Темко Попов/ Кој је крив
Кој је крив од Темко Попов |
1889 |
„ |
Појке од десет години има од како није Македонциве немаме духовно начелство по нашиве места, од које и најмногу страдаат нашиве црквени и училишни работи. Гледаш овде една општина растурена, парализирана без никаква морална и материјална сила, без никаква морална сила нити пред народот, со која би могла да го натера да послуша нејзините решенја, нити пред власта, која по никој начин не разбира, ако би потребало, да поткрепи тија нејзини решенја; без никаква материјална сила, т.е. без баранје тугја помокј да може таа сама да си уредује училиштата, да си плакја на учителите и др. И така онаа општина стоји и се вика општина само за лице, без да може да одгоори на својот задаток, заради кого је повикана. Гледаш пак онде во еден град или градец едно училиште, које не прилега на училиште, и је, - како внатрешно, така и надворешно, - сиромашко, осакатено и без никакво значенје, јавно да кажам, - за плаченје, од сем онија училишта, што се крепат од Екзархијата, но који пак си имаат своји лоши страни, и дури големи, за који ке се докаже во своје особито место и време. И се тоа излегује од тамо, што немаме во нашава таткојна, као што рековме погоре, духовно начелство. Ја сега у си во очите и устите гледам и вигјам да ми се кажује, оти сум седнал да зборуја и да пишуја не за некоа нова или чудна работа, туку за изветвена и позната, што ја знајат и малине деца. Гледам да ми се кажује, да не би да сум дошол сега од не знам колкугодишно седенје во Багдат, та не знам, оти, фала Богу, имаме Негоо Блаженство во Цариград, што се мачи денје и ноке за овија работи, туку Правителјството не му даа да пушти владици во Македонија! - и за тоа, кој је крив? Но таа ни је работата да видиме кој је крив за ова лошо положенје -дали Н. Блаженство, као што го криваат некоји, - дали Правителјството, као што го кривиме си или пак сами није. И ето навистина, оти вопросот, ставен по ваков еден начин, ке ни се види и нов и лесен за решуенје. Ја мнозина знам, што знајеле и признаале, оти начин за решуенје овој вопрос има еден и пак еден, а не други, но од страв да не би да се согрешат во некоа непогрешност не им држало да осветлјат овој вопрос и за тоа тој од ден на ден се си гније, а заедно со него гнијеме и није, и никој, од страв да не престапи некоја догма, некоје верују, - не си отворил устата да каже правината. Ја признаам, оти од прв поглед начинот за решуенје овој вопрос секому ке му се види чуден и странен, но што туку чоек го расуди од си страни, тој ке се увери, оти овој је најприроднијот и највернијот, само ако тој не се води од предрасудоци и празноверици, ако погледа на околностите, што го опколисујат и ако не сака невозможното да го напраји возможно и да си толче вода во аван. За тоа ја, пред да се пуштиме да расудиме овој вопрос, од каде ке видиме како стоји тој во вистин^ст, секого ке помолја да исврли онија гореречени пороци, да се наоружи тој со сета ладнокрвност, да Всврли какви и да биле симпатији и антипатији, што може тој да има кон личности, за тоа што овде не је работа за личности, а за доброто, за мируенје на еден поголем дел од Македонската населјбина, и тогај сум уверен оти секој ке се согласи со мене, и си ке мислиме како еден чоек, а пак тоа нешто помага не малку за најлесно решуенје оваа олку сплетена работа. Рековме по-горе, оти ако сакаме да најдеме правината, требе да ѕи се прашаме сами себе: кој је крив, што се наогјаме во вакво растурено положенје, што немаме духовно начелство, што немаме училишта или и ако ји имаме, тија не се училишта као што рекол Господ, -дали Н. Блаженство? Да видиме. Политичките околности од десет години навамо толку многу се преиначија во Отоманската Империја, што, за црквенијот вопрос, создадоа вопрос врз вопрос, со друзи зборој речено, уште не кладен во работа онај висок Императорски ферман, еден дел, кој спроти истијот ферман ке чинеше дел од независната Бугарска црква, се отцепи од Отоманската Империја и напраји едно особито Бугарско кнажество, које спроти црквените или грагјански закони, требеше и црквено да се отцепи од новосоединената Бугарсќа црква, да се раздели од новата и да си напраји друга уште понова и независна рд првата. Но наместо Н. Блаженство да постапи по еден таков најприроден начин, напраји прва и најголема погрешка, со сето негово остроумије, види се од големо властолјубије, за да има под својата повелја, колку се може појке епархији, не даде црквена независност на бугарското кнажество, а го зависи направо од неговата духовна власт, и така изникна вопрос врз вопрос, т.е. уште не отсебено бидејќи као који епархији во Македонија можат да бидат под Екзархот, предвидено во ферманот, вопросни, велјам, бидејќи македонските епархији, изникна друг вопрос сам по себе си: да ли Екзархот може да је духовен начелник на едно кнажество васално и во исто време на епархији, што се наогјаат направо под власта на Нег. Имп. Велич. Султана Абдул Хамида II? И така чекајки није да се признаје Екзархот официјално као врховен духове» начелник во нашиве епархији и сетне да ни испрати владици, изникна вопрос, да ли је тој наш законен духовен начелник и да ли није можеме да имаме владици ракоположени од него. Ево веке се чинат појке од десет години, од како овај вопрос се тркалја во ваков круг, и со сите бриги на Негоо Блаженство и постапки до Високата Порта, уште појке се докажује оти тој је далеку од разрешуенјето си кон наша страна и оти уште сто години ако Екзархот сака да јо духовен начелник на една отцепена страна од Отом. Империја и во тоа време таков на епархији, што прааат неоделен дел од таа империја, није ке живејеме со суви надежди и никој пат не ке видиме со очи во таткојнаа владици, ракоположени од Н.Блаженство.и ке се рече, нашиве црквени и училишни работи до кој знаје кога, до второ пришествије, ке бидат се во такво несвидно, или поарно да речеме, кално положенје. Ја некју овде да изброја си усилија, си старанја покажани од страна на Н. Блаженство до Правителјството ни за испракјанје владици во Македонија, зашто сиве није знајеме, као што знајеме и резултатите им. Ке се рече, оти Н. Бл. напрајил се она, што се могло, за да се признаје тој од страна на Правителјството наш духовен архипастир и није негоо духовно стадо, но се било по пустина, зашто Правителјството со даваните нему одгоори на секоа негоа нова постапка, од далеку му даало да разбере, оти тој не може да види оживени негојте надеши и кројежи. И така Н. Блаж. си исполки должноста своја од си страни, и нема право никој да го криви, оти тој не работил или не знајел да се ползује од околностите. Сиве није знајеме, кој појке кој помалку негоата кадрина и дарба и напразно го кривиле и го криват некоји господа. Н. Блаж. во теченје на целијот вопрос ако има некоа кривица, то је само таа, као што рековме погоре, оти тој, знајејки или незнајејки, - тој сам и еден Господ знаје, -напраји прва погрешка, што не даде црквена независност на бугарското кнажество, и не се ограничи на останатите епархији, што се направо под власта на нег. Имп. Величество Султанот. Оваа је една негоа по-грешка и ни една друга, а се друго, што напраил од тогај навамо, го напрајил толку разумно и мерено, од сем последнијот такрир и неколку друзи глупости, за који ке зборујеме подолу на своје место, - што и некој светец ако слезеше од небо не ке постапеше поразумно и не ке напрајеше појке нешто. Ке се рече, оти није илјада години ке си бидеме без владици, што ке се рече, без ред, без сврталиште, без училишта, без општество свесно, наодејки се во ваква врска нашијот духовен архипасти^ со црквата на бугарсконо кнажество. И за тоа дали је крив тој или не, секој нека си кладе раката на срце и нека си праша својата совест. Требе секој да каже ова правина, и толку појке, зашто наравствената одговорност, што тежи над секого, је толку голема, је толку бесцена, што требе није да сме се сториле скотоји, та да ја не разбираме. Цели градоји, цели епархији, што велјам ја, цела невина младеж страда, и ке има право целијот млад појас да не колне за нашава глупост, за нашево не предвидујенје. Не требе није да се церемониме со личности коа је работава за добро на еден цел народ. Крив ли је Екзархот, требе јав-но, откријено и бесцеремонији да му покажеме кривицата, да го помолиме да си ја попраји, а пак ако не ке или не може, да ја попрајиме сами није, зашто ова веке не се трпи! До кога? Доказано веке бидејки дали Н. Блаженство је крив или не, да видиме сега да ли Правителјството ни је криво за ова несрекјно положенје, што се наогјаме није, као што ги кривиме сиве, без да влеземе внатре во работата или - не! Зборујејки ја за Правителјството, не ке се вода од никаков подмитлив дух, зашто, сполај му на Бога, подајниците на Н. И. В. Султан Абдул Хамида II, од очески бриги за благујенје на населјбината на цела Негоа широка држава, без разлика на вера и народност, имаат ,. такво право да искажујат мислите, доста само тија мисли да се во интерес на народите, што живејат во неја, и да се крепат на законен темелј, што чоек слободно може да покаже на една кривица, напрајена од страна на Правителството, као кон една личност, така и кон еден цел народ, и има полна слобода да помоли истото Пра-вителство, за да ја попраји, - и ке се попраји. Ето зашто, велјам ја, оти не ке се вода од никаков подмитлив дух кон Правителјството, зашто тоа такви грагјански права дало секому, што секој чоек може да си искаже својте болјки и да најде лек, стига само тој искрено да му каже кај го боли и стига само тој да сака само од него и пак од него лек без никакви задни мисли, и без сумненје ке го најде. Нам многу чудно и дури не право ни се гледа, вигјајки овде во Македонија Грците да имаат своји владици и закона сила пред месните власти, а није - не. Оваа неправедност, као што ни се чини нам, от страна на Правителството, није незнајеЈКИ кому да ја врлиме, велиме, оти таа се носи кон нив као иста мајка, а кон нас - као макјаа, и за тоа ни је многу мака. Но ај да видиме, да ли оваа работа вистина така стоји, као што мислиме није, или, напротив, нашево Правителјство не само не праји никаква разлика мегју нас и Грците и еднакво гледа на сите, но и дури кон нас се носило и уште се се носи као една многу трпелива мајка. Да се изјасниме. Грците на секаде по Македонија имаат владици, и дури во онија епархији, кај што и нога грчка нема, и тоа: прво, што Негово Преосв. Патриархот је духовен начелник само на онија грчки епархији, који праат не одделен дел од Отом. Империја, без да бара да биде таков, на пр., и во Грција или друзи кралства и епархији, што биле пред малку под неговото начелство, зашто тогај и самото негоо стојенје во Отоманската Империја ке беше проблематично; и друго, пошто Патриархијата објавила Бугарската црква за схизматична и пошто таа схизма на лице уште стоји, за тоа има право таа да држи владици и во онија епархији, кај што нема грчка нога, а уште само неколку „вулгарофони елинес", као што ји вакаат тија. Од овија две прости причини, Грците и неколку „вулгарофони елинес", ползујејки се, си имаат се и сја наред, а не оти Правителјството гледа на нив со подобро око, од тсолку на нас. Сега овде требе да се докаже, да ли Правителјството вистина се носи кон нас као много трпелива мајка, за да не се ограничујеме во прости фрази. За да се докаже и оваа работа, не ке се вдаваме во ипотези и сравненја, као напр., - ако и Патријархијата беше во истото положенје, во које је денеска нашата Екзархија, да ли ке можеше да назначује владици не само во Македонија, а и во Анадол, или ке и беше испукана работата со сите права, дадени угце од време на завојевачите, као што је нашава и на Н. Блаженство, или уште полошо, - оти тија се ипотези, може некој да каже, ако и да се многу близу до вистината, и одвај не сама вистина, - но да се стави така работата за да може секој да се увери од близу во нејзината вистиност, стига само да не прибегнујеме кон софизми. Ја сум уверен, оти нема по мегју нас никој, што да не знаје, оти сегашниве советници на Н. И. Величество и самијот Господар Султан Хамид II се едни од првите дипломати во Европа и дури, кој знаје, дали тија не можаат да му извадат фетва и на така нареченијот железен канцлер Бисмарка. Оти је така таа работа не само није требе да го знајеме, а го знаје и цела Европа. Тоа така бидујејки голема шутраштина би била, ако мислиме, оти со некакви глупи наши итрости можеме да им покажеме црното за бело и наопаку. Тоа нешто не није, не Н. Блаженство, туку и приказаните Сализберовци и друзи не можат да го напраат. Имаме илјадници при-мери од таква сорта. Ами кога оваа работа је така, пак велјам, како мислиме није, не разбираат ли овија ми ти државни мажи оваа најпроста работа, оти Н. Блаженство незаконо седи во Цариград и уште понезаконо сака да повелја од тамо духовно Македонија и во исто време црквата во кнажество Бугарија? Мислиме ли није да не разбираат овија државни мажи оваа уште по-проста работа: како је возможно Н. Блаженство да биде верен подајник на Н. И. В. Султанот и на бугарскијот кназ? како је возможно чоек да работи во едно исто време на двајица господари и на двајицата да биде верен? не раз-бират ли тија, оти, ако некоаш политиката на кнажество Бугарија се најде во противност со онаа на Отоманската империја, во таков случај Екзархот како ке може да повелја Македонската црква, како ке може да има соопштенија црквени, коа државните ке бидат прекинати? Ами како ке може да додржи онаа клетва, што ја има дадено, за да биде верен на државата и да варди нејзи-ните интереси, коа онија владици, што се во Бугарија, који дале пак иста клетва Екзарху и за који тој је одгорен пред Султанот сакале некеле, ке престапат клетвата, а пак тогај ке се рече, оти сам Екзархот престапује клетвата, што ја дал и, според тоа, требе по закон да се накаже? Ами коа олку формалности има, што није простиве лугје ји знајеме и што викаат во интерес на Правителјството, ами уште колку друзи по-големи вопроси има, што не можеме да ји знајеме со нашијов тесен ум, што викаат во интерес на Правителјството и кажујат, оти не само тоа не је криво, туку и многу трпеливо? Није не само не требе да кривиме Правителјството за ова не свидно положенје, што се наогјаме, туку требе многу, многу да му благодариме, што до сега трпило ова незаконо Екзархоо седенје во Цариград. Зашто инако, т.е. ако тоа еден ден беше рекло Екзарху едно од двеве да избере: или да се ограничи во црквата на бугарското кнажество и да остаји Цариград, или пак да не ее меша во онаа црква и да повелја само тија епархији, што се неоделен дел од Отоманската Империја и сакаат да се под негоото духовно начелство, - и ако во таков случај Екзархот ни остајеше само негојите молитви и си појдеше во Бугарија, - не само није ке бевме во вакво лошо положенје и ке немавме владици, туку ке немевме тогај и попоји, ке немавме црква, ке немавме крст, од сем ако падневме повтур да се поклониме на Патриархијата. Но требе да благодариме на тоа Правителјство, што знајејки ова, трпило до сега Екзархот баре колку да ни чини најпотребните црквени нужди, и тоа даало да разбереме нам и Блаженејшему Екзарху, оти не само друго ништо не требе да се надееме од него, туку оти и ова трпенје ке биде за малку време и оти требе да се уполузјеме од него и да решиме: или Екзархот да ни остаји молитвата и није да му бациме рака и да се простиме со него, и после да си бараме чаре, или пак, да се прости со бугарсконо кнажество и да си остане тој чисто Отомански подајник и х^аш архипастир. Зашто која причина је ако не оваа, што во поникнујенјето на бугарскијот вопрос и негоото решујенје кога тој беше најраспален, а кога грчката Патриархија дрво и камен креваше, Правителјството ни да признајело нашево право, со царски ферман да го потврдело ТЃво некоји епархији да дајело да се пуштат владици, и за мало, ако не се родеше бугарскиот политички вопрос, да се назначат и во друзите останати епархији; а пак сега, кога се делени веке крушите мегју нас и Грците, т.е. кога самине Грци признаваат, оти во Дебрската, Охридската, Прилепската (а Битолјската уште им је мачно на кутри Грци да ја прежалјат), Скопската, Велешката, Воден-ската и Приштинската епархији нема Грци, - да не ни давало Правителјството да имаме владици? Сосема глу-пав требе да биде чоек, та да не разбира оваа проста причина. Ке се рече, оти није уште илјадо години ако чекаме, стојејки вака екзархијскиве работи, да имаме владици, напразно ке ни биде, и дур ми је страв да не се принуди некој ден Правителјството, као што рековме по-горе, да не остаји и без ова што го имаме, т.е. да не некој ден Екзархот се прости со ортакјојлијине и од Сиркеџи скелеси отправлјаетсја - та дури во Софија, и није овде во Македонија да си останеме со зинати усти као аплјовци Од реченоо до овде доказано бидејки као бел ден оти нашео Правителјство не се носило никако непра-ведно кон нас и никако не ни је криво, да видиме сега да ли сами није сме си криви или - не. Не помина многу време потем онија политички работи, што се сторија во 1878 год., и ето Н. Блаженство се врати во Цариград и си није веке помисливме, оти не ке помине долго време и царскијот ферман ке се кладе во работа. Но поминаа три-четири години од коа дојде Екзархот во Цариград без да се напраји ни една стапка напред, и мнозина веке се уверија, гледајки сплетеноста на вопросот, оти не ке излезе ништо; а пак сега од три години навамо нема ни еден помегју нас, што да верује, оти се може да се дозволи Екзарху некој паг да пушти владици во Македонија, и секого ако го прашаш: коѓа ке ни пушти Екзархот владици, ти одгоара: на кукловден, тоа се вели - никогаш, кога си, велјам, сме уверени, кој знајејки причините, кој од просто очајанје, гледајки годините да си течат без фајде, оти ова нешто не ке биде: дали сме се подумале некоаш што требе да се праји? -не, никој пат! Туку сме ти скрстиле раце, и сме остајиле работата на Бога, без да гледаме како од ден на ден гаснеме духом, и оти, ако ја тераме вака работава, као што сме ја терале до сега, ке дојдеме до ништо, и тогај ке имаат право светон да велјат, оти по.мегју нас Македонциве нема интелигенција а си сме шоролопчији и готоачи, као што рекол во Солун, пред неколку години еден чоек, да не му кладеме името, оти во нашата солунска општина нема нито еден интелигентен. Ами ако во едно општество, во еден народ нема интелигенција, тогај тоа општество не се вели општество, тој народ не се вели народ, туку збирштина! Денеска, кога светов се печали не да има интелигенција во својот народ, а сијот народ да је таков, није, сиромаси, си одиме као ракот! Не за фаленје ке кажа, оти није Македонциве од натурата не сме дарујани да валиме, и не валиме кон назад, кон мрак, а, напротив, наш отличен белег бил и је: бистрина на умот, лјубов кон науката и кон друзи трговски завзиманја. А пак сега што не зеде матната и сме олку ништи духом! Да речеш оти Господ дојде и ни го крена разумов та не напраји не некадри да мислиме здраво! Да речеш оти некој магесник ни го размати сосема умов! Ами за верујенје ли је Господ да ни напрајил вакво зло, коа сиве знајеме, оти Тој никој пат не праји лошо човеку? За верујенје ли је, оти гјаолот или магесникот ни напрајиле оваа пакост, кога знајеме није оти тија, по волјата на Всемож-нијот Бог не се веке кадри да праат пакост на Негојите созданја? Ами коа је така, која је причината на ова наша наравствена мртвост, на ова голема наша заспаност? Која је причината на ова наша умствена тромост? Коа знајеме, оти секо лошо или арно, сторено на еден чоек или на еден народ, си има своји причини, тогај нека ја побараме оваа пакосна причина, нека ја најдеме и нека ја искорениме. Мене ми се чини, оти причина на оваа наша умствена парализија је - ама ке кажа голем збор, и, молјам, никој да се не тревожи и да не ме криви, пред да ме ислуша, - је, велјам, Екзархијата и екзархијските милости. Таа Екзархија и тија нејзини милости не напраија готоачи. Тија учители, што ни ји пушта даром, и тија училишта, што ји крепи таа, напраија оваа умствена дем-белјаана во нашаа таткојна. Молјам, која општина сега, који грагјани имаат брига за училишта, од сем Екзархи-јата? Која општина, кој грагјанин не имаат остајено својата надеш за училиштата на Екзархијата, и, ако таја не се печали да им пушти некој учителј, тија ке имаат такво училиште, што одвај може да носи тоа име? Која општи-на, кој грагјанин сега не велјат: да је жива Екзархијана, ке ни пушти учители, и така ке се спружат со токму нозе, без да му се мислјат по тамо? А, ми се чини, инако ке беше, ако се печалеше секоја општина за својте училишта и секој грагјанин дааше својата аспра за платката на учителјот. Тогај ке видевме није како ке се опечалеше општината да погоди најдобри учители и грагјанинот ке гледаше училиштето као своје око, зашто се отворило со негоијот пот. А сега што се чини? - се чини ова, оти општина, грагјани, учители се кој на клинецот, кој на плочата, поради неманје помегју си никаква обврзаност и никакви морални и материјални врзалки. Не се гледа ли од овде општествена парализија? Ама ке рече некој, оти, ако не беја овија Екзархијски милости, није ке немавме училишта. Не, тоа не је верно. Није толку добро можевме и можеме да имаме потребните си училишта во таткојнаа наша, што да немавме потреба, као што се докажује подолу, од никакви помоки давани по таков начин, што расипујат наравственоста на општеството и го праат ни вода, ни киселина! Ами што да се рече пак за онија пансиони во Солун, во Скопје, во Битолја? Ами тија на пансиони ли, или на сиропиталишта прилегаат? Влегол ми ти, брате мој, оној сиромав ученик во тој пан-сион со илјада молби, со илјада понижујенја и, дур да сврши гимназија, уште какви не ке претрпи, и, преку седумте години, какви и друзи деспотизми-јаничарлуци, што се викаат дисциплина од страна ка управителите не ке се упражнат над негоата кревка душа, така што, свршујејки училиште, ке излезе тој во општеството толку ништи духом и со толку смачкана и плашлива душа, што ти се чини, оти излегол од некој затвор. Ох, невина мла-деж, немој да се лјутите: вије не сте виновни! Сега, прашам, ако овија училишта, овија пансиони се крепеја од сами нас, од самијот народ, вакви ли ке беја? - Одгоарам: јама јок! За тоа што, као крепени од саму нас, не ке остајевме толку прави душички на директорски самоволја, на учителјски самолјубја и дрвонадзирателјски глупости. Ето зашто није немаме интелигенција, ако признајеме, оти само училиштата даваат на општеството интелигенција, а пак није имаме такви само да расипујат народот, да го праат не кадар за ништо и никакво и да отруваат младата наша интелигенција до мозокот на коските. Инако, ако није Македонциве не бевме во едно парализано состојанје, во које сме доведени, као што веке секој знае, од Екзархијата, - не ке трпевме ова положенје на работиве; не ке трпевме да вели Н. Блаженство Екзархон во тахрирот што го подаде лани до Правителјството: „Немајки владици населјбината сосема ке се очаје и ке се даде да се поведе од агенти за креванје глави, ке си расипи нараствената си натура и својата законопокорност, и така ке се стори несвесно орудије на опасни елементи и за државаа и за народов, и затоа се ослобогјује тој уште од сега од секаква одгоорност пред истори-јата". Немаме да трпиме велјам, и не требе да трпиме, туку си као еден чоек да станиме и да протестираме про-тив овија изрази на Н. Блаженство, поради који нашево Правителјство имало полно право да стави Македонија во војно положенје и није да стенкаме под такво едно положенје, као што у сите држави, народите стенкаат, коа се наогјат под строгоста на војнијот суд. Според мене ништо друго не останва, од сем да помолиме Н. Блаженство да ни каже, да ли тој со негоово седенје во Цариград се надеје уште за сполука и да ли со негоово седенје не вгрлја сам цел народ во несрекја и неволја и да ли тој не је причина за ова очигледно непријателјско и недоверлјиво узајамно носенје како мегју нас и нашео Правителјство, исто така мегју нас и нашите сограгјани мусулмани. Н. Блаженство мошне добро знаје, зашто није кажујеме, оти тој је причина за сиве наши несреки и неволји, и ако работата беше само од него, не би требало разјасненја, но пошто има и добродушни лјуди, који многу многу не вникнујат во истиноста на работата, није принугјени сме да кажеме неколку речи, зашто кривиме Екзархот. Никој измегју нас нема што не знаје Св. Стефанскијот договор као и негоото недонесено дете, што се вика Св. Стефанска Бугарија, чији дел прајеше и нашава таткојна. За наша несрекја или срекја, оваа Св. Стефанска Бугарија, според берлинскијот договор, се ограничи до познајените нам граници, и нашаа таткојна остана повтур направо под власта на Нег. Вел. Султанот. Од она време до сега се изминаа ето 12 години, и мегју тоа се преиначија толку многу и политичките погледи на самите создавачи на истата онаа Св. Стефанска Бугарија, што денеска одвај се допушта да мислиме и верујеме, оти некој пат ќе биде оваа Св. Стефанска Бугарија. Во тоа нешто можат да верујат само лјуге тврдоглави и који неможаат од носот по на тамо да видаат. Сега да си дојдеме на речта. После утишујенјето на Турската ИмпериЈа, ето ти стигна во Цариград,мислјам во 1879 год., Н. Блаженство и застана као духовен начелник на цела онаа Св. Стефанска Бугарија. Во она време, кога населјбината беше уште одушевена од новите работи, сме гледале на Екзархот, на видум, као на духовен начелник облечен во расо и камилавка, а во истиност, под оваа маска вигјали сме политичен фрак и цилиндар, и така сме се надејали, оти за брзо време преко овој полигичен стежер, утврден во самата престолница, ке се исполнит идејата за соеди-ненјето. Е, прашам, ели се исполнија овија надеши и ели има уште надеш да се исполнат. Не, никако не, и тоа, пошто као што рековме по-горе, и самите создавачи на онаа Св. Стефанска Бугарија променија си во ова време, поради разни сегашни политички причини, својите погледи, а пак није, без да гледаме по на далеку, се сме се крепиле за онај веке изгнијан стежер, као слепа мајка за кјоравога сина. Сега овде требе да видиме и кажеме вајдето и штетата од ова наше држенје: Нашето правителјство уште у покажујенјето на Н. Блаженство во Цариград, така прозирно предвиде нбго-ото значенје, што предузе си предпазни мери и со отво-рени очи гледало на сека една Екзархоа постапка и наша, и на си наши молби тоа ни одгоорвело недоверливо и со вртенје глава, које значило и значи: немојте да учите вије деда'да мака кајгана, т.е.: ве знам што арстлоци сте и оти ми копате гробот. Со тоа исто ако гледале на нас и нашите сограгјани мусулмани и така није сме биле при-нугјени да живиме осамотен живот, далеку од правителјско доверије, које највеке убива народот. Напарени бидејки од некој глупи постапки относно црквенијот вопрос до правителјството, није сме се запреле да побараме и некоји правдини, што ни дало нашето правителјство, и поради тоа нешто толку сме се мачили и мачили! Тешко на оној народ, кој је изгубил правителјското доверенје -тој иди у пропаст. И се ова се чини од тоа, што није со Екзархот заедно сме држале сумниво положенје - спроти правителјството, као што се секој веке уверил. Но Н. Блаженство не само не можел или некел, које је и по вер-но, да разбере, оти со ова наше држанје спроти правител-ството није од ден на ден се појке губиме и не ке изле-зиме на добар крај, та да клад. веке крај на оваа колку смешна и чудна толку и опасна за нас комендија, што је игра во Цариград, туку, од коа не сполучи со сите срества и хитрости, што употреби, сврти је инако политиката за да дојде до својите кројежи и намери, на која политика не само уште појке го растресе нашето положенје спроти правителјството, туку и нас саваршено од морална и религиозна страна ке не убије. Пред неколку дни од истински извор се научивме, оти по дадени инструкцији од Екзархоа страна г-ну Начеву, директору у Солунската бугарска гимназија, стапил реченијот г-ин Начев, заедно со учителјскијот персонал, во погодби со унијатскијот епископ во Кукуш г-на Владена Младенова. За богдушните лјуге, што не се запознајени со такви јунаштини Екзархои, ова нешто ке им дојде као измишлејнца, скројено нарочито и за не верујенје, а, напротив, ним, који знајеме Блаженствота од по-близу и који не се сомнујеме во верноста на изворот, и толку појке што овија Екзархо-Начевски постапки биле расугјујени и осугјујени од страна на здрамислјачи грагјани и ученици во Солун, - нам, велиме, који познајемо од по-близу Блаженството, никако не ни је чудна оваа негоа срамна постапка. Тој си служил и ке да си служи со такви мизерни срества, за да може да се закрепи на својето растресено местогГој не само со унијата може да се погоди, но се погодил уште со време со протестанското друштво во Цариград, и за тоа вигјаме, оти нивнијот орган, кој се вика „Зорница" со језуитските своји „писма до нашето православно духовенство", написани од протестанскијот поп и уредник на истијот весник Томсона, се напрајил во исто време и Екзархов орган, по чиј пример, се пишаат и од Македонија од страна на Екзархојите мекјарина разни глупости и се штампаат у истијот весник, поради који, Екзархоји или учителјски дописки, реченијот весник се распространил по нашиве места до таква ужасна мера. Није пред да кажиме нешто за последноо екзархоо решенје относно унијата, некеме да пропуштиме случајот, без да кажиме неколку речи за милава Екзархоа „Зорница". Секој од нашите добро-душни лјудици, коа вигјат да се пишујат во овој весник много за него интересни работи, било за Екзархијската канцеларија, било од некоји друзи учители, од се срце давал је својите 30 гроша. А знајете ли со тија 30 гроша што је внесујел тој во куки? - зараза и псуванја против онија наши Св. Оци, против онија Христосои ученици и религиозни јунаци. Није познааме лјуге, што одвај се преранвеле, а не жалиле онија златни парици да ји даат за весник „Зорница". Пуста слепотија, од која се ползували Екзарховци и негова чиста и не чиста кумпанја! Но бидете веке уверени, Ваше Блаженство, оти дојде веке време, и не ке да ве остајме да хитрујете и играте со нашата таткојна! Пред да свратиме погледот на нашите сограгјани и на нашето правителјство на таа ваша јунаштина у интерес на унијата, должност ни је со две речи да кажиме на нашите бракја Македонци што и како нешто је в. „Зорница". Бракја, реченијот в. „Зорница" не је ништо друго, од сем религиозен разврат, упатен против нашата православна вера и св. Преданија. Није ве советујемо не само да не си даате вашите златни парици за таква една губидуша, туку и кој од вас има прошли бројои од тој весник да ји искине и право во огон да ји врли, ако не на друго место. Верујеме да се послушаме у интерес на нашата православна вера. А сега да изјасниме и последнаа пеливанштина Екзархоа со Унијата. Нашео Блаженство, уверен бидејќи, оти сам по себе т.е. колку самите негоји сили му проштаале, не може ништо да напраји, - макар и да се содружи со Протестансконо друштво во Цариград и друзи као него - лаф бурада калсан, - сега се содружује и со унијатските вла-дици, да не, покрај нив, као семошни, имајки Папското крило и крилото на една од, така наречените, велики сили, напне и нешто за него, без да му је брига, да ли, со ова негоо предателјство, не убива нашите, од старо време, религиозни осекјанја и спомени. Сега тој дошол во такво положенје, што за него нема ништо свето, као што немало и никоаш. Тој сега сака да се напраји една таква каша во нашаа таткојна од страна на католици протес-танти и унијати, што, давајки есап на својте патрони, који му даваат 500 и неколку илјади ле.вчинја годишно, боже за учебното дело во Македонија, за које ке се трошаат појке од 250 илјади, а што останујат ји голта тој, голта нашијон премил Офејков и негојите другари Бегаjков, Седајков, Стојајков, и знајеме ли није како се вика онаа цела тебабија екзархоа, - да може да им покаже и нешто на дело, т.е. збунујенје на нашава таткојна, сполај на негојите итрости. Но ке му заседне в грло. Не кеме веке да му простиме никакви авантурији на есап на нашиве кожи и светинје за каква и да је голема цена. Није сме заколнети во најмило и најдраго, решени бидејки да претрпиме најголемите и најнеправедните лјутости од чија да било страна, само и само да осветлјујеме,нашите сограгјани и правителјство за си лоши намери и мисли Екзархоји, и да покажујеме на нив со прст. Например, ево сега од два-три месеци навамо во Вардар-Јениџе околу 200 фамилији се отцепија од нашата Православна Црква и прегрнаа Унијата, фала на здружената агитација и распитујенјето на савестите од страна на Н. Блажен-ство и унијатскиот епископ Младенова. Истите мерки се земени и за овија градој: Сер, Костур, Лерин, и за друзи места, кај што, од турскиот јаничарлук санким, немогол да продере бугарштината. Но зар заборајло Нашео Блаженство - пошто речта не ни је за негојот другар, унијатскион епископ, што сосема је презрен од нас и го презираме заедно со негојте закрилници - оти славјанштината во нашаа таткојна претрпила и видела многу тешки времинја и пак си зачувала славјанството и во исто време православијето, а колку појке сега, коа тоа народно славјанско осекјанје је развијено у секого до таква мера, и коа правителјството ни, фала Богу, не запира никому да исповедује својата народност? Слушате Ваше Блаженство? Извагјајки овија жални известија, прво заколнујеме Нашиот Господар Н. И. В. Султан Абдул Хамид II во најмилото и најдрагото му, во интерес на Негоата држава, да благоволи да издаде Својата висока заповед во Солунскион и Битолјскион вилајети за да се предземат претпазливи мерки против такви интриги; и второ заколнујеме својте сограгјани во името на славната таткојна сами тија да си бидаат нејзини ангели пазачи, и да се вардат од такви агитатори као од крастаји кози. Није не можеме да свршиме оваа статија без да изречеме онаа евангелска вистина на нашијот Спасителј: За ослобогенјето од који и за разрешујенје вопросот мислиме да је најзгоден ево кој начин: Није, као ваши сограгјани, као синој од една иста таткојна, имаме право да кажеме својето мисленје и, ако се најде тоа за добро, нека се пријеме, а пак, ако не, секој је должен да си каже својето, за, расудујки овај вопрос, да пријемеме најдоброто решенје, да се заватиме за работа, и да се курталисаме од ова положенје. Според моје скромно мисленје, овај вопрос може да се реши вака: да се споразумејеме со Патријархијата за да не одиме потамо и да бараме Охридската архиепископија, овака: прво, од Дебрската, Охридската, Прилепската, Велешката, Скопската, Воденската и Приштинската епархији да си кренат својте грчки владици, од коа ке си остаји во речените градој по еден свештеник за да извршује свештенските потреби на вулгарофони или влахофони грци и да им биде као председателј на школјските надзорништва, и друго, населјбината на во гореречените епархији да има узаконено право сама таа да си избира кандидати за митрополити измегју својите сограгјани и еднородци, а Патриархот само да ји ракоположује и да је нивни врховен духовен начелник без да има власт да ји променује или сосема да ји отврлја без саканје на народот; и трекјо, во смесените градој и паланки нјод онија епархији, во који има појке вулгарофони и влахофони Елини, на нашите општини да им се даде право да си имаат еден свештеник или архимандрит за извршујенје црквените обреди на мајчинијот ни јазик, која ке признаа така исто месните митрополити као духовни начелници. Овај је начинот, по кого, според мене, није мОжеме: прво, да имаме за брзо време наши народни владици и Јуредени училишта, без да имаме потреба од хуги милости, зашто тешко и горко на оној народ, што чека својата душевна храна од туги раце и ја поверил на такви; и друго, со решујенјето на овој олку трнлив црквен вопрос, није ке добијеме доверије на правителството, ке кладеме Икрај на интригите надворешни и внатрешни и така ке живејеме премирно под таткоото крило на Негоо Императорско Величество нашијот Господар Султан Абдул Хамид II.
|
“ |