Прејди на содржината

Уставен закон за измени на уставот на Социјалистичка Република Македонија (1965)

Од Wikisource


Социјалистичка Република Македонија

Назив Уставен закон за измени на уставот на Социјалистичка Република Македонија
Година 1965
Службен весник Службен весник на СРМ 2/65
Изгласан 22 јануари 1965
Објавен 25 јануари 1965
Законодавен орган Собрание на Социјалистичка Република Македонија
Правен статус   НеН вон сила
Изменува/дополнува Устав на Социјалистичка Република Македонија (1963)
Викиизвор Викиизвор и авторите на статиите не преземаат одговорност за евентуалните грешки во текстовите.


Уставен закон за измени на уставот на Социјалистичка Република Македонија

Член 1

        Во Уставот на Социјалистичка Република Македонија се вршат измени утврдени со овој закон.

Член 2

        Во член 48 став 1 зборот „околиите“ и запирката пред него се бришат.

Член 3

        Во член 51 став 1 и 2 зборот „околиите“ и запирката пред него се бришат.

Член 4

        Во член 52 став 1 зборовите: „на околиските собранија и“ се бришат.

Член 5

        Во член 55 став 4 се брише.

Член 6

        Во член 58 став 3 зборовите; „околиските и“ се бришат.

Член 7

        Во член 75 став 1 се бришат зборовите: во ред 1 „односно околиите“ а во ред 4 „и околиските“.
        Во став 3 зборовите; „односно околијата“ се бришат.

Член 8

        Во член 76 став 2 зборот „околијата“ и запирката пред него се бришат.
        Во став 3 зборот „околиите“ и запирката пред него се бришат.

Член 9

        Во член 85 став 3 зборовите: „и околиски“ се бришат.

Член 10

        Во член 89 ред 4 наместо зборовите: „на општински суд“ се ставаат зборовите: „што го избира општинско собрание“.

Член 11

        Глава V ОКОЛИЈА со членовите 109-126 се бришат.

Член 12

        Во член 127 став 1 точка 3 зборовите: „и околиите“ се бришат, а пред зборот „општините“ запирката се замениува со „и“.
        Во став 1 точка 19 и во став 4 зборовите: „и околиите“ се бришат.

Член 13

        Во член 128 зборовите: „и околиите“ се бришат.

Член 14

        Во член 133 став 2 се бришат зборовите: во ред 2 и 12 „и околиите“ и во ред 7 „и околиските“.

Член 15

        Во член 135 став 2 зборовите: „или околиските“ се бришат.

Член 16

        Член 136 се брише.

Член 17

        Во член 137 став 1, 2 и 3 се бришат зборовите: „и околиските“ а во став 4 „и околијата“.

Член 18

        Во член 138 став 1 се бришат зборовите: во ред 2 „и околијата“, во ред 5 „и околиите“ и во ред 9 „односно околијата“.
        Во став 2 се бришат зборовите: во ред 4 „и околиските“, во ред 6 „односно околијата“, а во ред 7 зборот „надоместат“ се зменува со „надомести“.

Член 19

        Во член 139 се бришат зборовите: во ред 4 „и околиските“ и во ред 5 „и околиите“.

Член 20

        Во член 142 став 1 точка 13 зборовите: „и околиските“ се бришат.

Член 21

        Во член 149 ред 4 зборовите: „на републички суд“ се заменуваат со зборовите: „што го избира Собранието“.

Член 22

        Во член 158 точка 3 зборовите: „и околиските“ се бришат.

Член 23

        Во член 185 став 3 зборовите: „или околиско“ се бришат.

Член 24

        Во член 209 став 3 се менува и гласи:
        „Окружни судови се основаат за подрачје на една или повеќе општински судови“.

Член 25

        Во член 217 став 1 зборовите: „и околиите“ се бришат.
        Во став 2 зборовите: „и околиските“ се бришат.

Член 26

        Во член 219 се бришат зборовите: во ред 1 „односно околиското“, во ред 4 „односно околиско“ и во ред 7 „односно околиски“.

Член 27

        Член 220 се брише.

Член 28

        Член 221 се менува и гласи:
        „Извршниот совет има право до одлуката на Уставниот суд на Македонија, да го запре извршувањето на статутот на општината и на пропис или на друг општ акт на општинското собрание ако се во спротивност со Уставот и со законите.
        Републичките секретари имаат право да го запрат извршувањето на противуставните и незаконитите прописи и други општи акти на советите и органите на управата на општинските собранија и се должни да побараат истовремено од општинското собрание да го поништи или укине прописот односно актот во рок од триесет дена. Ако општинското собрание во определениот рок не го поништи или укине прописот односно актот, републичкиот секретар ќе го извести Извршниот совет“.

Член 29

        Член 222 се брише.

Член 30

        Во член 223 став 2 зборот „околијата“ и запирката пред него се бришат.

Член 31

        Во член 226 став 2 се бришат зборовите: во ред 1 „и околиите“ и во ред 3 „односно околијата“.

Член 32

        Во член 233 став 1 точка 4 се бришат зборовите: во ред 2 „и околиите“ и во ред 3 „и околиските“.
        Во став 1 точка 6 се бришат зборовите: во ред 2 „и околиите“ и во ред 3 и 4 „односно околии и помеѓу општина и околија“.
        Во став 1 точка 7 зборот „околиските“ и запирката пред него се бришат.
        Во став 2 зборот „околиските“ и запирката пред него се бришат.

Член 33

        Во член 235 став 1 точка 5 зборовите: „или околиско“ се бришат.

Член 34

        Во член 236 став 3 зборовите: „или околиско“ се бришат.

Член 35

        Главите и членовите се пренумерираат така што:
        Глава VI-XI стануваат глава V-X
        Членовите 127-135 стануваат членови 109-117
        Членовите 137-219 стануваат членови 118-200
        Член 221 станува член 201
        Членовите 223-242 стануваат членови 202-221.

Член 36

        Овој закон влегува во сила со денот на неговото прогласување.