Уставен закон за изменување и дополнување на уставниот закон за спроведување на уставот на Република Македонија (1992)
Изглед
Република Македонија
| Назив | Закон за изменување и дополнување на уставниот закон за спроведување на уставот на Социјалистичка Република Македонија | ||
|---|---|---|---|
| Година | 1992 | ||
| Службен весник | Службен весник на РМ 4/92 | ||
| Изгласан | 22 јануари 1992 | ||
| Објавен | 23 јануари 1992 | ||
| Законодавен орган | Собрание на Република Македонија | ||
| Правен статус |
| ||
Уставен закон за изменување и дополнување на уставниот закон за спроведување на уставот на Република Македонија
[уреди]Член 1
Во Уставниот закон за спроведување на Уставот на Република Македонија („Службен весник на Република Македонија“ број 52/1991) по членот 10 се додава нов член 10-а, кој гласи:
Член 10-а
Република Македонија нема да учествува во работата на Собранието на СФРЈ и во работата на Претседателството на СФРЈ, со што им престанува функцијата на делегатите во Собранието на СФРЈ од Република Македонија и на членот на Претседателството на СФРЈ од Република Македонија.
Член 2
Членовите 11 и 12 се бришат.
Член 3
Овој уставен закон влегува во сила со денот на прогласувањето.