Рајко Жинзифов/ Стихотворение
Изглед
„Стихотворение“ од Рајко Жинзифов |
Питала е Бâлгарија
Сињо небо, сињо море,
Питала е бујни ветри,
Планини ѝ и долини:
„Ја кажете, сињо небо,
Сињо небо, сињо море,
Кој ме кладе во вериги,
Во вериги, в тешки мâки?“
Глас си дават сињо море:
„Бог те кладе во вериги,
Во вериги, в тешки мâки,
Че власт сега е од бога,
Света книга така велит“.
Викнаха тук бујни ветри,
Планини, па и долини:
„Тебе кладоха во вериги
Грчка завист, грчка злоба
И домашна ти неслога.“
Светска книга така велит,
Светска книга старославна.
Поврзано
Наводи
- Одбрани твроби, Рајко Жинзифов, стр. 95, Мисла, Македонска книга, Култура, Наша Книга, Скопје, 1986.