Прејди на содржината

Слобода или смрт (1898)/ Кон срцето игралито

Од Wikisource
Кон срцето игралито

од Атанас Раздолов


Немој да страдаш, срце игралито,
Во бујни гради не ми се траќај!
Слободата, ко сонце, наврапито,
Со добро за лошините ќе враќа.

Народот, ене, веќе го гледа
Злото, како си догорува -
Средства тој бара, средства се редат,
Борбата него не го изморува.

Не трпи робот веќе врз вратот
В тирански јарем да е прегнат;
На борбата го одбра патот -
Нејќе во покорност да е стегнат.

Бес ќе ги стресе тираните,
Борбата ќе им смрачи лика,
Ќе крене робјето востание
И на слободата ќе и клика!

Немој да страдаш, срце игралито,
Часот е крвав и славен, слушај!
До што е живо ќе стане, ќе навали
- Крвникот Турчин ќе пушти душа!