Прејди на содржината

Списание „Вардар“/ Предговор

Од Wikisource
нема Списание „Вардар“ на стар македонски правопис

од Крсте Петков Мисирков
Отъ редакціи
Обіавено во списанието „Вардар“ на 1 септември 1905 во Одеса.
Од наредилницана.

Нашиіот месечник іет нешчо ново, шчо ќе привлечит внимаін’ето на свите, шчо се интересуваіет со маќедонцкото прашаін’е. Однапред можит да се речит, оти «Вардар» ќе бидит постретен от свите, шчо се интереуваіет со маќедонцкото прашаін’е, осем западно-іевропеіците, као нешчо шчо можит да принесит голема шчета на интересите на свите заинтересувани во маќедонцкото прашаін’е балкансќи народи. Од «Вардар» ќе бидат недовол’ни: турците, грците, бугарите, србите и самите маќедонци. Турчите ќе се боіат да не предзнаменуват тоі некакво ново течеін’е стред маќедонците, коіо би могло да предизвикат нови брканици во Маќедониіа. Грците іедваі ли ќе се порадуваіет на какво и да іет движеін’е стред маќедонците, коіо би могло да покажит способност на борба за самосочувуваін’е на словенцкиіот іелемент во некога сласичната Маќедониіа. Бугарите и србите не милуваіет поіавуваін’ето на «Вардар» со неговата нова нациіонална програма као нешчо, шчо можит да нанесит смртен удар на нивните нациіонални стремеін’а во Маќедониіа. Наіпосле по големиіот, ако не речиме на големиіот, дел на маќедонцката интелегенциіа ќе іет против «Вардар» со неговата програма, зашчо свите маќедонци, противници на маќедонцкиіот нациіонален сепаратизм, сет убедени, оти со пари во Маќедониіа човек можит да создадит од нашите маќедонци не само бугарцка, србцка, грцка или маќедонцка, ами и циганцка народност и циганцки интереси, а без пари не се павит нишчи: противниците на нациіоналниіот сепаратизм мисл’ат, оти нациіоналните сепаратисти, као л’уѓе, шчо не располагает нисто со пари, ниту со соосеќаваін’ето и поддржуваін’ето нито на іедна од балканцките или големите іевропеіцки држави, ќе создадат во Маќедониіа само іедна нова словенцка партиіа, коіа само ќе уголемит и без тоа големата раздробеност на словенството во Maќедониіа. Немат зашчо да се зборат, оти и простиіот народ ќе бидит против «Вардаров» и неговите сотрудници, нациіоналните сепаратисти: идеіата, шчо іе имаіет сепаратистите, іет много одвлечена и тешко се разбират от простиіот народ, на коі му имаіет надоідено свекакви проповеди и новововедуваін’а. Наіпосле противниците на «Вардар» и маќедонцките наиіонални сепаратисти сет и руските словенофили и мнозина словенознаіци: тиіе велет, оти и без нова маќедонцка словенцка народност имало много словенцки народности: свекоі разумен човек, велет тиіе, би требало да се стремит кон соіединуваін’ето нови словенцки народности, за коіи до сега нито историіата, нито филологиіата не сет зборувале нишчо. Іа колко неприіатели имат «Вардар» ушче од заваіќаін’ето на неговото излегуваін’е на бело видело.

Неговиот задаток, значит, ке бидит: 1, тоі да урдит известни односи меѓу него, неговата програма, неговите последувачи – маќедонцките нациіонални сепаратисти – од іедна страна, и неговите противници – своите балканцки народности, заинтересувани во маќедонцкото прашаін’е – од друга; 2, тоі ке требит со научни доводи да се борит со своите словенофили и словенознаіци, коіи, опираіќи се на историіата и филологиіата, одречит сąшчествуваін’ето на оддел’на словенцка – маќедонцка – народност; со друзи зборови, на «Вардар» му се паѓат, тоі да прегледат свите научни, историіцко-лингвистички прашаін’а за народноста на маќедонците и да ѝ подложит на строга научна критика опираіќи се на нови лингвистички материіали и теориіа. Наі после трето и наіглавно «Вардар» не само требит да сладит научна основа на маќедонцкиіот нациіонален сепаратизм, но тоі требит да покажит нагледно да іет и іазикот самобитен, да тоі не іет ни српцќи, ни бугарцќи и да іет способен за литературно развиваін’е. Редом со достигаін’ето на тоізадаток, «Вардар» ќе дадит на своіите читатели цел ред интересни за свекоі маќедонец научни и белетристични материіали и со тоа ќе кладит основа на маќедонцката самостоіна наука и литература.

«Вардар» ќе се помąчит со нови научни материіали да представуват интерес не само на маќедонците или заинтересуваните от политично гледиште со маќедонцкото прашаін’е туѓинци, ами исто така и за тиіе от последните, за коіи нашата татковина представуват чисто научен интерес. Со статиіите на руски іазик «Вардар» ќе се помąчит да запознаіит по широките руски крąгови со Маќедониіа и маќедонцкото прашаін’е.

Ево ѝ задатоците, шчо си ѝ имат кладено «Вардар»; тиіе сет од двоіен характер: политичен и научно-литературен.

Задатоците на «Вардар» сет до толку големи, мąчнотиіите, со коіи имат тоі да се стретит , сет от толку сериіозен характер; приіателите , на коіи тоі имат да броіит, сет до толку малу, шчо ушче од заватово се чинит, оти гласо на «Вардар» ќе бидит глас на викач во пустиін’а.

Постред таіа глąбока жалост, шчо задавуват грąдите, кога помисл’уваме за мąчнотиіите, со коіи имат да се стретит «Вардар», само іедно нас нѐ утешават, а то іет – Господ Бог и правината негова, шчо іет на наша страна: со неіа и Тоі іет кąі нас и со нас, а со Господ напред «Вардар» ќе излезит победител’ от свите мąчнотиіи, какви и да сет тиіе.

Поврзано