Прејди на содржината

Моторни песни/ Писмо

Од Wikisource

„Романтика“ „Писмо“

од Никола Јонков Вапцаров
„Песна за човекот“
Песната е издадена во 1940.


Ги паметиш ли
морето, машините
и тие кчадје, полни тема густа?
И оној копнеж див по Филипините,
по ѕвездите надрочени над Фламагуста?

Ти паметиш ли барем морнар еден
кој не втренчил во ширта поглед жеден,
кај квечерум, штом денот згине,
здив тропски како повеј мине?

Ти паметиш ли - не баш мошне тешко
ни гниеа во невратка надежите
и верата во доборото, човешкото,
и оној празен занес на копнежите?

Ти паметиш ли колку многу брзо
стапицата на животот нè зграби?
Се сепнавме. Но - доцна! Веќе слаби!
Со жестина нè беа врзале.
И ко на ѕверки, в кафез што ги клале,
и што безмилосно ги кошкаат,
нам очите ни светкаа во жалеј
и бараа и молеа за прошка!

А бевме млади, бевме толку млади...
А потем... потем почна да нè гнети
омразата што в срца нам ни стапи,
и ко гангрена,
не - ко болест зла ја сетивме
штом таа нарасна и душиве ги запи,
ги плетеше жестокото премрежие
на штурост и на мрачно безнадежие,
се роеше во крвта, се силеше в заканата,
а беше рано, беше толку рано...

А таму пак -
под вишен свод, ко моми
прпотеа галебите со крила.
А небото блескотеше ко момирок,
просторите синееја до милина.

На хоризнотот ката вечер
нам сите едра од очи ни се криеја,
катарките се губеа в далечина,
но, слепи бевме веќе ние.

За мене тоа мина, нема важност,
но делевме со тебе сламен одар,
та сега сетив потреба јас да ти кажам
како ли верувам и колку ли сум бодар.

Тоа е новото што не ми дава мира,
ми пречи да го прснам слепоочникот.
А злобата во срце трансформира
во еден бој, кој токму денес почнува.

Ќе ни ги врати тој бој Филипините
и ѕвездите надрчени над Фамагуста,
и радоста што в срцева се смрачи
и сета мртва љубов кон машините
и таа безгрижност од морето што зрачи,
кај повејот на тропикот се чувствува.

Над нас е ноќ.
Машината во ритам трака,
пригласува и вее топла вера.
Да знаеш колку животот го сакам
и колку јас ги замразив химерите...

За мене како ден е јасно -
со глави ние ледот ќе го здробиме,
и сонцето на хоризонтот згаснат,
да, наше сјајно сонце ќе се пробие.

И нека, божем пеперуга мала
и моево крилје подгорено да биде,
да колнам нема, ниту пак ќе жалам,
знам, сепак мора кон смртта да се иде.

Но, да се умре, земјата штом в бој
ќе почне сета своја гнилост да ја мете,
и кога на нозе се крене милионскиот рој,
тоа е песна, да, тоа е песна, паметете!



Поврзано

[уреди]


Сите дела од овој автор се во јавна сопственост во целиот свет бидејќи авторот е починат пред повеќе од 70 години.