Рајко Жинзифов/ Близ реката Вардар

Од Wikisource
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
„Близ реката Вардар“

од Рајко Жинзифов



Близ реката Вардар има планина,
При неја полјана, широка она,
А в таја полјана кичеста трава,
Да продумат готова с живи слова.

Тамо, о мила, во шума, во гора,
При ветер прохладен, во глабока зора,
Радостно славеј сја разбудват от сон
И слатко и мило песни пеит он.

И тамо на утро ветер веит чист
И кротко нишат на дрвета лист,
Там радостбо пасит елен виторог,
Там радостно играт кошут брзоног.

Там распуснал си гранки јавор висок,
Он пâлноцветен, гâстолист и широк,
И тој јавор зготвил нам шатор сенлив.
Под него ја седам нажален, сâлзлив.

Тамо, ти мила, дојди при тој си рај,
При мене седни и целувка ми дај,
С поглед умилен на мене погледни,
Горки ми сâлзи и тâга изгони.

Видете исто така

Наводи

  • Одбрани твроби, Рајко Жинзифов, стр. 67, Мисла, Македонска книга, Култура, Наша Книга, Скопје, 1986.