В крвје се капе зад Рила робот,
Дури од лулка па до кај гробот;
Ужасни маки, тешки неволици
Кутриот трпи, Богу се моли!
Но, нема Господ - да слушне барем -
Робинки црни чемреат в харем;
Мајките клети - се в црна руба,
Момците моми млади си губат.
До што е будно и свесно што е
Во пранги тешки окован е;
Турчинот крвник диво се ѕвери
Сила со камшик и сабја мери;
До што е старо, неврсно, мало,
Злосторство в гроб го напикало.
Горчливи солзи, недоброј жртви!...
Султанот ниже мртви зад мртви.
Но, запри солзо, насмевко, никни!
И таму сонце јасно ќе бликне.
Секоја нафатка што се крева,
Длабока вера в град ни влева,
Кон ДЕН НА ПРЕСМЕТКА одиме ние,
Борбата расне, ботее, врие,
Народ со крв сè душману плаќа,
Слободата, право, вековна мака!
Султанот нека да сее смрт, и
Камшикот бесно нека го врти...
Започна бунтот - се одзва робот;
Или во слобода или кон гробот!