Небиднина/ Раѓање на зборот
Изглед
„Раѓање на зборот“ од Ацо Шопов |
- Глужд на глужд.
- Камен врз камен.
- Камена шума
- изѕемнина.
- Глужд на глужд.
- Камен врз камен,
- од камен и ние обата.
- Чади ноќта.
- Зборот се двои од темнина.
- Модар јаглен му гори во утробата.
- О ти што постоиш зашто не постоиш,
- небото го лулаш,
- земјата ја вртиш.
- О ти што постоиш зашто не постоиш,
- земјата јачи под камени плочници.
- Иде замелушен од своите смрти
- зборот што ги крши сите слепоочници.
- Глужд на глужд.
- Камен врз камен.
- Својот гроб со прокуда го копам.
- Отвори ме
- проклетио,
- ти тврдино камена,
- да изгорам во јагленот на зборот,
- да се стопам.