Маре мори Маре

Од Wikisource
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Маре мори Маре
а што бело переш!
А што бело переш,
а што црно носиш!
Дали мајка жалиш
или стари татко?
Или си го жалиш
твојто прво либе?
Ниту мајка жалам
ниту стари татко.
Туку си го жалам
мојто прво либе.
Војник ми отиде
време три години.
Коњот му се врати,
а него го нема.

Поврзано[уреди]