Коста Солев Рацин/ Герилска акција
„Герилска акција“ од Коста Солев Рацин |
Статијата е објавена како што е оригинално напишана, со правопис кој го користел Рацин. |
Овој чланак е напишан за да по-објасни некои понјатија.
Што е герилска акција? Това е четничка акција. Македонија е нејзината класична земја и ние ја познаваме таја акција. Ете зошто, секога кога говориме и дискутираме за неја, требе да го имаме примерот на нашите стари четници. Каква е таја акција? Спрема приликите, местата и задачите, она си добива разни форми. Но у основата си, она е индивидуална. Оти? Оти е акција на индивидуални герилски одреди, а не на целокупната народна маса. Една герилска чета дејствуе сама против непријателот, колку и да е потпомогната от народот и поврзана со со други чети. Това уште не значи дека нема случаи да у герилските одреди учествувајат и по хилјадници лица. Ама се до тогај, додека тија лица дејствувајат како герилски одреди, со определени герилски задачи - нифната акција си остануе индивидуална. Само кога борбата влезе у фазата на обшто народно востание, само тогај имаме колективна акција на народните маси, која си поставуе многу по-други и по-широки зачади. Затова, народно востание и герилска акција - се две разни работи. Востанието е цел на герилската акција, која се постигнуе со редица герилски акции, припреми и условија за победоносното учествуење на народните маси. Без това и без тија условија, не може да има востание освен у воображението, а герилска акција може и треба да има. После, герилската акција е една у мирно, а по-друга у воено време. У мирно време герилците вршат главно пропагандистичка и организаторска работа околу востанието. До колку они водат оужани акции, у поеке случаи това се одбрамбени борби. Но у војно време они водат акции у тилот на непријателот, кое има огромно значение за неговите вези со фронтот. Тија вези се неговата најосетлива точка, особено ако се по-близу до фронтот. Герилците тогај прават секаков вид саботажи за отежнуењето и кинењето на тија вези, нападајат на разни згради и објекти од воено значение и носат огромна забуна у тилот на непријателот, со кое пак го ојакнујат отпорот на народните маси. Востанието е у таков случај последниот и решителниот удар у тилот на непријателот, и има се по-големо значение, у колку има изгледи да го ослаби па и растури фронтот и да се претвори у општа народна револуција. Ама како што кажафме по-горе, това се редица акции, вршени од страна на герилците, кои ја постигнуат својата највисока точка со моментот на народното востание. Оти оно не стануе секога и сегаде - само ако посакаш. Неоспорно, у војно време изгледите за востание и револуција се много пораснати, но и тогај требе извесни условија и, што е главно - погоден момент. Без тија работи востание нема, и кој го разбира несериозно и си играе со него, прави само злочин против револуцијата и своите другари. Но, да пофториме, и без тија условија, нужни за востание, герилска акција може и требе да се води. Герилските одреди се составујат од најспремните, најхрабрите луѓе, кои се готови на сичко. Они се одметнати од властта, живејат нелегално, и се наоружани, како за својата лична одбрана така и за извршуењето на задачите. Нимното боравилиште може да биде на разни места и се одредуе од приликите и условијата. Они безусловно требе да си имајат свои јатаци и поверливи лица, кај кои можат да спијат и да се ранат. Но не е секој пат нужно да они имајат „своја територија“ или пак да се префрлујат од друга држава. Нашите стари четници живееја у Македонија, зимуеја по планините и селата, а и по градовите. И денешните руски четници зад германскиот грб дејствувајат у тија условија и и носат на Црвената војска голема помоќ. Разбира се, они можат тајно да ги држат под своја власт цели села и области околу ниф, но това уште не значи дека требе, додека се уште у првата фаза на својата акција, да го изазивајат непријателот кај и да ги сака и да ги напада. Само кога герилските акции ке влезат у својата втора фаза, у фазата на општо народно востание, како што е денеска у Србија и у Босна, само тогај они го чистат непријателот од извесна територија и прогласујат на неја своја власт. Но они таму се водат веке три месеци, поред това што се и други прилики. Кај нас това може да стане и ке стане само кога ке ја преминеме првата фаза. Ние на секој начин требе да водиме герилски акции. Под условијата на германо-блгарската окупација и војната против Совјетскиот сојуз, они се нужни и пред нашата свест и пред нашата савест. Пред смртната опасност со која не заплашуе фашизмот, ние треба да се решиме и на по-големи жертви и да ја прихватиме борбата која ни се налага, давајќи сичко у неја. Но това не требе да стане како очајнички акти на еден самоубиец. Ние има да се бориме за да извојуваме пибеда, а не само да умреме малко или поеке славно. Борбата само што почнала. Како и да се заврши зимово војната на рускиот фронт, нам ни предстои голема борба, - до нашата победа. Само малодушните можат да се изгубат и да не видат това. Војната има да се сврши со општи народни револуции по сите европски земји, било това сега или по една година. Но како ке станат они, од гледиштето на еден вистински болшевик? - Никако со чекање на победата на фронтот. Порано, некои мислеа дека Црвената армија ке победи и со това слободата ке биде готова. Но се покажа оти това е капитулантско гледиште. Победата ке дојде и на фронтот и зад фронтот заедно, после вистински битки и жертви на обете места. Хитлер нема никога да направи ред и мир у окупираните земји, ами нередот и гладот, а со това и недоволството и бунтот на народните маси ке нараснуат и зреат. Само преку нашата пожртвована активност ние ке можеме да станеме на чело на тија маси и нимната борба да ја доведеме до победоносен крај, кој ке биде и крај на војната. Ете зошто ние преку нашите герилски одреди ке си ја вршиме нашата длжност спрема Совјетскиот сојуз и нашите другари у Србија, Хрватска итн., и истовремено преку ниф ке стануеме на чело на народниот отпор, ке го организираме и ке го водиме по патот на општото народно востание. Ние у Македонија имаме особени и сложени условија. Но това уште не значи да не можеме да ги префрлиме. Ако од војната наваму не сме повеле никаква акција и малку сме изгубиле веза со масата, сега треба да работиме двојно. Но никако слепечки и безпринципијелно. У Србија се многу наши другари по шумите, а други ели се кријат ели се по концлагерите. У Блгарија има доста по концлагерите. Требе да се знае дека и кај нас ке почне това штом ќе се почне акција. Но од това не значи дека сите ке требе да бегаме по шумата и да дигаме одмах востание. Напротив, ние ке одиме по закониот ред на востанието. Со нашите герилци ние му отвораме фронт на непријателот. Но не требе да заборавиме дека тија акции ке бидат индивидуални, дека масата ке си сака своја форма на акција, зад нашиот тил. Ние требе не еднаш ами по сто пати да и ја објасниме на масата целта на герилската акција, да направиме од неја масова надежда и показател на борбите за хлеб, мир и крајот на војната. Ние никако не требе да губиме жива веза со тој наш тил, оти ако непријателот не одвои од масите, нам лесно ке не смачка. Затова, нашата герилска акција у очите на масите требе да биде јасна, да не стане авантуристичка ами планска, да она не губи ами дига вера у народот. Да не изгледа како очајничка акција на очајни комунисти, ами вистински народни борци. Оти непријателот постојано ке прави усилија да не оцрни и одвои од симпатиите на масите. А да не стане това, ние требе да одржаваме жива веза преку плакати, прогласи, билтени и листови со народот, и у ним постојано да го раскринкаваме непријателот, да му укажуеме пат на борбата, да у герилските одреди гледа онова, што некој пат гледал у четите. Нашите сили да не ги фрлиме само на едно место, ами да направиме плански распоред. Борбата влегуе у решителна фаза. Секој је ели со нас ели изгубен за нас. Поеке од нас ке живеат нелегално, оти инаку ке станат таоци, по концлагерите или по апсааните. Затова, на секого има да му се одреди местото и тој да стои и работи таму. Најпосле, мнозина се прашајат - „како да тргнеме“. Но ние нема никаде да тргнеме, а да работиме. Како „тргнаја“ у Србија, итн? Штом се објави војна против СССР, србските другари веднага почнаја со саботажи. Това предизвика реакција на властите, а последното - бегање и криење од властите и организирање на герилски акции и чети. Така има да почне и кај нас. Ние бргу требе да се спремиме со што можеме, да направиме распоред у работата и веднага да почнеме со акција. И ние ке почнеме со поедини саботажи, па после со развивањето на силите и понатакај. Но на секоја акција и мачнотија требе да гледаме болшевички, а не паникерски и очајнички. Сметаме дека герилската акција има вистински да се води, та овија неколку белешки ги направифме за да ја по-објасниме. Това е нифната цел. |
Поврзано
[уреди]Извор
[уреди]
Сите дела од овој автор се во јавна сопственост во целиот свет бидејќи авторот е починат пред повеќе од 50 години. |