Прејди на содржината

Проект на Александар Комуловиќ за протерување на Османлиите од Балканот

Од Wikisource
Проект на Александар Комуловиќ за протерување на Османлиите од Балканот

од Александар Комуловиќ
1593 година.


Прво. Бројот на христијаните, способни во случај на војување против Турците. Во Албанија, односно Епир, сè до Драч, речиси сите се христијани од латинскиот обред. Меѓу нив има 40.000 луѓе способни за војување. Во останатиот дел на Епир и во Македонија, речиси сите се христијани од грчки обред и има повеќе од 100.000 луѓе способни за војување. Во војводството Св. Саба, наречени Херцеговина и во пределите на Славонија и Хрватска, земји на Далмација, има добар дел латински христијани, но повеќето се грчки. Сепак, сите тие се од словенска националност и од нив 100.000 се способни за војување. Во Србија, односно Долна Мезија, има христијани од латински и грчки обред - сите од словенска националност. Од овие има 100.000 луѓе способни за војување. Во кралството Босна, односно во Горна Мезија и во провинциите Пожега и Темишвар, како и на бреговите на Дунав сè до Белград, има голем број христијани. Едниот дел е од латински обред, а другиот грчки, но сите од словенска националност. Од овие луѓе има повеќе од 200.000 способни за војување.