Прејди на содржината

Тодор Кусев за Весникот Македонија – 1867

Од Wikisource
Тодор Кусев за весникот „Македонија“

од Тодор Кусев
Битола, 28.01.1867 г.
Г-не Редакторе на „Македонија”


Вашиот весник со самото име го зачудува секого во Македонија до таа мера, што секој трча да види што весник е што го носи името на нашата земја...

Весникот кај Грците и гркоманите е дочекан со тага и бес, зашто тие секојпат воделе борба за погрчувањето на Македонците, уништувајќи ја и Охридската архиепископија „Искрата на нашата иднина”. Но и колку да се мачеа да не сопрат да одиме напред, не можеа да го скоренат чувството сосема Македонците да не бидат Македонци.

Охрид само пред сто години беше столнина на Патријаршијата основана од Јустинијан, а едно време и светилник на просветување на словенскиот век, но пак не остана назад, зашто не го изгубил семето на славните свои прадедовци. Досега тој ги испраќаше по цела Македонија, дури и во соседните земји најопитните но да учат на туѓ јазик и туѓа политика, а денеска не само што не престанува да праќа, туку праќа за просвета на своите еднородни браќа и да ја откриваат заблудата како едно време кога и самите тие паднаа под заблуда. Ете денеска со задоволство како едно време кога и самите тие паднаа под заблуда. Ете денеска со задоволство гледаме како тие досегашни грчки учители ја увиделе вистината и го просветуваат народот со голема усрдност и неуморна грижа на нивниот мајчин јазик.


Денеска во Охрид заѕуни народниот глас во деновите на пресветлиот Цар Султан нашиот татко, А. Азис. Самите досегашни грчки учители, а особено г-дин Прличев, кој беше крунисан во Атина, проповедуваше во грчки училишта за досегашните наши заблуди. Секоја недела по црквите се пренесуваат трогателни говори за заблудата и досегашната болест под грцизмот и потребата таа сосема да се искорени за да се види бел ден. Но чунки и многу им пречи владиката и не ги остава да пеат на мајчин јазик и им ги затвора училиштата, што е против редот на високите царски фермани и ги гази сите нивни придобивки, гледајќи со четири очи, според заповедта на Портата да не го испуштат некако од своите раце и овој град, град што ги открива сите нивни мрачни дела по црковното прашање. Сите решија еднодушно, мало и големо, мажи и жени да ги испадат и да ги бараат своите права, зашто има испратени многу жалби во Цариград.

Не само во Охрид, денеска се разбудуваат и ги бараат своите права и од цела Македонија. Сите гледаат да си отвораат училишта, да се воведе служба во црквите на старословенски јазик, да не ги оставаа училиштата и народните работи во рацете на еден-двајца што дошле од друго место кои по секој начин гледаат да спречат с¢ што е народно. Насекаде започнуваат да се воведуваат трговски книги не на грчки туку на мајчин јазик. Мало и големо се весели под големата сенка на нашиот просветител цар С.А. Азис, и се насладуваат на тоа дека си ја осознале својата народност.

Т. Ив. Кусев

„Македонија“ (Цариград), бр. 1 (28 Х 1867 година).