Прејди на содржината

Уставен закон за спроведување на уставниот амандман X (1969)

Од Wikisource


Социјалистичка Република Македонија

Назив Уставен закон за спроведување на уставниот амандман X
Година 1969
Службен весник Службен весник на СРМ 4/69
Изгласан 31 јануари 1969
Објавен 3 февруари 1969
Законодавен орган Собрание на Социјалистичка Република Македонија
Правен статус   НеН вон сила
Изменува/дополнува Устав на Социјалистичка Република Македонија (1963)
Викиизвор Викиизвор и авторите на статиите не преземаат одговорност за евентуалните грешки во текстовите.


Уставен закон за спроведување на уставниот амандман X

Член 1

        На сите пратеници во Собранието на Социјалистичка Република Македонија и на сите одборници на собранијата на општините им престанува мандатот со денот на верификацијата на мандатите на пратениците односно одборниците што ќе бидат избрани на изборите во април 1969 година.

Член 2

        Пратениците и одборниците избрани во април 1967 година, а кои непосредно пред тоа биле четири години членови на соодветните собранија, можат повторно да бидат избрани за пратеници односно одборници на изборите што ќе се одржат во април 1969 година.