Прејди на содржината

Правилник за археолошките истражувања (МАНД)

Од Wikisource

ПРАВИЛНИК ЗА АРХЕОЛОШКИТЕ ИСТРАЖУВАЊА








Скопје, јули 2005 год.
ПРАВИЛНИК ЗА АРХЕОЛОшКИ ИСТРАжУВАЊА
НАЦРТ ПЛАН НА
ПОДЗАКОНСКИОТ АКТ ПРЕДВИДЕН СО
ЗАКОНОТ ЗА ЗАшТИТА НА КУЛТУРНОТО НАСЛЕДСТВО



ВОВЕД

[уреди]

Археолошките локалитети како збир на материјални споменици на културата, поединечни објекти, односно целини, од предпоставен но неизвесен капацитет, и просторен, хронолошки и културен дијапазон со потекло во непознат пред- или историски период, поседуваат право на сопствен цивилизациски интегритет. Како такви тие мора да бидат заштитени од случајни или заинтересирани намерници, поединци, правни лица и политички институции. Нивното право на сопствена историска и културна специфичност денес е потврдена со серија национални и меѓународни законски норми и конвенции. Со оглед на објективно деструктивниот карактер на методите на археолошки истражувања, односно дефиницијата на едно археолошко ископување како единствен неповторлив експеримент (П. Баркер, 1998, 12-13), неопходно е археолошките локалитети да бидат соодветно заштитени и од стручните лица, односно нивните потенцијално штетни дејства од намерен или ненамерен карактер.

Цел на Правилникот за вршење на археолошки истражувања е дефинирање и нормирање на правата и обврските на стручните лица при изведбата на археолошките истражувања со што треба да се обезбеди објективна истражување и обработка на археолошките локалитети, соодветна документација на истражувачкиот процес, проценка и презентација на податоците надвор од секакви лични или политички интереси. Оттука основниот пристап во обидот за унапредување на археолошките истражувања од сегашен аспект е создавање на услови за максимална професионализација на институциите и извршителите, примена на пропишаната методологија и опрема за вршење на дејноста, изработка на нужната документација, условите на депонирање, понатамошна обработка и презентација на стекнатите предмети и податоци. Со тоа ќе се стесни просторот и минимизираат можностите за корумпирање од аспект на етичките и морални норми на личноста на археологот.

Предложениот нацрт-план на подзаконскиот акт е изведен во согласност со Препораката на УНЕСЦО од 1956 г. археолошките истражувања да се усогласат со напредокот во техниката и методологијата на археолошки ископувања, и развитокот на сознанијата дефинирани со оваа стручна и научна дисциплина, и да го подигнат стручното ниво на извршителите на истражувачките проекти од широкиот спектар на сознанија “од се по нешто” до “се за едно нешто,” квалификатив на моменталната состојба кај нас. (чл. 9)


ДЕФИНИЦИИ И ОСНОВНИ ПРИНЦИПИ ВО СПРОВЕДУВАЊЕТО НА АРХЕОЛОшКИ ИСТРАжУВАЊА

[уреди]

чл. 1 Правилникот за археолошки истражувања представува правно кодификуван акт кој ги третира сите поединечни подолу наведени поими директно поврзани со процесот на археолошки истражувања, како есенцијален систематизиран методолошки истражувачки принцип кој обезбедува стекнување на поединечните видови на движно и недвижно културно наследство И нивно спознавање. Условите на вршење на археолошки истражувања представени во предложениот нацрт-план, како и обрасците, видот, содржината и начинот на водење на документацијата за истражувањата, ги пропишува Министерот за култура, според чл. 64 од Законот за заштита на културното наследство.

чл. 2 Правилникот за археолошки истражувања има за цел: - Да ја зголеми општата примена на мерките за заштита и да го намали ризикот од археолошки ископувања како потенцијално деструктивен методолошки принцип; - Да ги дополни, прошири и осовремени методолошките норми и принципи на археолошките истражувања и сродните мултидисциплинарни зафати; - Да ги дефинира општите услови за вршење на археолошки ископувања; - Да го заштити археолошкото наследство со поставање на правила за решавање или минимизирање на проблемите при археолошките ископувања и процедура за нивно процесуирање; - Да ги прецизира должностите и обврските на истражувачот и екипата; - Да ги унапреди методите и опремата применливи при археолошките ископувања зависно од напредокот на техничките средства и да го поттикне интересот за нивно користење; - Да обезбеди темелност и целокупност на посебните видови документација на археолошки материјал на повеќе нивои на откривање и заштита; - Да поттикне интерес и овозможи пошироки услови за обработка, осознавање и интерпретација на археолошките предмети; - Да го поттикне и услови објавување на резултатите од археолошките истражувања; - Да го заштити авторството преку гаранции за тајност до целосно објавување на материјалот според законските норми; - Да ажурира дневно информирање за археолошките новости како информации од јавен интерес.

чл. 3 Археологија е наука која систематски и со помош на сопствена методологија ги истражува материјалните остатоци на древниот човек со цел стекнување на што покомплетна слика за древните култури и општества, со финална цел за реконструкција на различноста на правците на животот. Таа детално го проучува развојниот тек на културите и нивните шеми на промена во обид да ги дефинира причините и ефектите на културниот процес. (М. Јоукоњскѕ, 1986, 2)

чл. 4 Под поимот археолошки истражувања се подразбираат сите видови на ископувања и истражувања применливи од страна на археолошката методологија, кои се стремат кон откривање на предмети и податоци по пат на археолошки и други комплементарни истражувања и соодветна методологија, дефинирани и верификувани со Законот за заштита на културно наследство. Цел на истражувањата представува интерпретативна реконструкција на взаемната поврзаност на човековото однесување и природната околина преку следење на курсот на човекови активности констатирани низ траги, неговата култура и однесување во целата негова комплексност отчитана врз подлогата на природната околина. (М. Јоукоњскѕ, 1986, 2)

чл. 5 Поимот археолошки локалитет подразбира топографски пункт дефиниран со предпоставен или востановен движен и/или недвижен археолошки материјал, лоциран врз или под површината на земјата, или под вода. Археолошкиот локалитет може да содржи поединечен или комплекс на објекти поставени во единствена структурна целина или културен хоризонт. Археолошките локалитети во зависност од историската перспектива нудат можности за опсервација во глобален контекст, што подразбира организираност во сложени целини - регион, подрачје, зона, резерват, или во локален контекст - локалитет, сектор, објект. Фаворизирањето на принципите на современата методологија на археолошки истражувања овозможува нивно ставање во функција со цел за продлабочено истражување на археолошкиот потенцијал со акцент на специјализирани тесно насочени проучувања.

чл. 6 Одредбите од овој подзаконски акт се однесуваат на сите остатоци откриени по археолошки пат чие проучување, документација, чување и презентација представуваат јавен интерес од генерален аспект на македонската и светската цивилизација и култура, и поединечен аспект на историја, уметност или култура, или на комплементарните стручни дисциплини со историски претекст: геологија, географија, топографија, картографија, физичка антропологија, епиграфија, нумизматика итн.

чл. 7 Секој топографски пункт на кој се констатирани археолошки остатоци, а на кој се планира градба од стопански, комуникациски, енергетски или др. вид и значење мора да биде подложено на целосни археолошки истражувања. Дури со завршување на истражувањата може да се пријде кон експлоатација на земјиштето за други цели.

чл. 8 Основниот критериум кој во минатото го определуваше јавниот интерес на археолошките податоци дефиниран со принципот на старост до еден определен датум се напушта, а принципот на припадност кон една одредена епоха и откривање по пат на археолошка методологија е задржан како основен критериум за дефинирање на вредноста на археолошката целина и интересот за изведување археолошки истражувања.

(Дефиниции изведени според препораката донесена на Генералната конференција на УНЕСЦО во 1956 г., чл. 1-3, В. Бргулјан 1985, 75-76)

чл. 9 Цел на археолошките истражувања е целосно откривање, детерминирање, документирање и проучување на движното и недвижното културно наследство, и нивна конзервација, реставрација, презентација и ревитализација, како и можна трансформација во виртуелна стварност, во зависност од видот и категоријата кон кои тие припаѓаат. Поединечните видови на културно наследство директно или индиректно засегнати од овој Правилник се дефинирани со членовите 13-26 Законот за заштита на културно наследство.

чл. 10 Право на учество и раководење со теренски археолошки истражувања на територијата на Р. Македонија има секој активен квалификуван археолог кој поседува Лиценца за вршење соодветен вид на истражување и чие барање за истражување не се коси со одредбите за доделување на Дозволата за археолошки истражувања, како и на останатите одредби формулирани во Правилникот. Специфичните видови истражувачка методологија, подолу детално опсервирани, заради нивната посебност условуваат соодветно нормирање на Лиценцата за археолошки истражувања, посебно опсервирано во Правилникот за лиценци. Сличен третман имаат и незастапените истражувачки дисциплини на територијата на Р. Македонија, кои неопходно бараат нивно вклучување во истражувачките процеси по пат на претходно теренско и теоретско дообразување низ работен процесс. Релациите на археологот истражувач носител на Дозволата и стручните институции, и неговите должности и обврски, се прецизно регулирани подолу во текстот.

чл. 11 Обврска на секој археолог поединечно и на Управата за културно наследство е да настојува и стимулира унапредување на мултидисциплинарниот карактер на археолошките истражувања со воведување на нови современи пристапи во истражувањата, како и дополнителни географски, геолошки и природонаучни истражувања, или попрецизно: хидрографски, педолошки, климатолошки, палео- ботанички, зоолошки и антрополошки проучувања.

чл. 12 Се сугерира формирање на Совет за археолошки истражувања на територија на Р. Македонија кој ќе врши конципирање на годишната и повеќегодишна истражувачка програма во согласност со годишните истражувачки програми, финансирани од Министерството за култура, домашни и странски спонзорства, и нивно усогласување со Националната програма за култура; како и утврдување на приоритетите во археолошките истражувања кои директно ќе влијаат и ќе го условуваат развојот на археологијата на национално ниво.

чл. 13 Како фундаментална инстанца која треба да ги формулира дејствата и обврските во текот на целокупниот истражувачки процес, Правилникот има за цел посредно да овозможи и да го услови профилирањето на ликот на археологот како високо морална и етичка личност со бонитет да извршува доверлива функција во откривањето и спроведување на целокупниот третман на националното Културно наследство, и да го презентира пред очите на домашната и страна јавност.


УСЛОВИ ЗА ВРшЕЊЕ НА АРХЕОЛОшКИ ИСТРАжУВАЊА

[уреди]

1 УСЛОВИ И ОБВРСКИ ПРИ ИЗДАВАЊЕ НА ДОЗВОЛА

[уреди]

чл. 14 Правото на водење археолошки истражувања, пропозициите и условите за издавање, односно доделување на Дозвола за археолошки истражувања, како и обврските на носителот се дефинирани со чл. 55, 56, 58, 59 Оддел 2.1., од Законот за заштита на културното наследство. Со Дозволата, аналогно на чл. 55 од Законот за заштита на културното наследство, се определува нејзиниот носител (раководителот на истражувањата); подрачјето на кое ќе се вршат археолошките истражувања со прецизно дефиниран локалитет, зона, сектор и/или објект; примена на истражувачка методологија; правец, вид и обем на работите, време и услови под кои тие можат да се извршуваат, како и членовите на стручната екипа.

чл. 15 Носителот на Дозволата е прецизно определен со чл. 56 од Законот за заштита на културното наследство, според кој основен предуслов за издавање е поседување Лиценца за археолошки истражувања. Дозволата се издава на квалификуван активен археолог - раководител, со статус на овластен истражувач, кој нуди сериозни стручни и морално-етички гаранции за спроведување на истражувачкиот процес во целост и неопходно познавање на третманот на откриените материјални предмети и податоци. Образецот на Дозволата неопходно ги содржи обврските на истражувачот за време и по завршувањето на истражувањата. Обврска на носителот на Дозволата е да ја информира установата на чија територија ќе се изведуваат истражувањата за предстојните работи, обем и капацитет. Се препорачува во тек на истражувачкиот процес да се ангажира кадар од оваа установа во колку таков постои во институцијата. Установата на чија територија се изведуваат истражувањата има право да поднесе Приговор до Управата за непочитување на правилата пропишани со Правилникот за археолошки истражувања (методологија, третман на материјалот или локалитетот, документација).

чл. 16 Дозвола се издава на поднесени: 1. Програма за археолошко истражување; 2. Попис на опрема според предложениот вид истражување; 3. Финансиска конструкција за предстојните истражувања и потврда за обезбедени финансиски средства; 4. Состав на стручната екипа што ќе ги изведува истражувањата со наведена стручна спрема и искуство поединечно за секој учесник, како и должности и обврски за секој поединец. Финансиските средства треба во целост да ги покријат предвидените зафати при теренските работи, како и при кабинетската обработка на наодите и податоците, на движните наоди до ниво на препарација и по потреба конзервација како можност за остварување целосна документација, како и неопходни конзерваторски анализи кои би придонеле за покомплетно согледување на опсервираната материјална и духовна култура. Тие исто така треба да ги покријат и трошоците на мултидисциплинарните проучувања и соработката со конзерваторската екипа задолжена за недвижните наоди во последната фаза на истражувања. Сите поединечно представени и образложени услови се бодуваат со систем на бодови кој има пандан во системот на бодување на поднесеното Известување од археолошките истражувања.

чл. 17 Основен документ според кој се вреднува истражувачкиот проект представува Програмата за ископување и истражување. Програмата содржи: - текстуален дел - дефиниција на локалитетот и методолошкиот вид на истражување; аспекти (вид, карактер и обем на работите) и цели на истражувањето со прецизирана стратегија; термин на истражување; претходни сознанија; - технички дел - планови и карти со положба на локалитетот и дефиниран простор за истражување (ситуационен план со изохипси во размер М=1:200) - прелиминарна теренска фото-документација.

чл. 18 Програмата за рекогносцирање содржи прецизно дефиниран обем на теренска проспекција втемелена врз постоечки аудио-визуелни и пишани податоци од понов и постар датум, односно историска литература и извори, познавање на материјал итн.; официјални информации за административните граници на регионот, територијата, општината, населбата; картографија; користење на резултати од интердисциплинарни студии; консултирање на локални познавачи на теренот, познати колекции на предмети, топономастички студии, орална традиција итн. Како членови на екипа се ангажираат или консултираат лица од разнородна професионална структура: историја, етнологија, и археолози ангажирани во обработката на разнородни пред- или историски периоди. Мултидисциплинарните истражувања неопходно вклучуваат стручни лица од областа на природните науки: геологија, педологија/климатологија, ботаника, биологија, со или без префиксот палео.

чл. 19 Програмата за сондажно ископување и ископување воопшто обединува дел од пропозициите предвидени за теренските рекогносцирања, особено во делот на оправданост на спроведување, ги образложува причините за отварање на сонди/ровови и врската со природната околина и соседните локалитети.

чл. 20 Програмата за систематско ископување и истражување неопходно треба да изрази продлабочено познавање на предходните сознанија и проблеми карактеристични за локалитетот предложен за ископување; предвидената методологија и вклучување на соодветно остручен кадар; поседување на план и стратегија на ископување; проценка на можни и очекувани резултати од ископувањето; образложение за значењето на ископувањето и придобивките од него, евентуално решавање на културно-историски или археолошки проблеми и можности за придонесување кон натамошниот развој на археологијата со акцент на мултидисциплинарните истражувања и користа од нив.

чл. 21 Со оглед на тековниот тренд во светската археологија зависно од деструктивниот карактер на археолошките истражувања, како и потребата од спроведување на прецизна топографска документација на целокупната територија на Р. Македонија, приоритет во доделувањето на проекти имаат недеструктивните методи на истражување со примена на геофизички и геомагнетни методи, како и други хемиските и физички аналитички методи. Образложение: Тие треба да обезбедат поширока контрола на територијата во смисол на правна и физичка заштита, формирање на досиеа за заштита на локалитети кои не можат ведаш да се истражат, заштита на површини на кои им се заканува модерна изградба, стопирање на илегалните ископувања.

чл. 22 Можноста за привремено запирање на истражувањата и одземање на Дозволата е дефинирана со чл. 60 од Законот за заштита на културното наследство. Условите се одблизу прецизирани во делот на Надзорот.


УПОТРЕБА НА ОПРЕМА ЗА ПРЕЦИЗНА ТОПОГРАФСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА

[уреди]

УВОД Со цел за осовременување и унапредување на системот на археолошки истражувања и за посоодветен третман на добиените податоци, а заради постигнување компатибилност со тековните светски трендови се препорачуваат следните одредби за глобална документација на теренот како основен предуслов за спроведување на археолошки истражувања. Итноста од спроведување на иновациите во рамките на оваа постапка резултира од моменталната состојба и ниво на кое се наоѓа македонската археологија, наједноставно дефинирана како исклучително традиционална, карактеристична за првата половина на ЏЏ век. Поради високите цени на чинење на опремата неопходна за спроведување на препорачаната теренска документација, се сугерира нејзино организирано спроведување на генерално ниво, координарно од страна на една централна институција, Управата за заштита на културното наследство.

чл. 23 Основен предуслов за спроведување на археолошки истражувања од било кој вид на територијата на Р. Македонија е детално топографско дигитализирано снимање на целата територија, односно на археолошки опсервираните поединечни области. Дигитално просторно снимање се води според методите на ГИС и ГПС системите, и електронски мерења со теодолит. Овој предуслов важи пред се за површинската проспекција на теренот и дефинирање на положбата на археолошките локалитети, внесување на откриените комплекси во генералната топографска карта, како и регистрирање на поединечни објекти.

Образложение: Причините за неопходност од спроведување на вакво снимање се во лошата и проблематична лоцираност на познатите археолошки локалитети, обработени и целосно представени во Археолошката карта на Р Македонија, 2, и потешкотиите кои произлегуваат при обидот за нивно повторно пронаоѓање и идентификување на теренот. Со обѕир на тековниот процес на дигитализирано снимање на територијата на Р. Македонија, предвиден за финализација до средината на 2010 г., како и процесот на обука на кадри за канцелариска и теренска работа, се препорачува итно воспоставување на соработка со изведувачите на овој проект и Државниот завод за геодетски работи.

чл. 24 Обезбедувањето предуслови за дигитална документација подразбира обезбедување кабинетски услови и соодветна опрема на теренот и во институциите за обработка на информатичките податоците, односно формирање на Централна дата-база.

чл. 25 Институциите во чија надлежност се наоѓаат одредени археолошки локалитети се обврзуваат преку годишните програми систематски И во континуитет да спроведат изработка на унифицирана квадратна мрежа на прецизно определените локалитети со цел стандардизација и унапредување на општата методологија на археолошки истражувања и нивната документација. Овој услов произлегува од есенцијалниот карактер на деталното топографско снимање како основен документарен сѕстем, неодвоив дел и предуслов за изведба на археолошки истражувања. Образложение: Прецизното дигитализирано снимање пред се се однесува на локалитети од повисока категорија - урбани или населбински јадра, некрополи, верски објекти - каде досега не била поставена единствена квадратна мрежа (на пр. Хераклеја Линкестис) со што архитектонските споменици имаат несоодветен третман во техничката документација.

чл. 26 До комплетно спроведување на иновациите во временски период од 5 години за делумна примена на детално топографско снимање на селектирани подрачја, и 10 години за целосна примена на современата опрема и методологија за топографско документирање на територијата на Р. Македонија, истражувањата на теренот треба да се вршат со обврзна употреба на стандардните мануелни средства за топографско снимање.

Образложение: Прецизната топографска документација на одреден археолошки локалитет или објект представува светски нормирано фундаментално помагало за творење на утврдена документарна дата-база целосно интегрирана во системот на документација на движното и недвижното културно наследство, која треба овозможи успешно работење во сегашноста и иднината. Заради исполнување на овие предуслови се наметнува потребата од обврзување на Управата за заштита на културното наследство, односно Министерството за култура, во најкраток можен рок да обезбеди еден електронски теодолит за отпочнување на процесот на дигитална топографска документација на археолошките локалитети со што овој процес систематски треба да биде изведуван на целата територија на Р. Македонија, со приоритет на големите археолошки локалитети. Со неговата апликација и стандардизацијата на топографската документација, македонската институциите од областа на археологија ќе се приклучат кон современите светски трендови во археологијата.


ДЕФИНИРАЊЕ И КАТЕГОРИЗАЦИЈА НА АРХЕОЛОшКИТЕ ИСТРАжУВАЊА

[уреди]

чл. 27 Според обемот и методологијата археолошките истражувања се дефинирани во четири основни видови на истражувања: рекогносцирање, сондажно и систематско површинско/надземно истражување, и подводно истражување, со подеднаква важност, услови на примена и застапеност во годишните програми за работа.

АРХЕОЛОшКО РЕКОГНОСЦИРАЊЕ И МЕТОДИ НА ТЕРЕНСКА ПРОСПЕКЦИЈА И ДЕТЕКЦИЈА

[уреди]

чл. 29 Методот на археолошко рекогносцирање, односно теренска проспекција, представува прелиминарна организирана акција за осознавање и површинско документирање на местоположбата и востановување на основните параметри на недвижното и движно археолошко културно наследство во контекст на поставеност во природната околина. Рекогносцирањето во основа представува гранка на топографско инженерство кое со помош на математичка пресметка, геометрија и тригонометрија конвертира линии, форми и фигури од природата во математички фигури. Таа овозможува точно определување на формата, големината и позициите на рељефот со систем на мерни правила и процедури. Мерењата се спроведуваат со примена на традиционални методи и опрема, и современа електронска технологија. Неопходно е сите археолози да ги познаваат и користат традиционалните методи на премер со цел нивна примена во тек на теренското работење. Така дефинирано рекогносцирањето како комплексна активност представува дел од воведната процедура во пристапот кон секој неистражен археолошки локалитет на кој се планира ископување или друг вид на археолошко истражување, но во ограничен обем и интегрален дел на секој друг процес инкорпориран во теренските археолошки истражувања.

чл. 30 Како видови на теренска проспекција се разликуваат: - рекогносцирање (?) (ланд сурвеѕ) кое треба да обезбеди дефинирање на позициите и соодветно планирање на истражувањата на одреден локалитет; - топографска проспекција со детален премер на природни и вештачки појави во рељефот; - премер кој се изведува во тек на археолошки ископувања со цел на поставање на откриените објекти и појави во единствена документарна слика на истражуваниот простор. Други прецизно определени видови на проспекција тематски фокусирани или спроведувани во вид на посебно осмислени пристапи се: - хидрографска проспекција фокусирана на дефинирање на хиролошките потенцијали; - проспекција на рудници со цел премер на рудничка експлоатација во минатото, на тунели, геолошки депозити, потенцијали и применети методи; - геолошка проспекција; - фотограметриска проспекција базирана врз база на аеро-фотографија, и преглед и премер на земјата; итн.

чл. 31 Цели на археолошката теренска проспекција представуваат: - просторно дефинирање на локацијата на определен археолошки локалитет; - востановување на границите на локалитетот; - комплетно топографско снимање на пошироката територија на локалитетот со востановување на дополнителни специфични карактеристики; - премер и поставање на квадратна мрежа на локалитетот; - изведување опис на топографските карактеристики на опсервираниот терен; - лоцирање на дополнителни локации со концентрација на одреден вид материјал; - картирање на сите појави кои го карактеризираат конкретниот простор, како од аспект на движно и недвижно културно наследство, така и од природонаучен аспект (геологија, педологија, климатологија, ботаника, зоологија, итн.)

чл. 32 Рекогносцирањето поседува неколку методолошки определени пристапи при премерот на просторот, кои меѓусебно не се исклучуваат, и кои зависно од примената треба да бидат застапени во документацијата: - линеарен премер на терен - премер на должини и правци во серија на поврзани прави линии; - премер по пат на триангулација - базирана на геометриските правила на збирот на аглите во триаголникот; - и радиално мерење на просторот од фиксна централна точка.

чл. 33 Предмет на посебна регулатива во овој вид пристап кон археолошките локалитети представува примената на електронската технологија како дополнување на мануелната традиционална методологија, која како интегрален методолошки пристап овозможува прецизно топографско снимање на поголеми просторни ареали со цел востановување целокупна покриеност на одредена територија по пат на истражувања и дефинирање на востановена мрежа на локалитети со предпоставен културно-историски потенцијал. Во состав на рекогносцирањата влегуваат и геомагнентните снимања на теренот. Користењето на снимки од претходни авионски и особено сателитски снимања на теренот во рамките на овој процес битно придонесуваат кон востановување на егзактна слика на распореденост на археолошките локалитети во просторот и нивна зависност од природните промени. Ваквиот пристап треба да обезбеди стекнување исцрпен увид во културната историја на територијата низ сите пред- и историски епохи со можност за натамошно фокусирано детално истражување на поединечни локалитети или региони според другите методи на археолошки истражувања.

чл. 35 Цел на системски организираните археолошки рекогносцирања со користење на современа методологија е формирање на Централна дата-база за комплетните површински документирани податоци на целата територија на Р. Македонија.

чл. 36 Централната дата-база како предуслов за системско водење на прецизни теренски рекогносцирања има постоење на кабинет за раководење со рекогносцирањата, составена од: - компјутерски центар (РККомп) - центар за картографија (РККарт) - центар за документација (РКДок) - архива/депо (РКАрхива)

чл. 37 Со теренската проспекција раководи едно лице овластено со Лиценца и уште најмалку две до три лица обучени за спроведување на системот на премер и документација. Екипите треба да се мултидисциплинарни и во нивниот состав да влегуваат и стручни лица од други природонаучни дисциплини оспосовени за спроведување на површинска анализа на земјиштето врз основ на земени примероци за натамошно природонаучно, физичко и хемиско истражување. Во финалната фаза на пребарување на теренот учествуваат побројни екипи за систематско прочешлување на снимениот простор, кои треба да ги констатираат и документираат позициите на сите површински видливи остатоци.

чл. 38 Аналогно на сите други групи движен археолошки материјал и материјалот добиен со рекогносцирање се документира, обработува и депонира.

чл. 39 Обработката на теренските податоци подразбира топографско и фото-граметриско снимање на теренот од повеќе аспекти, изработка на планиметрија на локалитетот, картирање на движните археолошки предмети и податоци, како и на востановено отсуство на податоци, зонирање на истраженото подрачје, односно негова можна секторска поделба, фотографирање и техничко документирање на детали.

чл. 41 Локацијата на површинскиот движен и недвижен археолошки материјал констатиран при теренската проспекција и неговата концентрација неопходно се евидентираат и документираат, индивидуално и во контекст, според ГПС, со цел за понатамошна поделба и обработка на поединечни топографски условени сектори на теренот.

чл. 42 Констатираните објекти карактеристични за старо и средно камено време (пештера/подкапина) вклучуваат и обработка и документација на самите објекти. По утврдувањето на нивната културна виталност се вршат снимања, мерење на отворот на пештерата/подкапината, на платото пред неа, и на внатрешната основа и профил заедно со сите канали и сали.

чл. 43 По завршувањето на рекогносцирањата истражувачот е обврзан да го влучи рекогносцираниот локалитет со сите стекнати податоци во утврдената топографска карта на Р. Македонија и соодветно да го обележи.

СОНДАжНО АРХЕОЛОшКО ИСТРАжУВАЊЕ

[уреди]

чл. 44 Методот на сондажно археолошко истражување представува организирана акција за осознавање и документирање на културната стратиграфија на еден археолошки локалитет со примена на длабински сонди според стандардизираната методологија.

чл. 45 Спроведувањето на сондажно археолошко истражување подразбира претходна изведба на рекогносцирање на околниот терен според погоре утврдените стандарди. Предуслов за отпочнување со систематски археолошки истражувања представува детално снимање на површинскиот рељеф на локалитетот во размер 1:500, при што еквидистанцијата на изохипсите да биде 5 или помала од 5 метри. Се препорачува топографско снимање со тотална станица во крупен размер 1:100 или 1:50 со еквидистанција на изохипсите 0,5-1 м заради прелиминарно воочување на контурите на објектите под површината.

чл. 46 Акумулиран талог како последица на човековото живеење И активност, И различностите во низата констатирани земјени талози кои се јавуваат во вертикална пореденост како резултат на разликите во човековото живеење во различни временски периоди се дефинирани како стратуми. Стратумите меѓусебно се диференцираат со разлики во текстурата (различна големина на земјениот гранулат), состав (типови на органски И неоргански содржини), боја, дебелина на слојот И содржина на културни археолошки содржини. Одтука проучувањето на стратумите и посебните слоеви и нивои на живеење на еден археолошки локалитет, нивната меѓусебна поврзаност и условеност, и дефинирањето на археолошката секвенца или поредок во кој тие настанале заедно со пропратниот материјал ја определуваат стратиграфијата како основна дисциплина во проучувањето на еден археолошки локалитет. Таа неопходно произлегува како резултат на археолошкото сондажно или систематско ископување и представува основна дефиниција и резултат на овој процесс, па одтука е неизоставен составен дел од секое Известување.

чл. 47 Сондажното археолошко истражување според својот карактер може да припаѓа на следните основни типови: - Прелиминарно/пробно истражување - се изведува во услови на иницијално осознавање на одреден археолошки локалитет; - Контролно или ревизионо истражување - се изведува во услови на ревидирање на податоците од претходно извршени археолошки истражувања на истиот локалитет со цел на дополнување или нивна проверка; - Заштитно, односно интервентно истражување - се изведува во услови на постоечко непосредно уништување (обемни конструктивни работи) или оштетување на одредена зона или познат археолошки локалитет (по пат на природен одрон, несакано физичко оштетување, или илегално археолошко ископување), а со цел утврдување на стратиграфија или постоење на дефиниран објект.

чл. 48 Сондажното археолошко истражување има за цел прелиминарно да ги констатира сите или поголем дел од промените кои влијаат на формирањето на еден археолошки локалитет, па одтука поседува претпоставка за констатирање на евентуална потреба од систематски истражувања, и како такво претходи на овој вид археолошки истражувања. Оттука, изведените сондажни истражувања се предуслов за изведба на систематски археолошки истражувања. Поради потенцијалното постоење на разновидни податоци карактеристични за односниот локалитет, кои битно влијаеле на неговото формирање, раководителот е должен на ниво на соработка во својот истражувачки тим да вклучи и стручни лица од други потесни специјалности како геолози, микро и макро ботаничари и зоолози, климатолози итн. Податоците собрани и анализирани во вид на комплементарни компаративни проучувања треба да придонесат за формирање појасна слика за социоекономскиот живот на населението во определениот период и условите за негово одвивање.

чл. 49 Основните формати на планирани сондажни ископи дефинирани со правилна геометриска форма, квадрат или правоаголник, ориентационо поставени според страните на светот заради потенцијално вклопување во рамките на квадратна мрежа на теренот И усогласивост со евентуални натамошни систематски истражувања, но и заради комплементарност со геодетските и други снимања на теренот, се застапени со: - сонда - ископ широка најмалку 2 м и сразмерна должина зависно од потребите, - ров - ископ широк најмалку 1 метар и должина во зависност од потребите.

чл. 50 Сондажното како и систематското ископување има за цел по пат на механички откопи да утврди постоење на определена стратиграфска секвенца, притоа да издвои движен материјал и примероци за анализа, сите констатирани појави да ги внесе во вид на технички цртеж на план и во хоризонтален пресек, пропратено од соодветна фото документација.

чл. 51 Со оглед на деструктивниот аспект на археолошките ископувања тие представуваат неповторлив истражувачки процесс што овозможува увид во историјата на формирање на локалитетот, чие основно мерило е прецизно дефинираната стратиграфија, а не исклучиво откриениот материјал. Одтука таа представува неопходен основен сегмент во реконструкцијата на секвенцата на историски условени настани на самиот локалитет.


СИСТЕМАТСКО АРХЕОЛОшКО ИСТРАжУВАЊЕ

[уреди]

чл. 52 Систематското археолошко истражување представува организирана активност од големи размери на комплексни археолошки локалитети или поединечни објекти. Тоа има тенденција на континуирана изведба во рамки на повеќегодишни истражувачки кампањи, проследени со соодветен процес на организација и екипираност во зависност од обемот на истражувањата. Системот на обврзувачки акти кои ги дефинираат овие ископувања и нивното континуално изведување се прецизирани во системот на известувања за работите. Систематските археолошки истражувања следат по претходна изведба на теренска проспекција и неопходни сондажни истражувања.

чл. 53 Цел на систематските археолошки истражувања е комплетно и продлабочено осознавање и документирање на податоци, движни и недвижни материјални остатоци со цел реконструкција на застапената култура/и во контекст на нејзината природна лоцираност. Методолошки систематските истражувања ги овоплотуваат методите и принципите представени како составен дел на сондажните ископувања, но во поголем обем и со прецизно дефинирани цели. По дефиниција резултатите од систематските археолошки истражувања треба да ги исполнат целите и принципите на археологијата и нејзината методологија.

чл. 54 Според чл. 55 став 3 од Законот за заштита на културното наследство Дозвола за истражување на еден (1) археолошки локалитет се издава само на еден носител. Оваа законска одредница се ограничува со претходно утврдениот процесс на зонирање или секторско разграничување особено на позначајните локалитети од голем обем. Секторското разграничување се изведува според топографските карактеристики на теренот и видливите остатоци. Со тоа се спречува монополизирање на правото на ископување на определен археолошки локалитет и се овозможува паралелно работење на повеќе екипи едновремено.

чл. 55 По исклучок ископувањата во пештера (палеолит, мезолит, итн.) иако систематски по вид, односно по принцип на долгорочност на планирани ископувања, практично се изведуваат во вид на сондажни ископувања.

чл. 56 Основна теренска обврска чие изготвување претходи на отпочнувањето на систематските археолошки истражувања представува проектирање и маркирање на Стандардна Македонска Археолошка Мрежа (СМАМ) на самиот локалитет. СМАМ е прецизно дефинирана со следните основни елементи: - Формат на квадратот (КВ) со димензии 10х10 м се нумерира со римски броеви, а неговите агли со броевите 1-4 (1,2,3,4) во правец на движење на сказалките на часовникот почнувајќи од југозападниот агол преку северозападниот-североисточниот до југоисточниот агол; - Квадратот има внатрешна поделба на четири (4) подквадрати со димензии 5х5 м кои се одбележуваат во зависност од аголот на квадратот кон кој гравитираат, на пример КВ ЏЏИИИ-1; - Ориентацијата на СМАМ е во однос на страните на светот, односно правецот на азимутот (аголот од правецот кон север /0°/ до правецот на оската х) на вертикалната оска на квадратот х да изнесува 45°; - СМАМ ја проектира исклучиво професионално лице, дипломиран геодет, со помош на тотална станица и со подршка на три (3) точно познати или претходно определени геодетски точки (репери); - СМАМ мора да биде маркирана на теренот со метални колци или бетонски столпчиња; - по исклучок при работа во пештера или друг затворен простор една геодетски утврдена точка/кота се маркира на сводот на пештерата/градбата или проминентен страничен блок. Одредувањето на главната кота го врши геолог, односно градежен инженер или архитект; - Специфичните ископувања во пештера/подкапина исто така се изведуваат врз основа на СМАМ, но во алтернативен помал размер на квадрати со димензии 2х2 м со обѕир на ограниченоста и неправилноста на истражуваниот простор. Квадратната мрежа се постава во однос на централната оска на објектот. - СМАМ поседува бројна вредност на квадратите кои ја покриваат целокупната површина на локалитетот.

чл. 57 Принцип на отварање на квадратите според СМАМ при отпочнување со ископувањата, освен во колку остатоците не се површински јасно видливи, е со отварање на два (2) прелиминарни археолошки ровови долж две соседни страници на квадратот. Форматот на ископите е 1х9 м, со контролен профил на контактниот агол од 1 м².

чл. 58 Се препорачува утврдување на ивичните граници на истражуваниот простор со вградување на талпи, со што се исклучува можноста од обрушување на профилите во тек на долготрајните ископувања. Исто така се препорачува маркирање на катактеристичните појави во профилот со етикети.

чл. 59 Истражувачките кампањи на систематските археолошки истражувања се плански организирани и тематски фокусирани со ангажман на соодветен стручен кадар задолжен според предзнаење за водење секторски, сондажни, тематски, поединечни истражувања од мултидисциплинарен карактер, или истражувања на поединечни објекти. Зависно од составот и ангажманот на екипата, секој поединечен член поднесува соодветно Известување.

чл. 60 Систематските археолошки истражувања се конципирани во циклуси од по три години во редослед.


ПОДВОДНИ АРХЕОЛОшКИ ИСТРАжУВАЊА

[уреди]

чл. 61 Подводните археолошки истражувања подразбираат откривање на локалитети со архитектонски остатоци или поединечни објекти, движни и недвижни, кои се наоѓаат под вода - море, езеро, река. Во принцип овие истражувања се систематски со можност за парцијално спроведување на принципот. Сондажните подводни истражувања се од мали димензии и се од контролен карактер, па затоа ја немаат вредноста на посебен методолошки вид.

чл. 62 Со подводно археолошко истражување може да раководи единствено дипломиран археолог/историчар на уметност обучен за изведба на подводни археолошки истражувања и носител на диплома/сертификат за нуркање. Тој/таа треба да биде носител на Лиценца за археолошки истражувања на што дополнително се издава Лиценца за подводни археолошки истражувања. Прифатливи сертификати за нуркање се оние кои ги издаваат меѓународните школи за нуркање: ПАДИ, ЦМАС, СЦСИ. Сертификатот се обновува со број на часови поминати под вода, во зависност од што се утврдува и стручноста на археологот.

чл. 63 Екипата за подводни истражувања ја предводи раководител на истражувањето квалификуван според погоре посочените неопходни стандарди, а учествуваат уште најмалку пет (5) членови. Дел од членовите на екипата, најмалку двајца (2), треба да бидат стручни лица, археолози/историчари на уметност, носители на диплома/сертификат за нуркање. Остручувањето на стручните лица се стекнува според теренското искуство во сувоземната археологија и времето поминато под вода. Помошен дел од екипата представуваат нуркачи без стручна квалификација, носители на сертификати за нуркање според меѓународните стандарди, со кои раководителот на проектот воспоставува контакт и договор во зависност од потребите на истражувањето.

чл. 64 При истражување на крајбрежниот појас, особено на сувоземниот дел, се спроведуваат стандардните методи на археолошко истражување се додека тоа условите го дозволуваат. Неговото завршување е предуслов за одобрување на истражувачки според методологија на подводна археологија

чл. 65 Основната методологија на подводните истражувања вклучува поставање квадратна мрежа со помош на триангулација и фиксни пирамиди.

чл. 66 Основен вид на подводно археолошко истражување е рекогносцирањето. Добиените податоци од рекогносцирање на одреден регион, со нивна интерпретација и вреднување на локалитетите во поширок регионален контекст според стандардните сознанија за конкретниот пред- или историски период, се предуслов за конкурирање со проект за систематски подводни истражувања.

чл. 67 Проект за систематски истражувања се доделува врз база на претходно изведените припреми и рекогносцирања, а врз основа на квалитетот на поднесениот елаборат.

Опрема чл. 68 Стандардната лична нуркачка опрема ја сочинуваат: одело, маска, шнорхел (цевка за дишење), пераи, боца со регулатори за воздух (прв и втор степен), манометар, нож, нуркачки елек. Секој член на екипата поседува сопствена нуркачка облека и друга опрема за чие одржување се грижи самостојно. Дел од опремата, како боцата за воздух и тн. може по потреба и да се изнајмува. Трошоците на снабдување на опремата и нејзиното одржување паѓаат на сметка на истражувачките проекти.

чл. 69 Дополнителната техничка опрема ја сочинуваат: компресор, сплав, чамец, водна црпка; опрема за цртање: пластична табла и графитен молив; опрема за подводно обележување: цевки, маркери во боја, фиксни квадратни мрежи мрежи за цртање, ГПС. По можност во личната опрема треба да влезат подводен компјутер-козола или поединечните елементи кои таа ги содржи: рачен часовник, длабинометар, компас, манометар.

чл. 70 Опремата за фотодокументација ја сочинуваат: подводен фото-апарат и камера.


ПОСЕБНИ КАТЕГОРИИ И ТИПОВИ НА АРХЕОЛОшКИ ИСТРАжУВАЊА

[уреди]

чл. 71 Според карактерот на причинителите археолошките истражувања тие се дефинираат во две основни категории на ревизиони и ургентни, при што вторите се диференцираат во два основни типа на истражувања: заштитни и интервентни.

РЕВИЗИОНИ АРХЕОЛОшКИ ИСТРАжУВАЊА

[уреди]

чл. 72 Ревизионите истражувања се изведуваат на познати археолошки локалитети кои веќе биле предмет на стручна обработка, а за кои резултати постои основана теориски документирана претпоставка базирана врз основа на стандардни проучувања дека се нецелосни, непрецизни или неточни.

чл. 73 Ревизионите истражувања вклучуваат т.н. реамбулирање на теренот односно споредба и усогласување на постоечката топографска документација со реалната состојба на теренот и нејзино дополнување со податоци изработени според современите документарни методи. Тие подеднакво се однесуваат на сите видови археолошки истражувања: рекогносцирања, сондажни и систематски истражувања.

чл. 74 Ревизионите проспекциони истражувања се фокусираат пред се на пошироки простори, одн. географски дефинирани региони, со цел да продуцираат комплетна слика за археолошките содржини, нивниот квалитет, хронолошко потекло, распоред на теренот, притоа во целост применувајќи ги методите и стандардите на современата теренска проспекција. Зависно од тоа нивната изведба е обврзана со соодветна техничка опременост и екипираност со стручни лица специјализирани за разни комплементарни истражувања аналогно на рекогносцирањата.

чл. 75 Ревизионите сондажни истражувања се надоврзуваат на претходните сондажни истражувања, констатирајќи го нивото на првобитна истраженост, со распореденост на сондите во нивна непосредна близина и на други локации според согледувањата на раководителот на истражувањата и екипата.

чл. 76 Ревизионите систематски истражувања имаат за цел да го проверат опсегот на претходните истражувања во смисол на стратиграфска изцрпеност, како и на изцрпеност по обем на истражен простор. Тие дополнително можат да се фокусираат на необработени објекти и простори кои прецизно ги истражуваат и документираат.

чл. 77 Аналогно на основните видови истражувања и ревизионите истражувања се обврзани со прибирање на движен материјал и негово документирање, како и на недвижниот, внесувајќи ги сите новодобиени или корегирани податоци во основната документација.

ЗАшТИТНИ И ИНТЕРВЕНТНИ АРХЕОЛОшКИ ИСТРАжУВАЊА

[уреди]

чл. 78 Како посебна категорија археолошки истражувања дефинирана со ургентност на изведба се утврдуваат заштитните и интервентните истражувања. Тие се однесуваат на културното наследство на кое му се заканува опасност од оштетување од антропоген, сеизмички, климатски или друг карактер, често проузрочени од недозволени или дозволени градежни активности кои се закануваат со уништување или посериозно нарушување на интегритетот на локалитетот, причинители утврдени со чл. 32 како "Културно наследство во опасност" во Законот за заштита на културното наследство.

чл. 79 Изведбата на заштитните и интервентните истражувања подлегнува на истите методолошки прописи како и другите видови археолошки истражувања, но се изведуваат со претходно обезбедени средства и предложени генерални услови, кои во зависност од потребите на истражувачкиот процес и ургентноста од него се подложни на промени во корист на локалитетот. Единствената отстапка е во смисол на приоритет во однос на другите истражувања при изготвување на годишните програми или при реализацијата по констатирање на непосредна или конкретно утврдена (докажана) опасност (претходно дефинирана со посочениот член) особено кај категоријата на интервентни археолошки истражувања. За прецизно дефинирање на третман и примена на соодветна регулатива неопходно е прецизна дистинкција на овие два типа истражување.

Интервентни археолошки истражувања чл. 80 Под поимот интервентни археолошки истражувања се сметаат истражувања на локалитети или објект/и директно изложени на акутна опасност од пропаѓање/уништување, дефинирана со чл. 32 како "Културно наследство во опасност" во Законот за заштита на културното наследство. Интервентните истражувања делумно се поклопуваат со т.н. Договорни истражувања (Цонтрацт арцхаеологѕ) според англосаксонската и светската археолошка методологија и легислатива (М. Јоукоњскѕ, 1980, 5), односно тип на проект утврден со договор во кој е дефинирано дека инвеститорот градител мора да финансира истражување на археолошки локалитет откриен во тек на градежните дејности на теренот. Интервентните истражувања се предимно од помал обем, се изведуваат заради итност и превенција од натамошно оштетување и уништување, а со цел дефинирање на состојбата на теренот. Како такви тие претходат на посистематска заштита на локалитетот според правилата и стандардите пропишани за заштитните ископувања, во колку се процени дека е тоа неопходно. Истата постапка се спроведува и во случај на идентификација на случајни откритија предвидени со чл. 66 од Законот за заштита на културното наследство.

Заштитни археолошки истражувања чл. 81 Под поимот заштитни археолошки истражувања се сметаат истражувања фокусирани врз локалитети или објект/и континуирано изложени на опасност од пропаѓање и уништување според чл. 32 од Законот за заштита на културното наследство. Потребата од нивно спроведување стратешки се определува како дел од предвидената годишна програма предвидена од страна на Управата за заштита на културното наследство.

чл. 82 Потребата од спроведување на било кој од овие два типа истражување ја утврдува Комисија, која веднаш по добиеното известување за загрозеност на определен локалитет излегува на терен за да ја констатира состојбата. Таа го утврдува обемот на неопходни теренски работи, карактерот на заштитни или интервентни истражувања, стратегијата на работите, формат и бројност на екипите, нужните средства итн.

чл. 83 Изведбата на интервентните истражувања се определува ад хоц со цел веднаш да се превземат соодветни акции на терен. Работата се доверува на активен археолог, еден како раководител на целиот проект, или повеќемина за симултана работа на повеќе сектори во колку во прашање се археолошки остатоци од повеќе периоди, со експертски познавања на конкретната проблематика застапена на односниот локалитет. Организацијата на проектот е според погоре утврдените стандарди, кон кои секој од изведувачите нужно се придржува и е задолжен со стандардниот методолошки пристап, документација и Известување.

чл. 84 Изведбата на заштитните истражувања со предложените услови на предлог на Комисијата се става на увид пред стручната јавност преку конкурс пред отпочнувањето на истражувачките работи во траење од најмалку еден (1) месец (31 ден). Конкурсот трае најмалку десет (10) дена со период од седум (7) дена за избор на најквалитетниот конкурент со обврзно поседување на Лиценца за тој вид на истражување, со соодветно познавање и искуство на културниот период кој се третира. За резултатите на конкурсот се известува секој пријавен учесник на конкурсот во рок од најмалку 3 дена, и тоа по писмен и усмен пат, со можност на поднесување на жалба во рок од десет дена по дваесетиот ден од отварањето на конкурсот. По изминувањето на триесетиот ден од отварањето, на триесет-и-првиот ден се утврдува конечниот избор на екипата која ќе ги изведува заштитните или интервентните истражувања и консеквентно се врши известувањето.


КОНЗЕРВАТОРСКИ АРХЕОЛОшКИ ИСТРАжУВАЊА

[уреди]

чл. 85 Категоријата конзерваторски археолошки истражувања, условно дефинирани како заштитни, односно истражувања кои претходат на процесот на конзервација, се брише. Конзерваторските истражувања како форма на Непосредна заштита дефинирана во Оддел 4 чл. 82-91 од Законот за заштита на културното наследство се однесуваат стриктно на активности директно сврзани со истражувањата и процесот на конзервација (во смисол на пример на дефинирање на состав на малтери итн.), наменети на натамошната заштита на соодветниот споменик, а не се однесуваат на археолошкиот истражувачки процес и не ја засегаат соодветната стандардна истражувачка методологија.

Образложение: Со спроведувањето на овој член се брише контрадикторноста во досегашното поимање и практикување на археолошките истражувања, прифатено од поранешната Југословенска легислатива, и двојството на поимот Цонсерватион арцхаеологѕ застапен во светската археолошка методологија. Конзервационата археологија терминолошки подразбира заштитна археолошка дејност од широк спектар кој го покрива управувањето со културните потенцијали во еден поширок регион, ги констатира и заштитува рамнотежата на природната околина и културниот потенцијал, настојувајќи да го сочува природниот баланс на овие два аспекта во корист на заштитата на природната околина (М. Јоукоњскѕ, 1980, 4). Така дефинирана таа делумно го покрива поимот Културен предел, застапен како посебна категорија во современата правна регулатива на заштита на Културното наследство. Одтука овој термин не е применлив во наши услови и на овој начин, а самата проблематика и потреба од археолошки истражувања како претходница на процесот на конзервација пред се на архитектонските објекти се решава по пат и со средства на стандардна археолошка методологија. Оваа корелација е дополнително прецизирана со утврдување на односите и континуитетот меѓу археолошките истражувања и процесот на конзервација.

чл. 86 Археологот истражувач, носител на Дозволата за археолошки истражувања, според чл. 59 став 1-3 од Законот за заштита на културното наследство е задолжен со грижа за недвижното наследство во тек на изведувањето на работите. Археологот извршител на истражувачки проект вклучително врз недвижно културно наследство треба да влијае на воспоставување континуитет меѓу археолошките и конзерваторските работи на теренот и во лабораториски услови, со цел за координирана и последователна изведба. Ваквото ангажирање ќе влијае на спречување од пропаѓање на откриените објекти како последица на евентуално пролонгирање на конзерваторските работи, особено на архтектонски објекти, како и евентуална погрешна конзерваторска процедура условена од можно неразбирање на археолошките податоци од страна на Конзерваторот. Соработката се воспоставува меѓу поединци или институции кои раководат со истражувачкиот односно конзерваторскиот процес. Изборот на соработници се врши според потврдена стручност на поединецот и зависно од потребите на конкретниот споменик утврдени со претходните археолошки истражувања.

чл. 87 Археолошка истражувачка активност која треба да претходи на конзерваторски проект врз архитектонски објект истражен во поодамнешното минато, особено во услови на непостоечка документација, се спроведува според основните начела на ревизионо и систематско археолошко истражување, и подлегнува на предвидената стандардна регулатива на истражувачкиот процес.

чл. 88 Обврска на археологот-истражувач е да изврши целосна обработка на археолошкиот објект на теренот. Се препорачува блиска соработка со конзерваторот кој треба да ја превземе понатамошната грижа и заштита на објектот, по пат на негово вклучување во тековните теренски работи во последните фази на археолошка обработка. Трошоците од соработката во оваа фаза паѓаат на терет на археолошкиот истражувачки проект.

чл. 89 Одлуките за конзервација треба да се базираат и соодветствуваат на стручните заклучоци донесени во тек на археолошките и конзерваторските истражувања. Елаборатот за конзервација обврзно се става на увид и чека потврда со потпис од страна на археологот раководител на истражувањата. Потенцијалните несогласувања меѓу двете стручни лица мора да бидат усогласени пред отпочнување на процесот на конзервација.

чл. 90 Решенијата за презентација на одредена фаза од постоењето на конкретен археолошки објект, реконструкцијата на подните решенија и моделите за нивна презентација се донесуваат со согласност на двете страни. Реконструкција на подно ниво се прави единствено врз целосно истражен простор до здравица.

чл. 91 Во колку конзерваторското истражување резултира со отварање на нова археолошка целина тоа обврзно треба да биде третирано низ дополнително археолошко истражување. За ваквиот развој на случувања археологот-истражувач носител на дозволата за истражување мора да биде усно и писмено известен. Археологот-истражувач е должен да ја превземе понатамошната истражувачка работа на теренот, или во случај на отсуство, зафатеност, или во колку целината припаѓа на друг културен период од оној со кој археологот се занимава, но со претходен директен договор, тој назначува заменик кој ќе ја превземе натамошната истражувачка работа и за што тој поднесува посебно Известување. Трошоците од соработката во оваа фаза, како и повремените посети на археологот во тек на процеот на конзервација паѓаат на терет на конзерваторскиот проект. Археологот истражувач треба да биде детално информиран за текот и резултатите од дополнителните археолошки истражувања, како и за конзерваторските, и да му бидат предадени документацијата, Известувањето и материјалот од овие истражувања по нивното завршување за натамошно интегрално представување и депонирање.

чл. 92 Конзервацијата и конзерваторското истражување може да го изведува само конзерватор кој поседува Лиценца за конзервација на објекти од видот на кој истражуваниот објект припаѓа.

чл. 93 Археологот истражувач, носител на Дозволата за археолошки истражувања, според чл. 59 став 4 од Законот за заштита на културното наследство освен грижата за недвижното наследство во текот на изведувањето на работите е исто така задолжен да врши и организира вршење на конзерваторски работи на движните наоди. Тој е должен да организира чистење и препарација на предметите, да го спречи нивното евентуално пропаѓање во случај на појава на предмети од органска природа, а во колу има на располагање лабораторија за конзервација да спроведе и дел од основниот конзерваторски процес. Финансиските средства треба во целост да ги покријат предвидените зафати при теренските работи, како и при кабинетската обработка на наодите и податоците, на движните наоди до ниво на препарација и по потреба конзервација како можност за остварување целосна документација, како и неопходни конзерваторски анализи кои би придонеле за покомплетно согледување на опсервираната материјална и духовна култура. Тие исто така треба да ги покријат и трошоците на мултидисциплинарните проучувања и соработката со конзерваторската екипа задолжена за недвижните наоди во последната фаза на истражувања. Зависно од процесот на работи, обработката и препарацијата на антрополошкиот материјал паѓа на терет на одговорниот антрополог; препарацијата и конзервацијата на нумизматичкиот материјал како основа за спроведување на документацијата ја спроведува одговорниот нумизматичар; препарацијата на епиграфскиот материјал е одговорност на епиграфичарот. Генерално, во однос на најдоминантниот керамички материјал истражувачот е должен да спроведе заштита до ниво на препарација со која се овозможува идентификација и документација на материјалот. Истото важи и за другите движни наоди: стакло, коска итн. Во колку истражувачот смета за потребно тој може да посредува во спроведувањето на интегралниот процес на конзервација и реставрација на движниот материјал. Во спротивно одговорноста за него е во надлежност на музејската институција на која материјалот ќе и биде доделен на грижа и чување.


АРХЕОЛОшКИ ИСТРАжУВАЊА СО МЕѓУНАРОДНО УчЕСТВО

[уреди]

чл. 94 Можноста за изведба на археолошки истражувања со меѓународно учество се дефинирани со член 57 од Законот за заштита на културното наследство. Понудите за изведба на археолошки истражувања од страна на странски научни установи и одделни работници доставени до Управата за заштита на културното наследство или Министерството за култура се ставаат на јавен конкурс пред стручната јавност. Исклучок представува конкретното обраќање на одредена странска установа или поединец до поединец археолог или институција од Р. Македонија. Ваквата соработка треба да ги задоволува принципите пропишани со правилата за археолошки истражувања со меѓународно учество според Законот за заштита на културното наследство. Во колку тие не се запазени Управата има право да предложи соодветно решение за предложената соработка во согласност со подзаконскиот акт.

чл. 95 Партнер во изведбата на странски истражувачки проект со одредена странска стручна или научна установа може да биде единствено Национална установа од областа на културата. Во колку македонскиот партнер-поединец е приватно правно или лице кое е вработено во регионална установа, неопходно е воспоставување соработка со претставник од Националната установа која ќе биде назначена за носител на соработката.

чл. 96 Соработката меѓу странскиот понудувач и националниот соработник подразбира соработка меѓу раководни лица со идентичен или сроден степен на образование и искуство, односно на Доктори на науки по археологија од двете страни, или во колку носител со таква титула не е достапен Доктор на науки и археолог со советничко звање кое се смета комплементарно со претходното според активната правна регулатива во Р. Македонија. Се препорачува избегнување на ангажирање на ко-директорско ниво од формални причини за задоволување на потребата од спроведување на проектот, туку единствено на ниво на полна и рамноправна соработка. Ко-директорот од македонска страна има обврска при изведбата на проектот да вклучи одреден број помлади соработници на сите нивои на археолошките ископувања И истражувања со цел стекнување на сопствено искуство.

чл. 97 Археолошките истражувања треба да бидат проследени со комплетна документација според стандардите регулирани со овој Правилник, а по договор и на копија од евентуална поинаква документација која странскиот истражувач би ја изготвувал во текот на работите за сопствени цели и според стандарди на земјата и институцијата од која доаѓа, вклучувајќи ги периодичните и финалните известувања.

чл. 98 Условите на соработката треба да бидат проследени со Договор за соработка склучен меѓу двете страни.

чл. 99 Приоритет при склучувањето на соработка со странски институции И поединци треба да представуваат недеструктивните површинските истражувања со вклучување на современа методологија и користење на техничка опрема. Ова пред се се однесува на локалитети кои досега не биле истражувани.

чл. 100При склучувањето на договори за работа на локалитети со подолга историја на археолошки ископувања, особено на оние со долгорочна програма, исто така во одредена фаза се препорачува да вклучат пошироки регионални истражувања со цел определување на поширокиот социјален контекст на самиот локалитет.

чл. 101Договорната страна се обврзува за целосно згрижување на движното и недвижното културно наследство, вклучително и целосна конзервација на предметите и објектите, што треба да се прецизира со склучувањето на Договорот за соработка. Воедно и објектите и инфраструктурата кои биле користени во тек на соработката треба да се остават во употреблива состојба и без долгови.

чл. 102Договорот вклучува обврзна припрема на детални годишни Известувања и публикација за истражувањето која треба да уследи во период од 1-3 години по зваршувањето на проектот. Во изработката на публикацијата треба да учествуваат сите соработници кои учествувале во изведбата на археолошките истражувања. Сите услови за користење на опрема, документација, евиденција, обработка итн. Се идентични како и за националните истражувачки проекти.

чл. 103Статусот на самостојна археолошка мисија која по исклучок и под посебни околности може да и се додели на странска научна или стручна установа од областа на археологијата или на меѓународна организација од областа на заштитата и дозволата за самостојно извадување на археолошки истражувања, исто така се дефинира со договор меѓу странската институција и Управата за културно наследство.

чл. 104Во работата на мисијата со конкретен професионален ангажман треба да бидат вклучени и представници од Македонија, некои во зависност од професионалниот интерес континуирано, или периодично заради стекнување на сопствени искуства. Трошоците за нивниот ангажман треба да паѓаат на терет на Мисијата.

чл. 105Договорот за работа на странската самостојна археолошка мисија треба да е во корелација со виталната меѓународна правна регулатива која неопходно подразбира изработка на комплетна документација за ископувањата и дополнителните мултидисциплинарни истражувања, документација и обработка на наодите, поднесување на редовни известувања, конзерваторски третман на движните и недвижни археолошки споменици, како и редовни 1-3 годишни публикации во периодичната литературе и посебни монографски изданија.


КОМПЛЕМЕНТАРНИ МУЛТИДИСЦИПЛИНАРНИ ИСТРАжУВАЊА

[уреди]

чл. 106 Основни комплементарни истражувања кои се изведуваат интегрално со археолошките теренски и кабинетски истражувања секогаш кога постои соодветен движен материјал од конкретниот вид дефиниран со поимот културно наследство, се: нумизматика и епиграфика. Антропологијата исто така представува вид на комплементарно на археологијата истражување, неделиво од комплексот содржини поврзани со човековото постоење. Иако материјалот кој таа го проучува не спаѓа во категоријата културно наследство, таа продуцира систем на податоци кои директно го дефинираат човековиот биолошки идентитет, начин на живеење и култура, и како таква представува есенцијална дисциплина во обработката на податоци и материјални наоди стекнати при археолошките истражување; одтука таа подлежи на истата регулатива како и претходните две дисциплини.

чл. 107 Предпоставениот систем на водење централизирана евиденција за овие три специфични професионални дисциплини директно сврзани со археолошките истражувања, но карактеристични по својата различност, е базиран врз потребата за нивно институционализирање и стандардизирање на начинот и процесот на работење, како и водење на соодветна документација и евиденција. Одтука Основната евиденција според видот на добрата ја водат јавните музејски установи во кои се чува материјалот, додека Матичната евиденција според видот на добрата во дејностите за заштита ја водат матичните установи за заштита, односно Музејот на Македонија (чл. 34 став 3-4 од Законот за заштита на културното наследство).

НУМИЗМАТИКА

[уреди]

чл. 108Нумизматичките истражувања ги изведува лице -историчар, класичен филолог, или историчар на уметност и археолог - остручено низ работен процес (потврдено со стручни трудови) и/или со специјализација (постдипломски студии итн.) за проучување на овој вид материјал.

чл. 109Нумизматичарот го превзема материјалот од археологот со прецизно документирано место на откривање (локалитет, сектор, објект и потесно, стратиграфски слој, кота), како и фотодокументација на наодот при и по неговото откривање. Во соработка со конзерватор се одредува процесот на конзервација соодветно на потребите на материјалот и тој се подложува на процес на чистење и конзервирање, а консекутивно и документирање (техничко и фото), стручна обработка и финална документација. Трошоците на комплетниот процес на обработка, кој по правило се изведува паралелно со теренските истражувања и по тоа, паѓаат на сметка на истражувачкиот проект.

чл. 110Во колку се работи за монетно депо нумизматичарот, односно конзерваторот, е должен низ хемискиот процес на одвојување и чистење да ја идентификува и да се обиде да ја згрижи и сочува обвивката на депото, особено во колку се работи за органска материја или метал, но и на секоја друга. Во колку се работи за керамички сад, неговата препарација и конзервација ја спроведува археологот заедно со останатиот керамички материјал од теренот.

чл. 111 Нумизматичарот е должен на археологот да му поднесе основна документација на нумизматичкиот материјал со дел од информациите содржани во Стандардниот нумизматички картон во вид на пописна листа со нумерација карактеристична за локалитетот и конкретниот вид на материјал, во кој се содржани податоците за местото на откривање (локалитет, сектор, објект, стратиграфски слој, кота), реден број на Стандардниот нумизматички картон, како и во Централната документација, број и копија од фотодокументацијата.

чл. 112 Нумизматичарот самостојно изработува комплетна основна документација на монетниот наод содржана во Стандардниот нумизматички картон во дигитализирана форма. Тој има право и обврска самостојно да формулира и спроведе дополнителен истражувачки процес зависно од потенцијалот на монетниот наод, соодветно да го документира и презентира независно од археологот.

чл. 113 Стандардниот нумизматички документационен картон ги поседува следните податоци: - Реден број на наодот спред локалитетот и инвентарен број според Инвентарната книга на музејската куќа во кој монетниот наод се чува - Вид: монета, печат, отпечаток - Начин на прибавување на предметот (откуп, донација, археолошки ископувања) - Име на општината на чија територија е откриен предметот (познато/непознато), место (локалитет, сектор, објект, итн.) и начин на откривање во колку е тоа археолошки наод (поединечен наод/гроб/депо); - Реден број според Теренската документација на движен материјал на археолошки локалитет; - Датум на стекнување и внесување во основната документација; - Карактеристики на маодот: номинала, тип/варијанта; - Читање/толкување на аверс и реверс со посебни описи; - Утврден историски период; - Ковничка емисија: ковница, владетел, време на ковање, дополнителни маркирања - Физички карактеристики: метал, дијаметар, тежина, степен на сочуваност; - Место на чување на материјалот, изложен/депониран - Објавеност, дополнително цитирање во библиографија, референтен тип со библиографска единица; - Обработил, внел во документација - Фотос: аверс/реверс - Забелешки.

чл. 114Основната евиденција со Стандарден нумизматички картон се надополнува со другите видови музејска документација: Влезна/Излезна и Инвентарна книга.

чл. 115Заради обемот и бројноста на нумизматичкиот материјал, како и на природата на досегашните истражувања, се наметнува потреба од формирање на Централен (Матичен) нумизматички каталог каде ќе се депонира целокупната документацијата на нумизматичкиот материјал откриен на територијата на Република Македонија, лоцирана во Кабинетот за нумизматика во Музеј на Македонија.

Образложение: Како модел за Централен нумизматички каталог се препорачува системот на документација утврден од П. Кос во вид на Единствен нумерички каталог за Римските ковања од Словенија, Љубљана 1988, кој е прифатен како стандарден музејски модел на нумизматичка документација на Меѓународниот конгрес за нумизматика во Париз 1992 г.

чл.116 Централен нумизматички каталог се води според следниот систем: - стандардизиран поредок на Локалитет - наоѓалиште дефинирано со топономастички поим или реден број Образложение: Во Словенија тоа се врши според: Крајевни Лексикон Лјудске републике Словеније, Лјублјана 1954, и Археолоšка најдиščа Словеније, Лјублјана 1975, проследено со име на блиска поголема населба. За жал Археолошката карта на Македонија, том 2, не ја поседува прецизноста на ваков документ кој може да се користи како референтна литература.

- реден број на монетен наод според каталог на наоди од конкретниот локалитет. Вертикален редослед: А. начин на наоѓање како поединечен наод/гроб/депо на одредено наоѓалиште Б. ковање во одреден метал Ц. редослед на ковања според владетели-ковања во име на цезари/императори-царски сопруги Д. Во рамки на групите А-Б-Ц (спред абецеда) време на ковање проследено од нумерички прецизирана референца кон литература Е. Ковниците се поредени според листа на географски подредени локации со правец на простирање од Запад кон Исток Хоризонтален поредок: реден број, номинал, датирање, ковница, цитирано дело, правец на ковање и специфичности, место на чување

ВИ.2 ЕПИГРАФИКА чл.117 Епиграфските истражувања ги изведува лице со примарно образование класичен филолог и/или историчар/историчар на уметност и археолог. Во колу тоа поседува една од алтернативните стручни наобразби неопходна е дополнителна острученост низ работен процес (потврдено со стручни трудови) и/или со специјализација (постдипломски студии итн.) со што се оспособува за проучување на овој вид материјал.

чл.118 Епиграфичарот го превзема материјалот од археологот со прецизно документирано место и контекст на откривање (локалитет, сектор, објект и потесно, стратиграфски слој, кота), определена локација на план, фото-документација на наодот од повеќе аспекти при и по неговото откривање. По можност епиграфичарот врши увид на терен и приоѓа кон стручна документација на објектот, со изведба на технички цртеж и земање отисок за целосно изчитување. Обработката на техничката документација ја врши во канцелариски услови едновремено со теренските истражувања или потоа. Трошоците на комплетниот процес на обработка кој се изведува паралелно со теренските истражувања паѓаат на сметка на истражувачкиот проект.

чл. 119Епиграфичарот е должен на археологот да му поднесе основна документација на епиграфскиот материјал во вид на пописна листа со нумерација карактеристична за локалитетот, референца кон примарната листа на наоди и конкретниот вид на објект, во која се содржани податоци за местото на откривање (локалитет, сектор, објект, стратиграфски слој, кота), реден број на Стандардниот епиграфички картон, како и референца кон Централната документација, број и копија од фотодокументацијата. Известувањето вклучува и опис, читање на текстот и првична кратка интерпретација.

чл. 120Епиграфичарот самостојно изработува комплетна основна документација на наодот содржана во Стандардниот епиграфички картон во дигитализирана форма како дел од документарен епиграфички каталог формулиран по место на откривање. Тој има право и обврска самостојно да формулира и спроведе дополнителен истражувачки процес зависно од потенцијалот и потребите на наодот, соодветно да го документира, евентуално да спроведе негова конзервација и да го презентира независно од археологот.

чл. 121Стандардниот епиграфички документационен картон ги поседува следните податоци: - Реден број на наодот според теренска документација и инвентарен број според Инвентарната книга на музејската куќа во кој наодот се чува; - Тип на споменик (според класификација на движно културно наследство) - Начин на прибавување (откуп, донација, археолошки истражувања) - Име на општината на чија територија е откриен предметот, место на пронаоѓање (локалитет, сектор, објект, итн.) и контекст на наодот при откривање во колку е тоа археолошки наод (случаен наод/гроб/сполија); - Реден број според Теренската документација на движен материјал на археолошки локалитет; - Датум на стекнување и внесување во основната документација; - Физички карактеристики: вид материјал, димензии, степен на сочуваност; - Опис на наодот, дополнителни обележја; - Читање/толкување на текстот со интерпретација; - Утврден историски период; - Референца кон општа просопографија; - Место на чување на материјалот, изложен/депониран; - Објавеност, дополнително цитирање во библиографија; - Обработил, внел во документација; - Фото документација, цртеж, отисок (хартија, латекс) и депонирање; - Забелешки.

чл. 122Селектиран избор од Стандардниот епиграфички документационен картон представува дел од Основната евиденција која влагува во Инвентарната книга како основен елемент на музејската документација надополнетаа со Влезна/Излезна книга. Таа содржи - Реден број според Инвентарната книга на музејот каде се чува наодот; - Тип на споменик (според класификација на движно културно наследство) - Начин на прибавување (откуп, донација, археолошки истражувања) - Име на општината на чија територија е откриен предметот, место на пронаоѓање (локалитет, сектор, објект), контекст на наодот при откривање во колку е откриен по пат на археолошки ископувања (случаен наод/гроб/сполија); - Датум на стекнување и внесување во Основната евиденција; - Физички карактеристики: вид материјал, димензии, степен на сочуваност; - Краток опис со дополнителни обележја; - Читање на текстот; - Утврден историски период; - Место на чување на материјалот; - Обработил, внел во документација; - Фото документација, цртеж, отисок (хартија, латекс) и депонирање; - Забелешки.

чл. 123Заради обемот и бројноста на материјалот, како и историјата на досегашни истражувања, се наметнува потреба од формирање на Централен (Матичен) епиграфички каталог каде ќе се депонира целокупната документација на епиграфички материјал откриен на територијата на Република Македонија, лоцирана на единствено место во Кабинетот за епиграфика во Музеј на Македонија. Основа за негово формирање представува Лапидариумот како примарна колекција на археолошки епиграфски наоди формирана на територијата Р. Македонија. Соодветно на нејзиниот капацитет таа овозможува и прибирање на новооткриен епиграфски материјал и натамошно развивање на збирката. За стандардизирано функционирање на Кабинетот неопходно е формирање на збирка отисоци на епиграфски натписи соодветно депонирани (хартија, латекс, одливи во гипс).

чл. 124Централен епиграфички каталог се води аналогно на системот предложен за нумизматичкиот Цантрален каталог според следниот систем: - стандардизиран поредок на населба и Локалитет-наоѓалиште дефинирано со топономастички поим или реден број - реден број на епиграфички наод според теренски каталог на наоди од конкретниот локалитет. Вертикален редослед: А. начин на наоѓање како случаен наод/гроб/сполија Б. вид на споменикот (според класификација) Ц. атрибуција кон одреден владетел Д. Во рамки на групите А-Б-Ц (спред абецеда) време на создавање проследено со референца кон литература представена со стандардизирана кратенка и просопографска забелешка

ВИ.3 АНТРОПОЛОГИЈА чл. 125 Антрополошките истражувања ги изведува лице - историчар на уметност и археолог и/или медицински факултет - остручено на полето на физичката антропологија со специјализација (постдипломски студии итн.) за проучување на остеолошки материјал, што му овозможува самостојно вршење на дејноста. Лице остручено низ работен процес (потврдено со стручни трудови) има можност да работи единствено како соработник препаратор заедно со специјалистот антрополог. Во колку лице со специјалистичко образование не постои во земјата препараторот единствено го згрижува, документира и соодветно депонира остеолошкиот и друг материјал, а обработката се врши подоцна по оспособувањето на специјалист или од страна на специјалист од странство.

чл. 126 Препараторот врши увид на теренот и приоѓа кон стручна документација на материјалот додека е сеуште ин ситу. Со специјална дозвола на антропологот или препараторот материјалот може да го подигне археолошка екипа и да го предаде на антропологот. Од оваа можност се исклучуваат специфичните погребувања. Антропологот го превзема материјалот од археологот со прецизно документирано место на откривање (локалитет, сектор, објект, стратиграфски слој, кота, број на гроб), определена локација на план, и фотодокументација на наодот при неговото откривање. Миење на материјалот се врши теренски или лабораториски зависно од работните услови, а документацијата, препарацијата и анализата се вршат лабораториски. Трошоците на комплетниот процес на обработка и документација, кој по правило се изведува паралелно со теренските истражувања и по тоа, со обѕир на бројноста на материјалот, паѓаат на сметка на истражувачкиот проект. Дополнителните стручни истражувања се формулираат во вид на посебен истражувачки процес.

чл. 127 Комплетната документација, опис и интерпретација на нумизматичкиот и епиграфскиот материјал се предаваат на одговорниот археолог во рок од три месеци по приемот на материјалот, или во услови на зголемен обем на работа со одложување во договор на двете страни. По исклучок археологот, во колку смета дека резултатите не се комплетни, може да не ја прими документацијата и да бара нејзино докомплетирање.

чл. 128Заради обемот и бројноста на антрополошките серии, како и на природата на досегашните истражувања, документацијата на антрополошкиот материјал се депонира во Централна дата-база лоцирана во Кабинетот за антропологија во Музеј на Македонија. По завршување на истражувачкиот процес, во одреден временски период од најмалку три или повеќе месеци зависно од обемот на истражувањата, период определен во договор со археологот, антропологот е должен да поднесе детално известување за резултатите од истражувањето, формулирано според тековните стандарди.

чл. 129Централната база на податоци од антрополошките истражувања се формира според хронологија и азбучен ред на опсервираните некрополи. Стандардната антрополошка документација вклучува: стандарден графички антрополошки записник за евиденција, документација и анализа, и фототека. Таа се надополнува со Музејската евиденција на Музеј на Македонија, која содржи: попис на комплетни скелетни серии, на кранијални серии, и на епигенетски и патолошки појави; таа вклучува и комплетна Евиденција на документација и Евиденција на фото-документација.

чл. 130Резултатите, археолошки и нумизматички/епиграфички/антрополошки, се објавуваат паралелно од страна на двајцата истражувачи, а археологот има право да информира и презентира дел од Известувањето на соработникот со добивање негова претходна согласност и информирање на јавноста за авторството на резултатите во тек на презентацијата. По објавувањето на основните резултати од нумизматичките/епиграфски- те/антрополошките истражувања извршителите се должни да ги вклучат резултатите од извршените истражувања во соодветната Централна дата-база на податоци и Основната евиденција.


ДРУГИ КОМПЛЕМЕНТАРНИ ИСТРАжУВАЊА

[уреди]

чл. 131Составен дел на екипите кои ги вршат истражувањата од сите три вида на сувоземни, како и подводните археолошки истражувања се професионално обучени лица за физички истражувања во областите на геодезија, геологија, минерологија, како и природните науки. Учеството се склучува на ниво на соработка. Акцент на мултидисциплинарниот карактер на екипите се става генерално на сите нивои, во зависност од потребите, при определување на природната историја на регионот во кој е лоциран одреден археолошки локалитет, како И застапената култура. Посебен нагласок заради временската дистанца се става на праисториските истражувања.

чл. 132 Геологот е задолжен со дефинирање на географските форми на теренот, настанокот и развојот на природните наслојувања, утврдување на причините на хемиската и физичка ерозија. Предмет на проучување се карпите и минералните формации, лежиштата на глина, итн. Како носител на потесна специјалност геологот педолог ги утврдува формата, потеклото на почвите, и нивните подоцнежни промени, со што проучувањето станува комплементарно со она на климатологот. Климатологот ги опсервира температурните варијации, минимални и максимални, количеството на атмосферски талог, сезонските промени, облачноста/сончаноста, еолските влијанија, итн. Палеоклиматологијата се користи за утврдување на хроно-стратиграфските релации, за утврдување на апсолутна хронологија со изотопни методи на датирање со кои се утврдува морфолошката еволуција на организмите, појава и изумирање на разни видови растенија и животни, а во зависност од тоа се утврдува и хронологијата на материјалните остатоци. Седиментологот ги опсервира специјалните видови седименти и го толкува нивното настанување и раслојување. Хидрологот посебно ги опсервира движењата и нивоата на водените маси и нивните траги на теренот.

чл. 133 Истражувањето на животинскиот свет го спроведуваат палео/зоолози со посебна опсервација на остатоците на дивите и питомите животински видови, односно процесот на доместикација, и на микро и макро остатоците од обата вида и нивна анализа. Скелетниот материјал подлегнува на квалитативна анализа за утврдување на остеометрија и морфологија, како и на квантитативна анализа. Истражувањата на растителниот свет ги изведува палео/ботаничар со посебен осврт на водените животни (риби, мекотели, др.), птици и земен животински свет (рбетници и безрбетници) и др. Истражувањата се потпираат на утврдување на полот, староста, видовите, начинот на исхрана, патологија, како и нивното присуство во човековата исхрана, начинот на припрема и преработка, итн. Посебен сектор представува проучувањето на микро флората - полинологијата и проучувањето на спорите, што придонесува за утврдување на т.н. биостратиграфија (мацерација-лабораториска обработка на препарати, изработка на микроскопски препарати, статистичка обработка и графичко представување на резултатите-поленски дијаграм и интерпретација), како и на макро-флората со посебна применливост на дендрохронологија.

чл. 134 Освен физичките анализи на материјал се вршат и хемиски анализи.

чл. 135Основната истражувачка постапка ја определува стручниот соработник во зависност од конкретните потреби на археолошкиот локалитет, односно застапената култура, и во тој обем трошоците за нејзиното спроведување се на сметка на археолошкиот истражувачки проект. Евентуалните дополни И тесно стручни истражувања се на терет на посебната дисциплина.

чл. 136 Учеството на стручните соработници е за време на теренските работи или последователно, со можност за земање примероци според утврдената стручна регулатива, или со посебно овластување според инструкции и во нивно отсуство. Истражувачките резултати се достават во предвидениот законски рок. Соработникот поднесува индивидуално Известување за извршената експертиза и резултатите од неа. Резултатите се објавуваат паралелно од страна на двајцата истражувачи (раководителот и стручниот соработник), а археологот има право да информира и презентира дел од Известувањето на соработникот со негова претходна согласност и информирање на јавноста за авторството на резултатите.


ОРГАНИЗАЦИЈА НА АРХЕОЛОшКИТЕ ИСТРАжУВАЊА

[уреди]

СОСТАВ И СТРУчНА ЕКИПИРАНОСТ НА АРХЕОЛОшКИТЕ ИСТРАжУВАчКИ ТИМОВИ

[уреди]

чл. 137 Со оглед на комплексната структура на археолошки истражувања со нагласена мултидисциплинарност, која се препорачува како основен модел на истражувачките проекти, се наметнува неопходност од комплексни и хиерархиски уредени екипи. Структурата на екипите е во зависност од планираните дејства предвидени во проектниот елаборат.

чл. 138 Секој методолошки истражувачки вид за оптимално исполнување на потребите на истражувањето подразбира и минимум екипираност, и тоа: - за рекогносцирање се неопходни најмалку три лица обучени за спроведување на процесот на теренска документација; - за сондажни истражувања се потребни две стручни лица, при што раководителот е носител на Лиценца за сондажни истражувања; - за систематски истражувања е потребна покомплексна екипа зависно од осмисленоста и текот на истражувачкиот процес, односно еден раководител, неколку секторски супервизори, фотограф, документатор, теренски документатор-техничар или архитект, препаратор (еден или повеќе). Во колку се работи за истражувања од поголем обем може да се предвиди и место за административен асистент и др.

чл. 139Зависно од видот на истражувањето и по потреба се вклучува кадар оспособен за површинска документација на теренот - геодет, и спроведување на потребни комплементарни истражувања: геолог/педолог/седиментолог, палео/ботаничар, палео/зоолог, хидролог, климатолог, итн. При истражувањата на пештери (особено при рекогносцирање на палеолитски или мезолитски локалитети) се користат искуства и се соработува со спелеолози, се утврдува постојана соработка со геолог, седиментолог, палеонтолог за микро и макро флора и фауна, палео-антрополог.


УПОТРЕБА НА ОПРЕМА ПРИ АРХЕОЛОшКИТЕ ИСТРАжУВАЊА

[уреди]

чл. 139Археолошките истражувања вклучуваат употреба на одредена техничка опрема неопходна за изведба на истражувачкиот процес. Еден дел од оваа опрема е од генерален карактер, употреблив при сите видови на археолошки истражувања, додека дел е применлив единствено при конкретните видови на истражувања и во претходно обезбедени услови.

чл. 140Техничка опрема од генерален карактер: 1. Инструменти за обезбедување на основни технички информации на теренот: -бусола м53 или друга марка, мерна лента (30, 50 м), висок, либела -колци, пикети - најмалку 2 -цртачка табла формат А4 и прибор за пишување -мрежи со метална рамка за прецизно цртање (главно на праисториски локалитети и подводни истражувања), мин. дим. 1х1 м со внатрешна поделба

2. Оптички дигитални и електронски инструменти за алтернативна употреба: -нивелир или теодолит, метарска штица - електронски теодолит (тотална станица) со лап-топ ПЦ компјутер -Дисто електронски/ласерски мерач на дистанца со грешка ± 3 мм -ГПС ГеоЕџплорер 3 (или понов модел) -Воки-токи мини радио единица со ограничен домет до околу 2 км

3. Техничката опрема применлива при рекогносцирање на теренот вклучува -Инструменти за кабинетска анализа и планирање на експедициите: -картографски курвиметар -размерник -компјутер -скенер -Диктафон (лента или дигитален фајл-запис/УСБ приклучок) за оформување и собирање на аудио информации -Фотодокументациона опрема -стандардна фото-камера(леика/6х6цм формат; црно/бел, колор, слајдфилм) -дигитална фото-камера (опции:нормална, широкоаголна, макро) -дигитална видео камера 8 мм -стрелка, фотометар

чл. 141По исклучок опремата неопходна при изведба на истражувања во пештери вклучува користење на агрегат, продолжен електричен кабел со ситеми за осветлување, сајла, бор-машина со бургии.

чл. 142За прецизно определување на колоритот на седиментните наслаги неопходна е употреба на картици за седименти според Мунселл системот.

чл. 143 Непосредниот алат вклучува: - ситен алат (шпахтла, метличка, четка, итн.) - крупен алат (копач, лопата, мотика, итн.) - кофи (пластични, метални) - мрежи - сита за просевање со отвори 2х1.5 - торбички за промивање просеан седимент (за палеолит/мезолит) - трска за мерење на висината на пештерите

чл. 144Се препорачува употреба на правосмукалки на терен каде може да се обезбеди снабдување со електрична енергија.

чл. 145Современата опрема за изведба на археолошки истражувања вклучува користење и на метал-детектори. Условите за употреба на опремата за детекција се регулирани со чл. 63 од Законот за заштита на културното наследство. Употребата на метал детектори во координација со ГПС инструмент (минимум тип ГеоЕџплорер 3, и препорачлива употреба на ГПС Патхфиндер Про ЏР/ЏРС, или серија ГПС 1200) Користењето на метал детектори при теренски рекогносцирања и археолошки ископувања се ограничува и регулира со посебна дозвола за употреба.

чл. 146Опрема и амбалажа за собирање на движниот материјал (дрвени/пластични сандаци, пластични кеси во стандарден формат) со посебен систем на маркирање (општина/село, локалитет, сектор, м²/координати); - стерилни садови за депонирање примероци за хемиски анализи.


ВИД И СОДРжИНА НА ДОКУМЕНТАЦИЈА ОД АРХЕОЛОшКИТЕ ИСТРАжУВАЊА

[уреди]

чл. 147Инструментите на заштита се потпираат врз единствен пристап во идентификацијата на културното наследство содржан во интегриран информативен систем со можност за квалитетна споредливост и употребливост на податоците. Овој систем ги обединува податоците содржани во Националната класификација, Заштитната евиденција, Системот на валоризација и ревалоризација, како и Документирањето на културното наследство. Нивното значење е пропишано со Законот за заштита на Културното наследство (чл. 34, 35, 36), а критериумите, условите и начинот на вршење, како и видот содржината, стандардите, нормативите и начинот на документирање на Културното наследство се дополнително пропишани со подзаконски акти - Правилници. Документирањето на културното наследство и на добрата за кои основано се претпоставува дека претставуваат културно наследство (состојба, промени, процеси на работа) го вршат надлежните јавни установи за заштита, Архивот и други правни и физички лица определени со чл. 36 од Законот за заштита на културното наследство.

чл. 148Обврската на носителот на дозволата да води уредна документација и евиденција за археолошките истражувања и мерките на заштита што ги превзема, се прецизирани во член 59. 1. 1 од Законот за заштита на културното наследство.

чл. 149При документирање на појавите на теренот во контекст на секој методолошки вид на истражување неопходна е исцрпност во опсервацијата и документацијата на движниот и недвижниот археолошки материјал од сите пред- и историски епохи, вклучувајќи ги и резултатите на комплементарните на археологијата научни дисциплини со примена на релевантната методологија на истражување, а со акцент на недеструктивните методи на истражување, како на пример: геолошки, педолошки, климатски и други податоци погодни за понатамошна физичка и хемиска анализа.

чл. 150Археолошките истражувања се обврзани со водење посебен систем на документација, кој се однесува на текот на истражувањата, а кој систем претходи на изработката на Заштитната евиденција. Таа се диференцира во две основни групи: Теренска документација и Документација на предмети добиени по пат на археолошки истражувања. Раководителите и членовите на екипите се обврзани да ги исполнат овие барања, секој поединечно според задолженија и во меѓусебна соработка. Нивното исполнување е предуслов за продолжување на истражувачкиот процес. Овој документарен корпус се води за секое ископување и ланец на ископувања поединечно, и се нарекува Теренско досие. Секој локалитет на кој се вршени археолошки истражувања поседува Книга на теренски истражувачки досијеа која е депонирана во надлежната регионална установа и е инвентарирана во Централната документација.

чл. 151Основен метод на обележување на документацијата е со наведување на Основен дата-индекс за идентификација на археолошки локалитети испоменици. Насловот на локалитетот/споменикот содржан во Основниот дата-индекс е содржан во констатниот попис на регистрирани локалитети според регионална општинска единица, блиска населба-комплекс локалитети, име на локалитет. Основниот дата-индекс содржи: - Наслов на споменикот и референца (единствена нумеричка идентификација) - Локалитет - тип на археолошки локалитет/споменик, - Датирање. Основниот дата-индекс е сместен во одреден простор/поле во левиот агол на Обрасците и ја дефинира нивната содржина. Идентичниот број се јавува и кај другите видови и форми на документација (на пр. Техничка документација). Образложение: Сличен систем е претходно цитиран во обележувањето на нумизматичката документација, споредено со Словенија, каде тоа се врши според: Крајевни Лексикон Лјудске републике Словеније, Лјублјана 1954, и Археолоšка најдиščа Словеније, Лјублјана 1975, проследено со име на блиска поголема населба. За жал Археолошката карта на Македонија, том 2, не ја поседува прецизноста на ваков документ кој може да се користи како референтна литература. Таа може да послужи како помагало при подготовката на констатниот попис на регистрирани локалитети.

чл. 152Секое археолошко истражување е пропратено со редовно водење на документација од дескриптивен, технички и илустративен вид, според стандардизиран обем и методологија, содржано во Теренското досие. Таа директно резултатира од спроведената методологија на истражување, реципрочна е на параметрите содржани во поднесените барања за доделување на Дозвола за истражување, и произлегува од фондот на податоци и материјални наоди добиени со истражувањата. Основна документарна единица представува Метричкото ловче. Тоа се разликува со мали одстапувања зависно од употребата: за обележување на профил или депониран предмет. Метричкото ливче содржи: име на општина, блиска населба-комплекс локалитети, име на локалитет, сектор/зона/сонда на истражување, вид на истражување, објект или број на гроб, хоризонт кој се истражува и по потреба метрика, наод. Информациите содржани во поединечните видови документација се воединети, односно евидентирани, во стандардизирани формулари - Образци. Поединечните методолошки видови или аспекти на истражување (рекогносцирање, сондажно, систематско и подводно истражување) се исто така проследени со сопствен карактеристичен документационен корпус на податоци и документи/Обрасци, кои до одредено ниво се надоврзуваат на стандардната археолошка документација. Обрасците ги содржат Основниот дата-индекс дополнет со податоците содржани во метричкото ливче, специфични податоци карактеристични за видот на образецот и име на документаторот.

чл. 153Археолошките рекогносцирања според погоре утврдената методологија и принципи на спроведување на дејност подразбираат и соодветна карактеристична документација. Таа треба да содржи: - Обележување на рекогносцираниот регион со утврдени локалитети на топографска карта во стандарден размер М 1:25 000 - Изработка на планиметрија на поширокиот регион кој е предмет на рекогносцирање со сите утврдени локалитети и објекти - Изработка на планиметрија на главните утврдени локалитети, со поединечни споредни локалитети од помал обем или површински наоди, и карактеристични објекти во нивната поширока околина, со представени пристапни патишта - Изработка на топографски план на локалитет во хоризонтална и вертикална проекција, со внесени географски координати - Утврдена зона на простирање на локалитетот со шематски представено зонирање и евентуално хронологија, во колку се констатирани повеќе културни хоризонти проследени со соодветна идентификација и датација - Фотодокументација од повеќе аспекти (панорама, карактеристични визури и детали, коцентрации на движен материјал) - Собран движен материјал со документирана прецизно утврдена локација на местото на откривање според ГПС или други документациони системи - Листа на каталогизирани површински наоди проследени со соодветно маркирање при складирањето, со прецизна идентификација и датирање - Стандардно Известување за резултатите од рекогносцирањето до Управата

чл. 154 Со завршување на рекогносцирањето, поднесување на Известувањето и изработка на Документацијата, како и по публикувањето на резултатите од овие истражувања, обврска на истржувачот е рекогносцираниот локалитет да го вклучи во евиденцијата на археолошките локалитети, односно во централната база на податоци.

чл. 155Специфичната документацијата карактеристична за сондажните истражувања се состои од прецизни и јасни цртежи и планови на сондите внесени во покрупни ситуациони планови на истражуваниот локалитет и поединечно во размер 1:20, колорирани цртежи на профили со карактеристичен материјал, како и на систематичните откопи и/или хоризонти, проследени со легенда. Техничкиот цртеж има за цел графички да го претстави составот, бојата и текстурата на земјените депозити, нивниот континуален редослед и сите констатирани појави, природни и вештачки интервенции. Читливоста и точноста се неопходни поради задоволување на потребата за документарност. Според останатите карактеристики документацијата од сондажните истражувања е комплементарна со стандардната документација добиена со систематски истражувања.

чл. 156Стандардниот систем на дневно водена документација од археолошките истражувања содржи: - Дескриптивна документација: 1. Дневник - кој содржи: документација на текот на работите со описи, забелешки, констатации, анализи на состојбата, претпоставки, скици, референци кон обрсци со попишани коти, планови, фотографии, цртежи, инвентарни броеви на карактеристични наоди. Сите забелешки мораат да бидат јасни, уредни и разбирливи. (Дали Дневникот да се води според Образец)

- Техничка документација: 1. Нивелмански дневник како збир на образци за дневни висински мерења со прецизно определени висински точки внесени на план (во овнова и профил) проследени со краток опис или забелешка; 2. Техничка документација - лоцираност на топографска карта М 1:2 500; ситуација според квадратна мрежа М 1:100 или М 1:200; профили и основи за секој блок или сонда М 1:10 или М 1:20; објекти, во зависност од големината М 1:100 или 200 до М1:10-20; пресеци и изгледи во М=1:50; гробови М 1:10 или 1:20

- Илустративна документација: 1. Фототека со Фото-дневник - збир на обрасци со евидентирани снимања (објекти и предмети) според класична и дигитална фотографија 2. Збирка на цртежи и фотографии на движни наоди - М 1:1 или М 1:2

- Образци: 1. Образец за рекогносцирање 2. Образец за сондажно/систематско ископување 3. Образец за стратиграфски хоризонт 4. Нивелмански дневник 5. Листа на техничка документација за локалитет 6. Листа на техничка документација поединечно по објекти/сонди 7. Листа на евидентирани снимања со опис на секој кадар, посебно според класична и дигитална фотографија 8. Листа на движни наоди со податоци за директните околности на наоѓање, идентификација и датација на самиот предмет со краток опис, цртеж и фотографија за поважните предмети 9. Листа на движни наоди откриени вон контекст и случајни наоди 10. Гробен записник со попис на гробни наоди за секој поединечен гроб и шема за остеолошки материјал. 11. Листа на гробни наоди со идентификација и датација според поставеност на гробовите во ист хоризонт, групација, во одредена градба и сл. 12. Посебни листи на различни видови движни наоди според материјал (керамика, стакло, метал, коска), дополнително обработени и документирани според културен хоризонт 13. Листа на обработен и документиран остеолошки материјал 14. Листа на обработен и документиран епиграфски материјал 15. Листа на обработен и документиран нумизматички материјал 16. Листа на обработена и документирана архитектонска декоративна пластика 17. Листа на обработена и документирана градежна керамика 18. Пописна листа на собран материјал по кеси/кутии 19. Листа на мерки на заштита врз објекти и предмети, посебно, превземени во тек и по археолошките истражувања (Превентивни теренски заштитни мерки ПЗМ и

чл. 157Пропишаната низа на документација и пописни листи е обврзна за сите методолошки видови на археолошки истражувања. По потреба таа може да биде дополнета со други специфични видови на документација во зависност од конкретните потреби на материјалот и неговата обработка. Кабинетската обработка на материјалот подразбира прецизна класификација и типологизација на откриените наоди, кои податоци влегуваат во поединечните видови Заштитна документација.


ИЗВЕСТУВАЊА ЗА ИЗВРшЕНИ АРХЕОЛОшКИ ИСТРАжУВАЊА

[уреди]

чл. 159Раководителот на истражувањата според чл. 59. 3. 1-2 од Законот за заштита на културното наследство е обврзан во рок од три месеци по завршувањето на истражувањата да поднесе до Управата Известување за извршени археолошки истражувања, а во рок од една година да ја предаде финалната документација. За истражувања кои според Програмата и планот на истражувања траат во континуитет преку целата година Известувањето и Документацијата се предаваат до крајот на календарската година

чл. 160 Известувањето содржи фактографски и текстуален дел. Фактографскиот дел содржи: - Име и податоци за раководителот на истражувања, назив на надлежната институција - Имиња и податоци на членовите на екипата, стручна спрема, превземени одговорности во тек на истражувањата - Време на изведба на истражувањата - Основен дата-индекс со опис на локалитетот со топографски детали: локација според КП (катастарска парцела), општина, географски координати - Применета методологија на истражување, - Прилог: техничка и фото документација - Податоци за архивирана документација - Податоци за депонирање на материјалот и евиденција за депонирање - Спецификација за потрошени средства -Образложенија за евентуални отстапувања од предвидените позиции при барањето Дозвола.

Текстуалниот дел од Известувањето треба да содржи: -осврт кон претходните истражувања и нивен сооднос со новите истражувања; -опис на сите фази на истражување од почетокот до крај, констатирани културни слоеви, аналитички и критички осврти на нивната содржина поткрепено со илустративен материјал (цртежи, техничка документација и фотографии) и референца кон соодветните каталошки листи; -приказ на добиени стручни резултати со образложение; -потврдена хронологија со образложение; -податоци за превземените мерки за заштита на локалитетот по неговото напуштање и предлог мерки за трајна заштита и конзервација на откриените објекти, како и можности за презентација. Известувањето содржи посебни Известувања од секој поединечен учесник во истражувањето, вклучен на ниво на соработка, зависно од предвидениот ангажман. Тоа ги вклучува и сите образци од 1 до 11, 18 и 19. Посебно Известување за користење на помошни средства за детекција и резултатите од нивната примена, со мислење за корисност. Финалната документација ја содржи целокупната теренска и предметна документација според погорниот попис, изработена во туш на паус, и листи на обработен и документиран движен материјал (обрасци 11-16).

чл. 161Приемот на Известувањата од завршените истражувачки проекти ќе го врши Комисија која треба да влијае на запазување на техничките стандарди при изведбата на археолошки истражувања, формата и спознајниот капацитет на поднесените Известувања. Комисијата има право до три пати да го врати поднесеното Известување во колку смета дека тоа е некомплетно. Во колку поднесувачот не успее да поднесе задоволувачко Известување според овие стандарди, Комисијата има право да ја одземе Лиценцата за археолошки истражувања. Како конечна инстанца се препорачува ангажирање на рацензент, по можност анонимен, кој ќе го верификува приемот на поднесеното известување со соодветна Рецензија во согласност со која Комисијата ќе треба евентуално да превземе одредени рестриктивни или стимулативни активности.

чл. 162Сите услови поединечно представени и образложени се бодуваат со систем на бодови аналоген на системот за бодување на поднесеното Барање за Дозвола за археолошки истражувања.


ДЕПОНИРАЊЕ НА МАТЕРИЈАЛ ОД АРХЕОЛОшКИТЕ ИСТРАжУВАЊА

[уреди]

чл. 163Оригиналната теренска документација се депонира во претходно посочениот рок во Архивата на Управата. Раководителот на ископувањата има право да задржи копија/фотокопија од документацијата.

чл. 164 Архивата на Управата која ја превзема документацијата на чување се обврзува на: - прецизно инвентарирање на секој пооделен број и вид од приложената документација; - уредно депонирање и компјутерско архивирање (скенирање на материјалот); - тајност на документацијата во рок од три години во кој термин одговорниот истражувач е должен да го публикува материјалот според чл. 59. 3. 3; - тајноста на документацијата се прекинува по изминатиот рок со официјален акт, по кој таа станува достапна на сите заинтересирани страни; - Архивот се задолжува со водење евиденција за необјавен материјал и објавување на овие листи во одредени интервали (на пр. на секои 5 години) со цел за стимулирање на истражувачката дејност врз веќе откриен но необјавен материјал; - изготвување копии на документацијата за потребите на истржувачот или други заинтересирани лица со прецизно водење евиденција за издадените примероци;

чл. 165 Одговорниот истражувач има обврска по завршувањето на теренските истражувања и процесот на кабинетско истражување и лабораториска обработка на материјалот во рок од 30 дена, а најдоцна 1 година по завршувањето на ископувањата, да ги предаде движните наоди на надлежната установа задолжена за нивно чување и депонирање во согласност со чл. 61 од Законот за заштита на културно наследство (став 6 ?). Во колку одговорниот истражувач е правно лице тој е обврзан кабинетското истражување на материјалот да го изведува во рамки на соодветната јавна институција.

чл. 166 Аналогно на обврските на Архивата при Управата во која се депонира оригиналната документација, и јавната установа на која и е доверена грижата за движниот материјал е обврзана на почитување на правото на научна сопственост во смисол на обработка на наодите и објавување на резултатите од истражувањата согласно чл. 62 од Законот за заштита на културно наследство. Установата која го превзема материјалот на чување се обврзува на: - прецизно инвентарирање на целиот депониран материјал според копија од теренската листа на движни наоди со податоци за околностите на пронаоѓање, идентификација и датација на предметите со краток опис, цртеж и фотографија за поважните предмети, Образец 8; - уредно депонирање и компјутерско архивирање (скенирање на материјалот); - водење евиденција за необјавен материјал и доставување на овие листи во одредени интервали (на пр. секои 5 години) до Управата со цел за стимулирање на истражувачката дејност врз веќе откриен но необјавен материјал; - заради деструктивниот карактер на трајното депонирање на движниот археолошки материјал ограничувањето на правото на научна сопственост се лимитира на максимум 10 години. Во колку одговорниот истражувач или член на екипа кој учествувал во истражувањата во овој период не отпочнат детални проучувања со цел публикација и јавна презентација на материјалот и податоците, тие се сметаат незаинтересирани и Управата со посебен акт има право да го симне ветото на научна сопственост и да го стави материјалот на располагање пред стручната јавност.

Мултидисциплинарни истражувања чл.167Посебните видови материјал чија обработка е предмет на мултидисциплинарни истражувања (нумизматика, епиграфика и антропологија) се проследени со посебна документација. Оваа документација ги обединува податоците добиени од Теренската документација, Листа на движни наоди - Образец 8, кои низ стручна експертиза ги дополнува и вообличува во Листа на обработен и документиран остеолошки/епиграфски/нумизматички материјал - Образец бр. 12-14. Теренската документација за конкретен вид наоди (нумизматички, епиграфски, антрополошки) е содржана во пописна листа со нумерација карактеристична за локалитетот и конкретниот вид на материјал со реден број според примарниот теренски каталог, во кој се содржани податоците за местото на откривање (локалитет, сектор, објект, стратиграфски слој, кота), редден број на Стандардниот нумизматички или епиграфски картон, како и на повисокиот вид Централна документација, број на фотодокументација. Низ понатамошна работа документацијата на предмети добиени по пат на археолошки истражувања ја преточува во системот пропишан со Заштитната документација, односно Основната, Матичната и Централната документација (или евиденција). Основната документација е содржана во Стандардниот нумизматички/епиграфски картон На сличен начин и резултатите од другите комплементарни истражувања се поднесуваат до раководителот на истражувањата во вид на листи податоци според земени примероци.


НАДЗОР

[уреди]

чл. 168 Условите за археолошки надзор и привремено запирање на истражувачките работи се пропишани со чл. 67 од Законот за заштита на културното наследство. Надзорот го вршат внатрешни или надворешни овластени лица. При увидот овластените лица прават Записник за затекнатата состојба на теренот. Увидот има за цел да утврди: - дали истражувањата се одвиваат согласно предложената и прифатена програма и издадена Дозвола; - дали се почитуваат методолошките принципи на работа и стручна обработка на податоците; - кои и какви мерки на заштита се применуваат на самиот локалитет и врз движните и недвижните наоди.

чл. 169 Доколку истражувачките работи се одвиваат спротивно од искажаното во дозволата и програмата за истражување, Управата може да издаде Решение за привремено прекинување на работите, или со Решение да ја одземе Дозволата. Посебна Комисија формирана од Директорот на Управата, најдоцна во рок од три дена ќе ги разгледа причините за прекин на работите или одземање на Дозволата, и ќе даде мислење со конечно Решение.

ИНФОРМИРАЊЕ НА ЈАВНОСТА

[уреди]

чл. 169 Објавувањето на резултатите се врши во периодична едиција - Билтен на резултати од археолошки истражувања - која ја издава Управата секоја година. Според чл. 60. 3 од Законот за заштита на културното наследство носителот на Дозволата за археолошки истражувања има обврска да ги објави резултатите од истражувањата најмногу во рок од три години. По нивното објавување секој учесник има право да ги објави резултатите од сопствените истражувања. Во колку носителот на Дозволата не ги објави резултатите, Управата го стопира натамошното истражување на локалитетот. Во колку и по две години од овој рок носителот на Дозволата или член на екипата, како соработник со право на предимство од втор сепен, не ги објават резултатите од истражувањата, Управата има право да ги објави претходно поднесените Известувања. Со тоа локалитетот се става на располагање за понатамошно истражување пред друг истражувач. Со тоа се гарантира 5-годишна тајност на податоците, доставање на издржано и употребливо Известување од страна на носителот на Дозволата, како и стручност и одговорност од страна на членовите на екипата; се обезбедува достапност и оптек на материјалот и податоците од археолошките истражувања.

чл. 170 Во тек на археолошките истражувања неопходно е да се обезбеди тековно дневно информирање на јавноста за време на истражувањата. На крајот од истражувачката сезона неопходно е подтикнување на систем на усна информација на стучно ниво со јавна презентација на резултатите. Секој истражувачки проект треба да биде представуван два пати годишно на званичен Њеб сите на Управата, и тоа во вид на предстојна истражувачка програма и резултати од извршени истражувања, респективно на почетокот и крајот на истражувачката сезона.

ЗАВРшНИ ОДРЕДБИ

[уреди]

чл. 171 Установата е должна да излезе во пресрет на истражувачката екипа со отстапување на располагање на теренските капацитети (барака/контејнер, санитарен јазол, чешма, пристапен пат итн.), а раководителот на ископувањата е должен да ги подмири сметките за користење на струја и вода, и да ги остави овие капацитети во уредна состојба


Библиографија

[уреди]

Закон за култура, Службен весник на Република Македонија год. ЛИЏ, бр. 66, 17 октомври 2003, 1-11

Закон за заштита на културното наследство, Службен весник на Република Македонија год. ЛЏ, бр. 20, 2 април 2004, 2-37

Закон за Музеите, Службен весник на Република Македонија год. ЛЏ, бр. 66, 1 октомври 2004, 2-8

Закон за, Службен весник на Република Македонија год. ЛЏ, бр. 20, 2 април 2004,

Zakon o kulturnim dobrima (na SR Srbija), Slu`beni glasnik SRS br. 6, 27 januar 1990, 243-258

V. Brguljan, Međunarodni sistem zaštite kulturnih I prirodnih dobara, Zagreb-Beograd 1985

Getty Standards Program Homepage, 2004

M. i D. Gara{anin, Priru~nik za arheolo{ka iskopavawa, Beograd 1953

T.R. Hester, R.F. Heizer, J.A. Graham, Field Methods in Archaeology, California: Mayfield Publishing Company, 1975

M. Joukowsky, A Complete Manual of Field Archaeology, Tools and Techniques of Filed Work for Archaeologists, New York-London-Toronto-Sidney-Tokyo: Prentice Hall Press, 1986

J. Reiderer, Archäologie und Chemie – Einblicke in die Vergangenheit, Austellung des Rathgen-Forschungslabors SMPK, September 1987-Januar 1988, Staatliche Museen - Rathagen-Forschungslabor, Preuβischer Kulturbesitz – Berlin: 1987

E.C. Harris, Načela arheološke stratigrafije, Ljubljana: SAD, 1989

P. Kos, Die Fundmünzen der römischen Zeit in Slowenien (FMRS), Komission für Geschichte des Altertums der Akademie der Wissenschaften und der Literatur, Mainz, SAZU-Ljubljana, Berlin: GebrMann Verlag, 1988

M. Lazi¢, O zna~aju arheozoologije u arheolo{kim istra`ivawima, Glasnik SAD 6 (1990), 7-10 D. Nikoli¢, Primena palinologije u arheolo{kim istra`ivawima, Glasnik SAD 6 (1990), 11-15 D. Bogosavqevi¢, Srpsko sredwovekovno rudarstvo-istra`enost I vidovi ukqu~ewa arheologije, Glasnik SAD 6 (1990), 36-44 D. Nikoli¢, Mogu¢nost poreÚewa rezultata polenskih analiza sa arheolo{kih I geolo{kih lokaliteta, Glasnik SAD 9 (1993), 85-92 S. Babi¢, Arheologija i antropologija, Glasnik SAD 9 (1993), 143-147

@. Miki¢, O metodologiji terenske obrade skeletnog materijala, Specijalno izdanie na Godi{wak ANUBiH, Sarajevo 1978

N. Tasi¢-B. Jovanovi¢, Metodologija istra`ivawa u praistorijskoj arheologiji, Godi{wak SANU kw. 8, Beograd 1979

L.C. Klajn, Arheološka tipologija, Arheo, Ljubljana 1988

P. Barker, Tehnike arheološkega izkopavanja, Ljubljana 1998 [transl. from: Techniques of Archaeological Ecavations, London: B.T. Batsford Ltd., 1993]

coll. auth., Na~aloto, SofiÔ 1994

A-M. Hansson, On Plant Food in Scandinavian Peninsula in Early Medieval Times, Stockholm University: Archaeological Research Laboratory, 1997

S. Isaksson, Food and Rank in Early Medieval Time, Stockholm 2000

Center for Underwater Archaeology, Institute of Nautical Archaeology, Joint Expedition, Kiten 2001

K.N. Batchvarov, The First Black Sea Shipwreck Excavation: Kiten Bulgaria, INA Quarterly 28-1 (19 ), 3-9

C. Renfrew, P. Bahn, Archaeology, Theories, Methods and Practice, 3rd ed. reprint, London: Thames and Hudson, 2001

D. Rich and H. Evans, eds., 2003 Archaeological Fielwork Opportunities Bulletin, Archaeological Institute of America – 23rd edition (First Published in 1981), Boston: Boston University

J. Hoder, ^itaj}i go minatoto, Tekovni pristapi vo arheolo{kata interpretacija, Ohrid: Macedonia Prima, 2003