Прејди на содржината

Неемија/ 11 глава

Од Wikisource

10 глава Неемија
11 глава
од н.п.
12 глава
Текстот е базиран на македонскиот превод на Библијата од 1999 година.

   1 Тогаш народните кнезови се населија во Ерусалим. Другиот народ фрлаше жрепка та од секои десет луѓе да излезе еден, кој ќе живее во светиот град Ерусалим, додека другите девет ќе останат во другите градови.
  2 И народот ги благослови сите луѓе, кои сакаа доброволно да живеат во Ерусалим.
  3 А еве ги покраинските главатари, кои се населија во Ерусалим и по јудејските градови, секој на својот имот.
  4 Во Ерусалим се населија Јудините синови и Венијаминовите синови. Од Јудините синови: Атај, синот Озиин, синот Захариев, синот Амариев, син Сефатиев, син Малелеилов, од Фаресовите синови
  5 Масиј, синот Варухов, син Холозов, син Азаев, син Адаев, син Јојаривов, син Захариев, син Силониев;
  6 Вкупно Фаресови синови во Ерусалим беа четири стотини шеесет и осум луѓе способни за бој.
  7 Еве ги Венијаминовите синови: Салуј, синот Месуламов, син Јоадов, син Федаев, син Колаев, син Масиев, син Итилев, син Исаијев,
  8 и неговите браќа: девет стотини дваесет и осум способни за бој.
  9 Јоил, синот Захариев, беше нивни заповедник; и Јуда, синот Сенуин, втор управител на градот.
10 Од свештениците: Једај, Јојарив, Јахин,
11 Серај, синот Хелкиев, син Масуламов, син Садоков, син Марајотов, син Ахитовов, настојник на Божјиот Дом,
12 и нивните браќа, кои исполнуваа служба во Домот: осум стотини дваесет и два; и Адај, синот Јероамов, син Фелалиев, син Амсиев, син Захариев, син Пасхоров, син Малахиев,
13 и неговите браќа, главатари на семејствата: двеста четириесет и два; и Амасај, синот Азариелов, син Азаев, син Месилемотов, син Имиров,
14 и нивните браќа, способни за бој: сто дваесет и осум. Завдил, синот Гедолимов, беше заповедник над нив.
15 Од левитите: Семај, синот Асувов, син Азрикамов, син Асавиев, син Вуниев;
16 и Саветај и Јозавад, од левитските главатари, за надгледување на надворешните работи на Божјиот Дом;
17 и Матаниј, син Михов, син Завдиев, син Асафов, кој управуваше со псалмите, ги почнуваше благодарниците и молитвите; и Вавукиј, втор меѓу своите браќа; и Авда, синот Салиев, син Галалов, син Јадутонов.
18 Во Светиот Град вкупно левити беа: двеста осумдесет и четири.
19 А вратари: Акув, Талмон и нивните браќа, кои чуваа стража на вратите: сто седумдесет и два.
20 А другиот Израел, свештениците и левитите, се населија во сите градови на Јудеја, секој во своето наследство, и по населбите на нивните полиња.
21 Нетинците живееја во Офил; Сих и Гиспа беа на чело на нетинците.
22 Настојник на левитите во Ерусалим беше Озиј, синот Ваниев, син Асавиев, син Матаниев, син Михеев. Тој беше од Асафовите синови, кои беа пејачи за служба на Божјиот Дом.
23 Зашто за нив беше царевата заповед и уредба за секојдневната служба.
24 Петај, синот Месизавеилов, од синовите на Залах, синот Јудин, беше место царот за секоја работа со народот.
25 Од Јудините синови се населија во Киријат-Арва и во нејзините селца, во Дивон и во неговите селца, во Јекавсеил и во неговите селца,
26 во Јесуја, во Молада, во Вет-Фалет,
27 во Асур Суала, во Вир Савеа и во нејзините селца,
28 во Сиклаг, во Мекона и во нејзините селца,
29 во Ен Римон, во Сареа, во Јармут,
30 Заноја, Одолама и во нивните селца, во Лахис и во неговите полиња, во Азика и во нејзините селца: и така се населија од Вир Савеа сè до Еномската Долина.
31 Венијаминовите синови живееја во Гаваја, Михма, Аја и Ветил и во нивните селца,
32 во: Анатот, Нова, Ананија,
33 Асора, Рама, Гитајама,
34 Адида, Севојима, Невалата,
35 Лод, Онон и во Долината на Харашим (дрводелци).
36 Заедниците на левитите се населија во Јуда и во Венијамин.
 

Поврзано

Надворешни врски


Ова дело е во јавен домен во земји каде авторските права се плус 70 или помалку.


It is not necessarily in the public domain in the United States if published from 1923 to 1977. For a US-applicable version, see {{PD-1996}}.

Public domainPublic domainfalsefalse