Прејди на содржината

Трета книга Мојсеева/ 12 глава

Од Wikisource

11 глава Трета книга Мојсеева
12 глава
од Мојсеј
13 глава


  1 Господ му рече на Мојсеја:
  2 „Кажи им на Израелците: ‘Кога некоја жена ќе забремени и ќе роди машко дете, нека биде нечиста седум денови како што е нечиста во времето на својот месечен ред.
  3 На осмиот ден детето нека биде обрезано.
  4 А таа нека остане уште триесет и три дни, за да се очисти од својата крв; не смее да допира ништо свето, ниту да доаѓа во Светилиштето, додека не се исполни времето на нејзиното очистување.
  5 Ако роди женско, нека е нечиста две седмици, како за време на својот месечен ред, и нека остане уште шеесет и шест денови, за да се очисти од својата крв.
  6 Кога ќе се исполни времето на нејзиното чистење - било за синче, било за ќеркичка - нека му донесе на свештеникот, при влезот на Шаторот на средбата, едногодишно јагне за паленица и едно гулапче или грлица за жртва за грев.
  7 Тој нека го принесе тоа пред Господа и нека ја очисти; и таа ќе биде чиста од течењето на својата крв. Тоа е закон за жена, кога ќе роди било машко било женско чедо.
  8 Ако не е во состојба да принесе јагне, тогаш нека земе две грлици или две гулапчиња - едното за паленица, а другото за жртва за грев. Па свештеникот ќе направи да и се покрие гревот и таа ќе биде чиста.’”

Поврзано

[уреди]

Надворешни врски

[уреди]

Ова дело е во јавен домен во земји каде авторските права се плус 70 или помалку.


It is not necessarily in the public domain in the United States if published from 1923 to 1977. For a US-applicable version, see {{PD-1996}}.

Public domainPublic domainfalsefalse