Константин Миладинов/ Скрсти

Од Wikisource
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
„Думание“[1]

од Константин Миладинов
1859 февруарија



Фала Богу, чудо шчо е ова!
Црна земја за вода жедна
Как сиромав за стребро и злато!
Три месеци капка не прокопа,
Облак ми се на небо не каза,
Небо горит како сач над главје.
Поле ми е сосем побелело,
Руда трева пепел се сторила,
Црна земја ми се испукала,
Бистри реки ми се пресекнале.
Волој бичет по поле за вода.
Сиромаси кутри се отрицвет
Да доживет до друга година.
Тешка, Боже, твоја десна рâка!

Фала Богу, чудо шчо се стори!
Ден неделја рано на утрина
Си станаа попови и старци,
Мâжи, жени, деца и девојки,
Со икони, с крстои на рâце
Се застовет на широко поле,
Ходет в пâтем и Богу се молет.
Попој, дјаци жаљовно се молет
И пригласвет мало и големо:
„Скрсти одам, вишниј Бога молјам,
Господи помилуј нас грешни.“

Фала Богу, чудо шчо сум видел!
Марков камен крај гора зелена,
А над него мољба се пееше,
Низ дрвјата мољба се раздава
По планини, на далечни места,
И се креват на високо небо.
Сино небо пак јасно над глаи,
Пак мољбата, мољба на Господа.

Врашчаепчем, крај црков дојдофме.
Чудо божје! Ситна роса фати. -
В цркоф влегвет икони д’остает,
Дош со крбли фати да туриват.
Земја жадна се искапи вода,
Реки пофтор големи протекое,
От ред ниви ми се напâлние,
Сиромаси ми се зарадвее.[2]

Наводи

  • Песни, Константин Миладинов, Мисла, Македонска книга, Култура, Наша Книга, Скопје, 1986.

Забелешки

  1. Велиме, кога да не врнит, излегвам со крст и мали и големи и се молиме Господу за да паднит дош, ходешче, до Марков камен - К. Миладинов.
  2. Вистина, кога бех мал, ојдох скрсти небото. Ко сега паметва: беше јасно, а кога се вратихме дома, зароси, после заврна. - К. Миладинов.



PD-icon.svg Сите дела од овој автор се во јавна сопственост во целиот свет бидејќи авторот е починат пред повеќе од 100 години.