Прва книга Самоилова/ 5 глава

Од Wikisource
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

4 глава Прва книга Самоилова
5 глава
од н.п.
6 глава


   1 Кога Филистејците го освоија Божјиот Ковчег, го пренесоа од Евен Езер во Азот.
  2 На тоа Филистејците го зедоа Божјиот Ковчег, го внесоа во Дагоновиот храм и го сместија покрај Дагона.
  3 Утреден наутро, ете, Дагон лежеше ничкум на земјата пред Господовиот Ковчег. Тие го кренаа Дагона и го ставија на неговото место.
  4 Ама кога поранија наутро, ете, Дагон лежеше пак на земјата пред Господовиот Ковчег; Дагоновата глава и двете негови раце лежеа отсечени на прагот: на местото стоеше само Дагоновиот труп.
  5 Затоа Дагоновите свештеници и сите кои влегуваат во Дагоновиот храм не стапнуваат со нога на Дагоновиот праг во Азот сè до денешен ден.
  6 Тогаш Господовата рака ги притисна тешко жителите на Азот и ги натера во силен страв: ги казни со чиреви, Азот и неговото подрачје.
  7 Кога луѓето во Азот видоа што се случи, рекоа: „Ковчегот на Израелевиот Бог не смее да остане кај нас, зашто Неговата рака се испружила против нас и против нашиот бог Дагон.”
  8 Тие ги свикаа и ги собраа сите филистејски кнезови кај себе и рекоа: „Што да правиме со Ковчегот на Израелевиот Бог?” А тие одговорија: „Ковчегот на Израелевиот Бог нека биде пренесен во Гат.” И го пренесоа таму Ковчегот на Израелевиот Бог.
  9 Ама кога го пренесоа, Господовата рака се спушти на градот и настана силна стравотија: ги удри граѓаните, од најмалите до најголемите така што им се појавија чиреви.
10 Тогаш го испратија Божјиот Ковчег во Акарон, Акаронците повикаа: „Го донесоа Ковчегот на Израелевиот Бог кај нас, за да нè помори нас и сиот наш народ!”
11 Затоа испратија и ги собраа сите филистејски кнезови и рекоа: „Испратете го назад Ковчегот на Израелевиот Бог, нека биде вратен на своето место, за да не нè помори нас и нашиот народ!” Зашто владееше смртен страв во целиот град, толку таму беше притиснала Господовата рака.
12 Луѓето кои не изумреа, беа удрени со чиреви и болниот вик на градот се дигаше до небото.

Поврзано[уреди]

Надворешни врски[уреди]


PD-icon.svg Ова дело е во јавен домен во земји каде авторските права се плус 70 или помалку.
Nuvola apps important.svg
It is not necessarily in the public domain in the United States if published from 1923 to 1977. For a US-applicable version, see {{PD-1996}}.