Темко Попов бил македонски национален деец, македонист, член на Тајниот македонски комитет и публицист кој смета дека „најглавната работа е Македонија да се помакедончи“. Заедно со уште тројца членови на ТМК (Н. Евро, К. Групче и В. Карајовов) учествува во тајните преговори со српската влада за соработка по македонското прашање што се водат во Белград кон крајот на август 1886 година.