Прејди на содржината

Началное Учение за децата - Партенија Зографски

Од Wikisource
Началное Учение за децата

од [[w:Партенија Зографски]]


Началное Учение за децата - Партенија Зографски - 1858
Нов правопис Стар правопис

НАРАВОУЧИТЕЛНИ СОВЕТИ

1. Страхот Божји е начало и основаније (темел) на всјакое добро.

2. Не мисли, ќи можеш да скриеш от Бога не толку лошите работи, но и лошите мисли и намеренија: зашто Бог совршенно знает и гледат не толку все што правиме, но и тоа, што мислиме и што ќа помислиме во всета наша живот.

3. Човек носит на себе образ Божиј, за тоа и со работите тој требет да е подобен Богу; сиреч тој е должен все добро да правит, а от злото да бегат како од огон.

4. Ако си направил нешто лошо, сакаешти ли било, или не сакаешти, брго (скоро) покајсе.

5. Кој се некает кога согрешуват и не се молит Богу да го простит, тој мало по малу се утврдуват во злото, таке, што после и да сакат да се избавит от него неможет.

6. Нај прва и нај голема заповед е да љубиме Бога повеќе не толку от все нешто, но и от сами себе си, а пак човеците да и љубиме како сами себе си.

7. Кој исполнуват оваа заповед, сиреч кој имат љубов, тој никакво лошо никому не может да правит, зашто, кога љубиш некого, тога не му сакаш нему лошо, а добро, за тоа, кој имат љубовта, тој имат все - тој исполнуват со тоа всите Божји заповеди.

9. [1] Како ноќта што не может да бидет ден, таке и лошиот човек не может да бидет пријател Богу.

10. Каде е мир, љубов и слога (согласие) тамо е и Бог.

11. Не враќај никому зло за зло.

12. Бог ќа дает, ако не овде, на тој свет, всекому според работите на добријот добро, на лошијот лошо.

13. Блазе не тому, што имат много стока и пари, а тому што имат добро и благо срдце и е полн со страх Божји.

14. Вечна памет добиват не тој, што остават по смрти много богатство, но тој, што остават добро име.

15. Тоа, што неќеш да ти правит тебе другиј, не прави го и ти никому.

16. Воздавај чест на постарите а наивеќе на родителите ти.

18. Една работа, што незнаеш како ќа излезет, не захватај ја, без да се поучиш со некого, што знает.

19. Често се изложуват тој, што не се допрашуват со други.

20. Човек без помошт Божија никакво добро не может да направит; за тоа требет често и от все срце да се молиме Богу да не научит, просветит и укрепит на добро.

21. Учењето е голема работа, човек без него е получовек.

22. Како еден слеп што е пред опулен (што имат очи) и како глух пред здрав, така е еден неучен пред учен.

23. Учи напред книга на својот јазик, после, ако имаш време, учи и на други јазици.

24. Тој што учит книга толку на туѓ јазик, а не на својот, (како што прават некои от нашите Бугари), тој е еднаков (подобен) со тој, што отфрљат мајка си и на место неја земат друга.

25. Никој не се мразит и не се отречуват от мајка си, колку и грда да е таја. И не толку људите не прават тоа, но и животните (добиците): ќа се речет, ќи тој, што се отфрљат от народот свој, е подолу и от нај долната рака добици.

26. Немат толку безумен човек, што да имат лојзе или нива пак да се не грижет за них: колку безумни се тие, што се не грижет да учат и просветат децата си на добро, кои много се по драгоценни от нива и лозе.

27. Љуби отечеството си (татковината) и народот свој така, што, ако дојдет ред, и душата си да не пожалиш за них.

28. Како љубовта, (милоста) што требет да имаме кон Бога и људите, е корен на всите добри работи, така, от друга страна, и самољубието е корен на всите лоши работи.

29. Многу погрешуват тие, што велат, (кажуват) ќи не требало и не било прилично жените да се учат книга, тие не знајат, што кога мајката е учена и образована, тога и децата нејзини может да научит и наставит на добр пат; зашто прв и всекогашен учител за децата е мајката, за тоа блазе тому, што имат учена и образована мајка.

30. Много безумни и несмисленни се тие, што не учат децата си книга, не зашто немат со што да и учат, а зашто не им се сака да похарчат мало пари, но таквите татковци исто така прават, како тој, што оставил нивата несејана, зашто му било жал да загубит семето, без да помисли безумнијот, што от едно зрно има да земет сто зрна.

31. Тешко и горко на таја куќа, (кашта) где помалите немат послушаније и покорност на постарите: тамо никакво добро и напредија не может да бидет.

32. Тешко на тоа село и на тој град, где селјаните и гражданите немат помежду си мир, милост и слога; тамо никакво добро и напредија не может да бидет.

33. Не е човек тој човек, што не мислит и не се грижет, според силата си, за обштеполезните работи не толку на селото си и градот, но и на всијот народ.

34. Не собирај се и немај дружба с’ лоши и изнаопачени человеци, зашто кој со какви ходит таков и бидуват.

35. Ако сакаш да си совршен човек и да имаш почет от другите, учи се книга на младо време, имај страх Божји и љуби правдата.

НРАВОУЧИТЕЛНИ СОВЕТИ

1. Страхъ-отъ Божiй е начало и основаниiе (темелъ) на всякое добро.

2. Не мисли, тьи можешь да скриешь оть Бога не толку лоши-те работи, но и лоши-те мисли и намѣренiя: защо Бог совршенно знаеть и гледать не толку все що правиме, но и тоа, що мислиме и що тьа помислиме во все-та наша животь.

3. Човек носить на себе образь Божiй, за тоа и со работи-те той требеть да е подобень Богу; сирѣчь той е дължень все добро да править, а оть зло-то да бегать како оть огонь.

4. Ако си направиль нещо лошо, сакаещи ли било, или не сакаещи, бърго (скоро) покайсе.

5. Кой се некаеть кога согрѣшувать и не се молить Богу да го простить, той мало по малу се утврдувать во зло-то, таке, що после и да сакать да се избавить оть него неможеть.

6. Най прва и най голема заповѣдь е да любиме Бога поветье не толку оть все нещо, но и оть сами себе си, а пакь човеци-те да и любиме како сами себе си.

7. Кой исполнувать оваа заповѣдь, сиреч кой имать любовь, той никакво лошо никому не можеть да править, защо, кога любишь некого, тога не му сакашь нему лошо, а добро, за тоа, кой имать любов та, той имать все - той исполнувать со тоа вси-те Божiй заповѣди.

9. Како ноть-та що не можеть да бидеть день, таке и лошiй-оть човекь не можеть да бидеть приятель Богу.

10. Кѫде е мирь, любовь и слога (согласiе) тамо е и Богь.

11. Не вратьай никому зло за зло.

12. Бог тьа даеть, ако не овде, на той светь, всекому споредь работи-те на добрiй-оть добро, на лошiй-оть лошо.

13. Блазе не тому, що имать много стока и пари, а тому що имать добро и благо срдце и е пълнъ со страх Божiй.

14. Вечна паметь добивать не той, що оставать по смьрти много богатство, но той, що оставать добро име.

15. Тоа, що нетьешь да ти править тебе другiй, не прави го и ти никому.

16. Воздавай честь на постари-те а наиветье на родители-те ти.

18. Една работа, що незнаешь како тьа излезеть, не захватай я, безь да се поучишь со некого, що знаеть.

19. Често се изложувать той, що не се допрашувать со други.

20. Човекь без помощь Божиiя никакво добро не можеть да направить; за тоа требеть често и оть все сьрце да се молиме Богу да не научить, просветить и укрепить на добро.

21. Ученiе-то е голема работа, човекь безь него е получовекь.

22. Како едень слепь що е предь опулень (що имать очи) и како глухь предь здравь, така е едень неучень предь учень.

23. Учи напредь книга на свой-оть язик, после, ако имашь време, учи и на други язици.

24. Той що учить книга толко на тугь язикь, а не на свой-от, (како що правать некои оть наши-те Бугари), той е еднаковь (подобень) со той, що отфрльать майка си и на место нея земать друга.

25. Никой не се мразить и не се отречувать оть майка си, колку и гьрда да е тая. И не толку люди-те не правать тоа, но и животни-те (добици-те): тьа се речеть, тьи той, що се отфрљать оть народь-оть свой, е подолу и оть най долна-та рѫка добици.

26. Немать толку безумен човекь, що да имать лойзе или нива пакь да се не грижеть за нихь: колку безумни се тие, що се не грижеть да учать и просветать деца-та си на добро, кои много се по драгоцѣнни оть нива и лозье.

27. Люби отечество-то си (татковина-та) и народь-оть свой така, що, ако дойдеть ред, и душа-та си да не пожалишь за нихь.

28. Како любов-та, (милось-та) що требеть да имаме конь Бога и люди-те, е корень на вси-те добри работи, така, оть друга страна, и самолюбiе-то е корень на вси-те лоши работи.

29. Многo погрѣшуватc тие, що велатѣ, (кажуватѣ) тьи не требало и не било прилично жени-те да се учать книга, тие не знаять, що кога майка-та е учена и образована, тога и деца-та нейзини можеть да научить и наставить на добрь пѫт; защо првь и всекогашень учитель за дѣца-та е майка-та, за тоа блазе тому, що имать учена и образована майка.

30. Много безумни и несмисленни се тие, що не учать деца-та си книга, не защо немать со що да й учат, а защо не им се сака да похарчать мало пари, но такви-те татковци исто така правать, како той, що оставил нива-та несеяна, защо му било жаль да загубить семе-то, безь да помисли безумнiй-от, що оть едно зьрно има да земеть сто зьрна.

31. Тешко и горко на тая кутьа, (кѫща) где помали-те немать послушанiе и покорность на постари-те: тамо никакво добро и напредiя не можеть да бидеть.

32. Тешко на тоа село и на той градь, где селяни-те и граждани-те немать помежду си мирь, милость и слога; тамо никакво добро и напредiя не можеть да бидеть.

33. Не е човекь той човекь, що не мислить и не се грижеть, според сила-та си, за общеполезни-те работи не толко на село-то си и градь-оть, но и на всiй-оть народь.

34. Не собирай се и немай дружба съ лоши и изнаопачени человѣци, защо кой со какви ходить таковь и бидувать.

35. Ако сакашь да си совьршень човекь и да имашь почеть оть други-те, учи се книга на младо време, имай страхь Божiй и люби правда-та.


  1. Број 8 недостасува во оригиналот.