Франце Прешерен/ Морнар

Од Wikisource
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
„Морнар“

од Франце Прешерен
Mornar



Неверна, здрава да си!
По мене чунот стаса
патот ме води во круг.
По земја мирно оди,
надеж ми однесле води,
те грабна тебе друг.


Пред бога јас ти ветив
ќе дадам душа клета,
но ќе те љубам до крај.
Ми даде рака в рака
за вечно да ме сакаш
пред бога в клетва, знај.

Морскине друмје ширни
ме носат в места мирни
при моми цвет до цвет
Ни лика нивна лична
ни става на снегот слична,
не ме натераа в грев.

И еве кај едра бели
од југот напнати цели
назад ме вратија пак.
Момето мое се мени,
ја најдов туѓа жена
в срце ми јад и мрак.

Еј, едра дајте горе,
ветени сме ти, море,
видикот толку е чист!
Во него верба колку,
морнарот знае толку
момите друг се лист.

Ни виор не го плаши,
ни гром од бран го страши,
смртта е шега сал.
Споменот по вода мине,
но љубов болна те кине
денизден в нова жал.

По море бродот вјаса
неверна, здраво да си,
ти сакам сто среќи сам!
По земја мирно оди,
надеж ми носат води,
пловиме по неа, знам! -