Прејди на содржината

Прва книга Мојсеева/ 12 глава

Од Wikisource

11 глава Прва книга Мојсеева
12 глава
од Мојсеј
13 глава


  1 Господ му рече на Аврама: „Излези од својата земја, од родното место и од татковиот дом; и оди во земјата што ќе ти ја покажам.
  2 Ќе направам голем народ од тебе, ќе те благословам, ќе го прославам твоето име и самиот ќе бидеш благослов.
  3 Јас ќе ги благословам оние, кои ќе те благословуваат, а ќе ги проколнам оние, кои ќе те проколнуваат. И во тебе ќе бидат благословени сите племиња на земјата.
  4 Тогаш Аврам тргна, како што му рече Господ. И Лот тргна со него. Аврам имаше седумдесет и пет години кога излезе од Харан.
  5 Аврам ги поведе со себе: својата жена Сара и својот внук Лот, со целиот имот што го спечалија и со сите луѓе што ги доби во Харан, и сите тргнаа кон Ханаанската Земја. Кога стигнаа во Ханаан,
  6 Аврам ја пропатува земјата до местото Сихем - до дабот Море. Во тоа време Ханаанците живееја во земјата.
  7 Господ му се јави на Аврама и рече: „Ќе му ја дадам оваа земја на твоето потомство.” И Аврам му направи таму жртвеник на Господа, Кој му се јави.
  8 Оттаму се премести кон ридот, што е на исток од Ветил. Таму го оптегна својот шатор, меѓу Ветил на запад и Гај на исток. И таму Му направи жртвеник на Господа и го повика Господовото име.
  9 Потоа Аврам продолжи да патува сè кон југ, кон Негев.
10 Кога настапи глад во земјата, Аврам слезе во Египет да поживее таму, зашто голем глад завладеа во земјата.
11 Кога се наближи до влезот во Египет, и рече на својата жена Сара: „Знам дека си убава жена.
12 Кога Египетците ќе те видат, ќе речат: ‘Тоа е неговата жена’, и мене ќе ме убијат, а тебе ќе те остават жива.
13 Кажи дека си ми сестра, за да ми биде и мене добро заради тебе и да го запазат мојот живот заради твојот збор.”
14 Навистина, кога Аврам влезе во Египет, Египетците видоа дека жената е многу убава.
15 Ја видоа и фараоновите дворјани и му ја пофалија на фараонот и ја одведоа жената во фараоновиот дворец.
16 Тој му направи добро на Аврама заради неа; Аврам имаше овци, говеда, ослиња, слуги, слугинки, ослици и камили.
17 Но Господ ги удри фараонот и неговиот дом со големи проклетства заради Аврамовата сопруга Сара.
18 Тогаш фараонот го повика Аврама и му рече: „Што е тоа што ми направи? Зошто не ми кажа дека ти е жена?
19 Зошто ми рече - сестра ми е - па јас си ја зедов за жена. А сега, ете ти ја жената, земи ја и оди си.”
20 И фараонот му одреди луѓе, кои го испратија со неговата жена и со сè што имаше.

Поврзано

[уреди]

Надворешни врски

[уреди]

Ова дело е во јавен домен во земји каде авторските права се плус 70 или помалку.


It is not necessarily in the public domain in the United States if published from 1923 to 1977. For a US-applicable version, see {{PD-1996}}.

Public domainPublic domainfalsefalse