Прејди на содржината

Прва книга летописи/ 12 глава

Од Wikisource

11 глава Прва книга летописи
12 глава
од н.п.
13 глава
Текстот е базиран на македонскиот превод на Библијата од 1999 година.

   1 Еве ги оние што дојдоа кај Давида во Сиклаг, додека уште се криеше од Саула синот Кисов, и кои беа меѓу јунаците помагачи во бојот;
  2 умееја да ракуваат со лакот и со десницата и со левицата, и знаеја да се служат со камења и со стрели. Од Сауловите браќа, Венијаминовците:
  3 началникот Ахиезер и Јоас, синови на Гаваецот Семај, па Езил и Фелет, синови Азмаветови, и Верах и Јуј Анатотец;
  4 Гаваонец Исмај, јунак меѓу триесетмината и над триесетмината, Еремиј, Јазаил, Јоанан и Јозавад Гедиротец;
  5 Елузај, Еримот, Валиј, Семариј и Сефатиј Аруфец;
  6 Елкана, Есиј, Азареил, Јоезер и Јасовеам, Кореовци;
  7 Јоил и Зевадиј, синови на Јероам Гедорец.
  8 Некои Гадовци преминаа кон Давида во тврдината во пустината, храбри јунаци, воини, вешти на бој, вооружени со штит и со копје; лицата им беа како лавски, а беа брзи како срни по горите:
  9 началникот Есер, втор Овадиј, трет Елијав;
10 четврти Мисман, петти Еремиј,
11 шести Атај, седми Елил;
12 осми Јоанан, деветти Елзавал,
13 десетти Еремиј, единаесетти Мохванај.
14 Тоа беа воени старешини од Гадовите синови, најмалиот над стотина, а најголемиот над илјада.
15 Тоа се оние кои во првиот месец преминаа преку Јордан, кога се разлеа преку сите свои брегови, и кои ги растераа сите жители од длабоките долини на исток и на запад.
16 Дојдоа и од Венијаминовите и од Јудините синови кај Давида во тврдината.
17 Давид излезе пред нив и, откако проговори, им рече: „Ако доаѓате со мир кај мене за да ми помогнете, моето срце ќе се соедини со вашето; ако дојдовте за да ме предадете на моите непријатели, Бог на нашите татковци нека види и нека суди, зашто нема неправда врз моите раце!”
18 Тогаш духот го опфати Амасај, началникот над триесетмината, и тој рече: „Тебе, Давиде! Со тебе, Јесеев сине, мир! Мир со тебе, мир со оној кој ти помага, зашто твој помошник е твојот Бог!” Така Давид ги прими и ги постави меѓу војводите над четите.
19 Некои од Манасиевите синови преминаа кај Давида кога одеше со Филистејците во бој против Саула, но не им помогна, зашто филистејските кнезови, откако размислија добро, го отпуштија, велејќи: „Би можел да премине кај својот господар Саул, а тоа ќе нè чини главите.”
20 И така кога се враќаше во Сиклаг, преминаа кај него од Манасиевото племе: Адна, Јозавад, Едијаил, Михаил, Јозавад, Елиуј и Салтај, главатари илјадници во Манасиевото племе.
21 Тие му помагаа на Давида против разбојничките чети, зашто сите беа храбри јунаци, та станаа заповедници во неговата војска.
22 Навистина одден наден доаѓаа кај Давида за да му помагаат, сè додека неговата војска не стана огромна како Божја војска.
23 Еве го бројот на луѓето вооружени за војна, кои дојдоа кај Давида во Хеврон за да го пренесат на него Сауловото царство, според Господовата повелба:
24 Јудини синови, кои носеа штит и копје, шест илјади и осум стотини вооружени за војна.
25 Од Симеоновите синови, храбри јунаци за војна, седум илјади и сто.
26 Од Левиевите синови четири илјади и шест стотини.
27 Така и Јодај, главатар на Ароновите потомци, и со него три илјади и седум стотини;
28 и младиот Садок, храбар јунак, и од неговиот род дваесет и два кнеза.
29 А од Венијаминовите синови, од Сауловите браќа, три илјади, зашто дотогаш најголемиот дел уште му остана верен на Сауловиот дом.
30 Ефремови синови дваесет илјади и осум стотини, сè храбри јунаци, луѓе на глас во своите семејства.
31 Од половината Манасиево племе осумнаесет илјади спомнати по име, за да дојдат да го зацарат Давида.
32 Од Исахаровите синови, кои умееја да го разберат своето време и да сознаат што треба да направи Израел; двеста нивни главатари. Сите нивни браќа им беа подложени.
33 Од Завулоновите синови, способни за војна и вооружени за бој со секакво бојно оружје, педесет илјади, кои со смело срце се подредија во бојни редови.
34 Од Нефталимовото племе илјада кнезови и со нив триесет и седум илјади луѓе со штитови и со копја;
35 од Дановото племе дваесет и осум илјади и шест стотини вооружени за бој,
36 а од Асировото племе четириесет илјади способни за војска и за бој опремени.
37 Од оние отаде Јордан, од Рувимовото, од Гадовото и од половината Манасиево племе, сто и дваесет илјади луѓе со секакво воено оружје.
38 Сите тие војници, подредени во бојни редови, дојдоа со чесно срце во Хеврон за да го зацарат Давида над сиот Израел; и сите други Израелци беа еднодушни за да го постават Давида за цар.
39 Поминаа три дни со Давида, јадејќи и пиејќи. Браќата подготвија сè за нив.
40 Нивните најблиски соседи, сè до Исахар, Завулон и Нефталим, донесуваа храна на ослиците, на камилите и на мазгите, а со воловите јадења: брашно, смоквени низаници, суво грозје, вино, масло, крупен и ситен добиток изобилно, зашто беше веселба во Израел.
 

Поврзано

Надворешни врски


Ова дело е во јавен домен во земји каде авторските права се плус 70 или помалку.


It is not necessarily in the public domain in the United States if published from 1923 to 1977. For a US-applicable version, see {{PD-1996}}.

Public domainPublic domainfalsefalse