Рајко Жинзифов/ После смртта на Н. Огњанов

Од Wikisource
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
„После смртта на Н. Огњанов“

од Рајко Жинзифов



О Бâлгарио света, пресвета,
Баштино мила, баштино драга!
Ште ли се сврши сâдба ти клета?
Сили ти немаш, бог да помага!

Дал’сили немаш, време л’ помина?
Синове твои, млади момчета,
Страдни по тебе в тешка чуждина
Косит при цвет им сâдбина клета

Души прехрани без време гинат,
В млади, зелени, рани години.
Искат ти добро, што да ти чинат?
Смрт биет, грабит, души невини.

Пред час си смртен, издих последен,
Веч кога срце беше изгнило,
Каза Огњанов страден и жеден,
„О, Бâлгарио! Име ти мило!“

Вечна ти памја клетиј Огњанов,
Та тежок беше и твојот крст!
С теб’ се споменва брат ти Катранов,
Вечна ви памјат, лека ви прст!

Видете исто така

Наводи

  • Одбрани твроби, Рајко Жинзифов, стр. 84, Мисла, Македонска книга, Култура, Наша Книга, Скопје, 1986.