Прејди на содржината

Моторни песни/ Романтика

Од Wikisource

„Спомен“ „Романтика“

од Никола Јонков Вапцаров
„Писмо“
Песната е издадена во 1940.

Јас сакам да напишам
денес
поема
во која да дише
на новото време
стих волен.
Да трепери в неа
крилатиот
гордиот
демон,
што светот го демне
од пол до пол.

И зошто е таму тој плач?
Зошто воздивнуваат луѓето
по некаква романтика
истината?
Романтика се сега моторите
што пеат
по небото сино.

И без да ја сфатите таа песна горда,
се муртите
в лудо,
без сила.
Ја носи таа човечката бодрост
на силните
челични
крила.
Ги гледам во утрето
јатата црни
кај прскаат
семиња
— чудо!
Во нивните песни
згора
што врнат
слободата
блика
и трудот.

Ги гледам како
над мориња летаат
и горе, над екваторскиот пек,
зелените полиња под нив светат
и светка арктичниот снег.

Тоа е новата романтика
која
се раѓа
и добива свој сјај.
И во двокрилното јато
се рои,
го крстари светот
од крај
до
крај.


Поврзано

[уреди]


Сите дела од овој автор се во јавна сопственост во целиот свет бидејќи авторот е починат пред повеќе од 70 години.