Константин Миладинов/ Писмо до бугарското настојателство

Од Wikisource
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Писмо до бугарското настојателство во Одеса

од Константин Миладинов
На современ македонски правопис.


Молба

Познато му е на вашето родољубно настојателство, дека секој род со својот јазик може побргу да се просвети и да биде почитуван од другите народи. Знајте колку нашата земја го загуби својот јазик и колку ќе остане назад од горна Бугарија во просветата, ако почне да се учи на бугарскиот јазик; гледајќи го тоа, јас не можев да дотрпам, и бидејќи учител на грчки јазик, оставив се што можев со грчкиот јазик да стекнам и дотрчав ваму за да научам словенска филозофија, за да можам потоа да се вратам назад и да го раздаам нашиот јазик на татковината моја. Затоа милно Ви се молам да ме приберете под Вашето крило и да ми помогнете со десет руби и сребро на година, за да го изучам рускиот и словенскиот јазик во Москва. И потоа како што реков горе, да се вратам во нашето место учител на бугарски јазик, или да одам каде Вие ќе ми најдете некое угодно место.

Константин Миладинов