Низ оганот на бунтот што се здаде,
Низ борба нерамна сè ќе сломиме -
За на слободата пат да и се даде
И љубов братска да задомиме!
O, чудно чувство! Слобода мила!
Божице светла! Маѓосно сонце!
Ах, зошто немам огнена сила
Да ти го опишам сјајното лице?!
За тебе слободо долго се чека,
В крвје се тоне, в крвје се плови,
Низ борби преку векутума-века
Правдата бунтот ќе ја благослови!
Но, молкни срце! Добродетелта
На робот конечно збор ќе му даде.
Успешно врви си ти кон целта:
Се нека цркне, Свету без надеж!