Прејди на содржината

Кон Македонците

Од Wikisource
Кон Македонците

од Атанас Раздолов

Мили Македонци, кај и да одите,
Не заборавајте кај сте се родиле!
Другари искрени мои, запомнете:
По пари не се лакомете!
Повеќе разум и повеќе чест!
Кон својте маки вие свртете се,
Љубов во душата внесете.
Вашите убости читак ги милува,
Сестрите ваши ви ги силува.
Плодете мисли и сознанија,
Доста со солзи, плач, риданија-
Одвеќе трпевме, но дојде час
Дружно да тргнеме напред кон спас;
Во револуција да се кренеме,
Сите да викнеме: Светот џенем е!
Долу со чоргаџиите и со тираните!
Долу везирите! Долу султаните!
Долу беговите и кајмакамите!
Слободата ко сонцето да свети,
Рајата раат и радости да сети!
Македонијо, Македонијо,
Ти вечна кланица!
Земјо – маченица,
Земјо – страдалница!
Ако ја имав
Крале-Марковата сила –
Сета отоманска
Империја гнила
Под нозе би ми била!
Ќе немаше
Варварите – султаните
Да ни се ко црвје
Во раните ...!