Писмо од Никола Карев до Гоце Делчев

Од Wikisource
Писмо од Никола Карев до Гоце Делчев

од Никола Карев
Драги Г(оце)

Моите извештаи стануваат се’ повеќе и повеќе само како голи констатации на оние свирепости и ѕверства што овој свет ги поднесува.

Одамна требаше веќе да им се даде називот извештаи за несреќите и бедите на христијаните во Вилаетот.

Во Крушевско и Битолско стануваат секојдневно ноќни блокади на села, а многубројните афери фрлаат многу луѓе в затвор. Не треба да чекаме повеќе, Гоце. Време е веќе да станеме и да се биеме. Да не чекаме слобода ниту од Грците ниту од Бугарите, ами сами ние Македонците да се бориме за наша Македонија, што ја засилува организацијата меѓу селаните и да не се споменуваат тврдењата дека „сите Македонци работеле за присоединувањето на Македонија кон Бугарија или Грција”.

Што се однесува до мене, никој не ќе може да ми ја одземе мојата храброст и мојот патриотизам.

Драго ми е да Ти соопштам дека сите наши момци се готови со пушка в рака да се бијат.

Н(икола)


Извор[уреди]

„Сами ние да се бориме за наша Македонија”, (Необјавено писмо на Никола Карев до Гоце Делчев) „Нова Македонија“, Скопје, бр. 7744 (5 мај 1968) стр. 8.