Прејди на содржината

Книга на Исус Невин/ 19 глава

Од Wikisource

18 глава Книга на Исус Невин
19 глава
од н.п.
20 глава


  1 Втората жрепка излезе за Симеона, за племето на Симеоновите синови според нивните семејства: нивното наследство беше среде Јудините синови.
  2 Им беа доделени како наследство: Вир-Савеа, Савеа, Молада;
  3 Асар-Суал, Вала, Асем;
  4 Елтолад, Ветул, Орма:
  5 Сиклаг, Вет-Маркавот, Асар-Суса;
  6 Вет-Леваот и Саруен: тринаесет градови и нивните села.
  7 Аин, Ремон, Етер и Ашан: четири градови и нивните села.
  8 И сите населби што се околу тие градови, до Валат-Вира, Раман Негев. Тоа е наследството на племето на Симеоновите синови според нивните семејства.
  9 Наследството на Симеоновите синови беше од делот на Јудините синови, зашто делот доделен на Јудините синови беше преголем за нив. Затоа Симеоновите синови го добија своето наследство среде нивното наследство.
10 Третата жрепка излезе за синовите на Завулоновото племе според нивните семејства: нивното подрачје стигаше до Сарида,
11 откаде нивната меѓа се искачуваше на запад до Марала, стигнуваше до Давасет и допираше до потокот што е спроти Јокнеам.
12 Од Сарида меѓата свртуваше кон исток, сè до меѓата на Кислот-Тавор, откаде излегуваше до Даврат и се искачуваше до Јафа.
13 А оттаму одеше пак кон исток, до Гита Ефер и до Ита-Касин, излегуваше на Ремон и се враќаше до Неа.
14 Оттаму свртуваше од север околу Анатон и завршуваше во долината Јефта-Ил.
15 Па Катат, Налал, Симрон, Идал и Витлеем: дванаесет градови со своите села.
16 Тоа беше наследството на Завулоновите синови според нивните семејства: тие градови со нивните села.
17 Четвртата жрепка излезе за Исахар, за Исахаровите синови според нивните семејства.
18 А пределот им беше: Езраел, Кесулот, Суним;
19 Афераим, Сеон, Анахарат;
20 Равит, Кисион, Авес;
21 Ремет, Ен-Ганим, Ен-Ада и Вет-Фасис.
22 Потоа меѓата допираше до Тавор, Сахасим и Вет-Семес и излегуваше на Јордан: шеснаесет градови со нивните села.
23 Тоа е наследството на племето на Исахаровите синови според нивните семејства: тие градови со своите села.
24 Петтата жрепка излезе за племето на Асировите синови според нивните семејства.
25 Нивната земја беше: Хелкат, Али, Ветен, Ахсаф;
26 Аламелех, Амад, Мисал. На запад меѓата допираше до Кармел и до Сихот-Ливнат.
27 Потоа завртуваше кон сончевиот исток до Вет-Дагон, и допираше до Завулон и до долината Ефтаил од север; натаму се тегнеше низ Ветемек и Наил и стигнуваше до Хавул одлево,
28 па Хеврон, Реов, Амон и Кана сè до Големиот Сидон.
29 Тогаш меѓата свртуваше кон Рама и до тврдиот град Тир, па завртуваше кон Оса и излегуваше на море. Ги опфаќаше Махалев, Ахсив.
30 Ама, Афек и Реов: дваесет и два града со нивните села.
31 Тоа е наследство на племето на Асировите синови според нивните семејства: тие градови и нивните села.
32 Шестата жрепка излезе за Нефталимовите синови според нивните семејства.
33 Нивната меѓа оди од Елав и од Алон во Сананим, од Адами-Некева и од Јавнил до Лакум и излегува на Јордан.
34 Потоа меѓата свртува на запад кон Азнот-Тавор и се тегне оттаму кон Укок; на југ допира до Завулон, на запад до Асир и до Јуда на исток до Јордан.
35 Утврдени градови беа: Сидим, Сер, Амат, Ракат, Хинерот;
36 Адама, Рама, Асор,
37 Кадес, Едреј, Ен-Асор;
38 Ирон, Мигдал-Ил, Орем, Вет-Анат, Вет-Семес: деветнаесет градови со своите села.
39 Тоа е наследството на племето на Нефталимовите синови според нивните семејства: тие градови и нивните села.
40 Седмата жрепка излезе за племето на Дановите синови според нивните семејства.
41 Подрачјето на нивното наследство беше: Сар, Естаол, Ир-Семес,
42 Салавин, Ајалон, Етла,
43 Елон, Тамната, Акарон,
44 Елтекон, Гиветон, Валат,
45 Јуд, Вани-Варак, Гат-Римон,
46 Ме-Јаркон и Ракон со подрачјето кон Јопа.
47 Ама подрачјето на Дановите синови беше претесно за нив; затоа Дановите синови удрија на Лесем, го освоија и погубија сè со острилото на мечот, и Лесем го нарекоа Дан, по името на Дан, својот татко.
48 Тоа е наследството на племето на Дановите синови според нивните семејства: тие градови и нивните села.
49 Кога ја завршија делбата на земјата со жрепка и ги утврдија нејзините меѓи, Израелците му дадоа на Нсуса, синот Навинов, наследство во својата средина.
50 По Господовата заповед му го дадоа градот што го сакаше за себе: Тамнат-Сарах во Ефремовата Гора; тој го утврди градот и се настани во него.
51 Тоа се наследствата што свештеникот Елеазар и Исус, синот Навинов, и главатарите на израелските племиња ги поделија со жрепка меѓу израелските племиња во Сило, пред Господа, при вратата на Шаторот на средбата. Така ја завршија делбата на земјата.

Поврзано

[уреди]

Надворешни врски

[уреди]

Ова дело е во јавен домен во земји каде авторските права се плус 70 или помалку.


It is not necessarily in the public domain in the United States if published from 1923 to 1977. For a US-applicable version, see {{PD-1996}}.

Public domainPublic domainfalsefalse