Прејди на содржината

Тероро и плачката над Еврејте

Од Wikisource
Тероро и плачката над Еврејте
од Народен глас
АМС Скопје, к. 88: „Народен глас”, весник на Штипската партиска организација. Бр.1 мај 1943


Тероро и плачката кој го вршиа германските фашисти и нијните бугарски слуги над еврејското население, со разни даноци и ограниченија, со това што им укинаа секакви политички и граждански права, со това што не им дава слободно да купува, продава, патува, и што ги приморава да плаќат разни даноци и глоби не им стигна. Ами најпосле се нафрлија и на самите луѓе, и еден ден уште рано сабајле го блокирава целио град, зачукаа по еврејските куќи и побеснелите гестаповци и проклетите бугарски агенти и жандари. И почнаа да ги исфрлат на сокак, како стока жените, децата и мажите от сопствените куќи. А џандарите почнаа да ги гонат на станица со штикојте на пушка, како кој знај какво престпленије да се напрајле. Ненаситните фашисти ги собраа сите јевреј от тука со кој от век си живејахме, Ги одведова на станица дека до гола кожа ги слекуева да ги претресуат. Им зедоа све што им најдова. За носење, за јадејне и парите до последнија лев. Оставија им само алиштата на грбо и ио еден душек и јорган и така ги однесова у скопскио монопол дека ги собира јеврејте од цела Македонија. Тамока ги подржава некое време како стока, набутани еден на друг, гладни, голи и боси. Онда ги испратија со сите евреј заедно от Македонија по разни логори, дека опколени со џандари и со по сто грама леп ќе ги терат да работа до дека не падна и на тој начин систематски еден по еден ќе ги уништат.

Додека јеврејте ги одведоа по логорите да ги уништат, до тогај овде се наврлија на нивните имоти да ги плачкат разни кметој, на-чалници, агенти, жандари, офицери и др. Ненаситните плачкаши со коли је издигаја јеврејската сермија, разни намештаји, храна, и др. Они одеа групи по групи и по себе си караа кој повеќе да грабне.

Кога ке се приближеше некој от народо да тражи да купе нешто, они викаа дека нема за продавајне јер това ќе биде за учражденијата и болницата.

Крвавите германски фашисти и нивните бугарски слуги го извршиа овој срамен и нечувен терор и плачка над еврејското население, прикажувајќи како се еврејте мрсни хора, како са они најгулемите шпекуланти, плачкаши, убици итн. со една дума прикажувајќи ги како са они најгулеми кривци за несраќи кој ги задесуват масите.

Да видиме да ли је вистина това што го прикажуват фашистите. Дали е вистина да се јеврејте најгулеми шпекуланти, плачкаши и убици. Разбира се како што има у македонците шпекуланти, така има и у еврејте, не се еврејте така криви како што ги прикажујат фашистите, а баш на против такви са они — германските фашисти и нивните бугарски слуги, они шпекулират, плачкат, убиват, судат, интернират итн. и они сет главни кривци за несреќите којгги денеска преживуваме.

Крвавите германски фашисти и нивните бугарски слуги не го вршат овај терор над јеврејското население за това што им кажале за нас и што не сакаа да не спаса от маките, а на против они го вршат тој терор над них за това да би ја скренале оштрицата на борбата. Прикажувајќи ги евреите како главни кривци они сакат да не натерат да се бориме против евреите, а не против них, германските фашисти и нивните бугарски слуги, кој се вистински кривци за денешното по-ложение. Они сакаа да ги искористат евреите како перде зад кое требе да се крие за полесно да не плачкат. Они сакат да ја распират на-ционалната омраза, да ни натера да се караме и расправаме, Македонци, Јевреји, Власи, Турци, Арнаути и др. за да не можеме да се соединиме и така заеднички да поведеме борба против них, они сакат да не раздела и така разделени да не уништат. Главната цел на крвнико Хитлер е да не уништуе нарочно нас славјанските народи и он това веќе и го прави. Прво ги собрава јеврејите со кој от век живехме, сега му дава рок на Србите да се села, после ќе ги дигат Власите и Турците, после и на нас ќе дојде ред, може ќе се разликуе начин, едни у лагери други у затвори, трети на „слобода" без јадење и носење, систематски еден по еден ќе не уништат.

Народе, крвавите германски фашисти и нивните бугарски слуги ги собра јеврејте со кој от век си живејме, от кој никако лошо не видовме ни није ни они од нас. Народе, не не чека ни нас поарно, и нас ни се спрема уништуејне само то на друг начин, со гладија, безработица и војна итн. Това може да се виде и от думите на крвнико кмето, кој није на градо, што ги кажал на народо, кој се собрал да ги гледа како плачка еврејски куќи: „А бе виа сте мрсни хора, бе какво гледате, бе оште не сте виждали ништо, за вас требе терор, па да се ошаметите". От овија думи јасно се гледат да нема ни нас да не поштедат, они ќе се стараат само и натаки да плачкаат.

Народе, соедини се без разлика на вера, нација и политички убежденија и стани како еден во борба и против твоите крвни непријатели — германските фашисти и нивните бугарски слуги. Протестирај против тероро и плачката над Јеврејите и тражи да се ослобода. Не дозволувај да те разединуват и уништуват. Стани во борба за поскоро уништување на окупаторите.

Народе, земи оружје во раце и појди у партизани, јер само со оружена борба ќе ги испудиш окупаторите.