Константин Миладинов/ Писмо до Георги Раковски

Од Wikisource
Писмо до Георги Раковски

од Константин Миладинов
Писмо до Георги Раковски во Белград. На современ македонски правопис.


Почитуван мој пријателу!

Радосно го примив вашето писмо од 19 јануари и со него две Ваши газети. Ги гледам, мој пријателу, достојните за пофалба ваши стремежи за нашата иднина. Работете! Колку повеќе работите, толку повеќе ја почитувате нашата народност, толку повисоки услуги правите на жтрвеникот на нашата татковина и толку повеќе ја привлекувате нашата народна љубов, која денес е најблагата награда на благородните души. Религиозното наше прашање има денес голема тежина и не е познато дали ќе се сопре до каде остана. Ние ја знаеме историската грчка итрина, со која толку пати не лулаа и со увереност можеме да речеме дека и сега истото ќе се случи: но бидејќи Бугарите не првпат се лажат, затоа нека останат до каде останаа. Страната на која ќе се завртиме не се предвидува, но сепак можеа умни луѓе да го раководат тој стремеж и да го доведат до еден тивок спасителен пат. Колку за таа книга за која пишувате, за папизмот, таа овде не е познаат; многу луѓе распрашав и никој ништо не знае.

Песните овде ќе ги напечатам, зашто еден се обврза да ги заврши до крајот на април. Но, Ве молам, огласите што ги испратив да ги раздадете со чесниот Ваш лист, спомнувајќи нешто за песните и особено за западните Бугари во Македонија. Во огласот мој ја нареков Македонија Западна Бугарија, (како и треба да се вика ), зашто во Виена Грците се однесуваат со нас како со овци. Тие Македонија ја бараат како грчка земја и не можат дури да разберат како да не е грчка. А тамошните повеќе од два милиони Бугари што ќе ги сторима? Нема белки Бугарите да бидат овци, а неколку Грци да ни бидат овчари? Поминаа тие времиња, Грците ќе си останат само со нивниот сладок сон. Песните мислам да се раздадат многу меѓу Бугарија и затоа гената ја определив не голема. Газетите Ваши со радост ги прочитав, ќе му ги покажам на неговата светост г. Кукулевич, овдешниот жупан. И од овде можете да се добие некој спомагател. А мене, Ве молам испраќајте ми ја за три месеци, апарите ќе ги добиете кога ќе се збогатам, т.е. кога од претплатниците ќе соберам пари. Имињата на претплатниците нека Ви се испратат таму, а Вие испратете ми ги овде.

Една од последните Ваши издадени книги (со ликови, кои го претставуваат грчкиот цар роб пред бугарскиот) видов во Виена последниве денови од моево претстојување, но немав доволно време д аги прочитам. Кога ќе слезам за дома, се надевам лично со Бас да се запознаам, поминувајќи низ Белград, и да ги набавам драгоцените Ваши книги за мојата сиромашна книжарница. Ви испраќам две мои песни, кои молам да ги поместите во ценетиот Ваш лист според неговата ориентација. Во спротивен случај, т.е. ако не е можно, имајте ги како спомен од мене. Песните нека се безимени.


Останувам секогаш Ваш искрен пријател,

К. Миладинов

12 февруари 1861 г. Загреб