Прејди на содржината

Коста Солев Рацин/ Да бидеш човек

Од Wikisource

„Да бидеш човек“

од Коста Солев Рацин
Оригиналната песна била издадена на српски, а препевов е на Гане Тодоровски..

Да бидеш човек, да имаш топла крв
Да мислиш со ум и создаваш со рака
Па да си нечие нешто.

Низ сиот живот ден и ноќ
Болно да венееш покрај челичната машина!
Да сонуваш за среќа
И да ја создаваш за друг
А самиот да си среќен - никогаш.
Да можеш се
Со грч во болка да создаваш
Па да си ништо пак.

Да си ги продадеш крвта, мускулите и умот
И да живееш - со животот на добиток!
Да бидеш милион,
Милион бледи лица и стиснати шаки,
И да си мртов предмет:
Да бидеш лопата и дикел
Да копаш
Патишта рамни
Некому за рај!
А за себе да коваш метален оков
На срамот и на бедата!..

О,
Да се плукне, да се плукне гадот валкан!
Да се отвори устата, да се ископаат очите
И ноќите ослепен
Од стихијата на зелениот Јад!...


Поврзано


Сите дела од овој автор се во јавна сопственост во целиот свет бидејќи авторот е починат пред повеќе од 50 години.