Рајко Жинзифов/ Брату си

Од Wikisource
„Брату си“

од Рајко Жинзифов



Не дај, боже, да залудеит
Држејќи в рâце торба, стап,
Не дај душевно да немеит,
Да бидит он другему раб.

Не дај по кâшти он да простит,
Од едниго риза, сол, хлеб,
И дрехи другего да носит.-
Похарно грбав или слеп.

Не дај при трпеза богата
Да бидит низок трошкоед,
Или стоејќи в агâл зад врата
Да чекат за молба свој си ред.

Не дај да бидит он играчка,
Не дај да бидит другим смех,
Не дај да бидит на злото рачка,
Душа му нек не знаит грех.

Не дај с очи влажни, сâлзливи
Да стоит пред праг на горд-зол,
Да слушат думи љути, диви:
„Пâдере го, он ништ и гол“.

Видете исто така

Наводи

  • Одбрани твроби, Рајко Жинзифов, стр. 64, Мисла, Македонска книга, Култура, Наша Книга, Скопје, 1986.