Прејди на содржината

Коста Солев Рацин/ Војната и перспективите

Од Wikisource

„Војната и перспективите“

од Коста Солев Рацин
Статијата е објавена како што е оригинално напишана, со правопис кој го користел Рацин.
1. Ќе се заврши ли војната скоро?

Втората империалистичка војна влезе у својата трета година и уште нема знакови да се сврши. Хитлер го залажуе германскиот народ со победоносен свршек на војнава до крајот на 1941 г. Но това е негова пропагандна работа, која открива токмо противното. Со окупирањето на некои европејски држави, германците до сега изминаја само една фаза от војната. А со нападот на СССР они самите покажава дека мислат на по-долготрајна војна, отколку што говорат. Треба да се знае дека Хитлер води империалистичка војна, демек војна за нова империална поделба на светов. Колку до сега постигнал у таја војна? Хитлер до сега ликвидира само со францускиот империализам и го искошка от неговите европејски позиции. Но он текран има да се бори со британскиот и американскиот империализам. Извесно, после поражението на Франција Хитлер и предложи мир на Великобританија, за да направи еден стратегијски „предах“ и да се консолидира со своите. „Нов ред у Европа“ за понатакашното водење на војната. Но Великобританија му ги отфрли неговите преложенија за мир. Оти? Оти беше јасно дека германскиот империализам не можеше да се задоволи само со европејските постиженија. Веке со самите ниф тој ја заплаши метрополата на Великобританија и нејзините позиции у Европа, после кои тој не минуемо имаше да се фрли на нејзините африкански и азијски позиции. Ете зошто Великобританија се фрли у решителна борба со Хитлера, имајки ги зад себе се поеке и поеке како сојузник Североамериканските штати, кои исто така имајат заплашени позиции у Европа. От тогај војнава за Хитлера стана недогледна, а пропагандата доби за задача да и го замаскира крајот пред очите на германските маси. Ете зошто и самиот Хитлер требаше дрско да лаже пред очите на целиот свет, дека војната ке ја сврши победоносно до крајот на 1941., додека фактички е исправен пред недогледна војна у Азија, Африка, на Британскиот остров и бескрајната територија на СССР. Таја ужасна преспектива на Хитлер и неговата пропаганда требе со највешти фокуси да ја кријат от германскиот народ, за да би го одржале неговиот боен дух. Истата задача ја има и пропагандата на Хитлеровите вазали, за да го ослаби револуционерното расположение у народот, кое от ден на ден расте. Верно, за Хитлера и неговите вазали, пропагандата со своето неточно претставување на работите стана едно најефикасно оружие против сопствениот тил и тилот на непријателот. Војната се обкичуе со лажни украшенија и примамливи бои.

Зошто се водат империалистичките војни?

Това ке ни покажат внатрежните противучеренија на денешниов економски систем, кои се причини за империалистичките војни.


Поврзано

[уреди]

Извор

[уреди]


Сите дела од овој автор се во јавна сопственост во целиот свет бидејќи авторот е починат пред повеќе од 50 години.