Од борбата/ 28 песна

Од Wikisource
27 песна „28 песна“

од народното творештво
29 песна
Собрал и уредил Блаже Конески во 1947. Песната е од с. Слиово, Дебарца.

Жените плачат, децата пиштат,
моми се кријат пo планините.
Во стред Дебарца огон ми горит,
славна Дебарца борба се водит -
од една страна партизаните,
од друга страна се фашистите.
 
Удрите браќа, не боите се,
скоро ќе паднит ѕверот германски,
скоро ќе дојдит нашта слобода,
во нашта мила татковина.
И туѓо царство не ќе постоват
и република ке построиме
во нашта мила татковина.


Поврзано[уреди]


Ова дело е во јавна сопственост во целиот свет бидејќи авторот е починат пред повеќе од 70 години.