Другари простете оти сум полн со јад,
Тргнавте вие по тежок, опасен пат,
Но, свет и славен! Ех, збогум, другари, ја знам
Јас в немоќта своја - полуслеп чекорам.
Јас љубов имам, чувства имам... надеж...
Туку виделото ме стори со вас да не сум рамен.
Тоа, проклетото, мене не ми даде
Да бидам со вас, во бој, под едно знаме!
Но кога куршумите ќе подземат лет
И горите ја зафатат песната - ајдушката -
Спомнете си за мене, ваш другар полуслеп,
Оставен сам да тагува во душата.
Јас бездруго ќе втасам в тој крвав себичас,
Со сознајби оти се готвев сам
Со бомба в рака гроб таму да си најдам јас,
Бидејќи в жал и јад ќе потонам!
Та, мене ми се познати настаните,
Се ми е знајно - и доброто и злото!
И кога денес беснеат тираните
Ме кине мене јад во срцето од дното.
Но, запирам... Бидете жестоки и строги,
Немајте милост кон некој кожодер!
И знајте: власта е власт и таа не е од бога,
И затоа - сотрете го турскиот тиранин-ѕвер.