полиња.
50 Господ му рече на Мојсеја, во Моавските Полиња покрај Јордан, спроти Ерихон:
51 „Речи им вака на Израелевите синови: ‘Кога ќе поминете преку Јордан во Ханаанската Земја,
52 изгонете ги пред себе сите жители на земјата, уништете ги сите нивни слики; уништете ги сите нивни одлеани идоли и разурнете ги сите нивни високи места.
53 Тогаш завладејте ја земјата и населете се во неа, зашто ви ја предавам да стане ваша.
54 Разделете ја земјата со жрепка меѓу сите ваши родови. Зголемете им го делот на побројните, а намалете им го на помалубројните. Каде и да падне жрепката, за кого и да е, тоа нека биде негово, а делете им го наследството според татковските племиња.
55 Ако не ги изгоните пред себе жителите на земјата, тогаш тие, кои ќе останат од нив во живот, ќе ви бидат трње во вашите очи и боцкалки во вашите ребра; ќе ве притеснуваат во земјата во која ќе живеете,
56 и ќе постапам со вас како што мислев да постапам со нив.’”

Поврзано

[уреди]

Надворешни врски

[уреди]

Ова дело е во јавен домен во земји каде авторските права се плус 70 или помалку.


It is not necessarily in the public domain in the United States if published from 1923 to 1977. For a US-applicable version, see {{PD-1996}}.

Public domainPublic domainfalsefalse