Македонски народни песни/ Ајде ќе те прашам бре Донке
Изглед
Ајде ќе те прашам бре Донке е македонска народна песна.
Текст на песната
[уреди]- Ајде ќе те прашам, бре Донке,
- Донке Вардаринке:
- Ајде дали тече, бре Донке,
- Вардар матна вода?
- Ајде тече, тече, бре лудо,
- бели далги фрла.
- Ајде ми донесе, бре лудо,
- до два ми јунака.
- Ајде први јунак ми беше
- тој ми Мирче Ацев
- Ајде втори јунак ми беше
- тој ми Страшо Пинџур.
Види исто така
[уреди]Надворешни врски
[уреди]
Ова дело е во јавна сопственост во целиот свет бидејќи авторот е непознат/народно творештво. |