Македонија

Од Wikisource
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Реко моја ширна широка,
песно моја вишна висока,
сите светој си ги собрала
љубов наша ти си набрала.
Еј, Македонијо, еј убав роден крај
Еј, Македонијо ти мајко срце големо. [x2]
Векој течат, сè ќе измине
а љубов нема да гине,
лична земјо, чиста исконска,
лична земјо ти Македонска.
Еј, Македонијо, еј убав роден крај
Еј, Македонијо ти мајко срце големо. [x2]

Поврзано[уреди]