Прејди на содржината

Книга на Исус Невин/ 18 глава

Од Wikisource

17 глава Книга на Исус Невин
18 глава
од н.п.
19 глава


   1 Се собра заедницата на Израелевите синови во Сило, и таму го оптегнаа Шаторот на средбата. Сета земја им се покори.
  2 Но меѓу Израелевите синови останаа уште седум племиња, кои не го примија своето наследство.
  3 Тогаш Исус им рече: „До кога ќе се двоумите да тргнете и да ја земете во сопственост земјата што ви ја даде Господ, Бог на вашите татковци?
  4 Изберете по тројца луѓе од секое племе, а јас ќе ги испратам да ја опишат сета земја за делба. Кога ќе се вратат при мене
  5 ќе ја поделам земјата на седум делови. Јуда нека остане во своето подрачје на југ, а Јосифовиот дом нека остане на својот крај на север.
  6 А вие опишете ја земјата на седум делови и донесете ми тука, за да фрлам жрепка за вас тука пред Господа, нашиот Бог.
  7 Левитите не ќе имаат дел меѓу вас, зашто Господовото свештенство е нивно наследство; а Гад, Рувим и половината од Манасиевото племе го примија своето наследство на источната страна на Јордан - она што им го даде Мојсеј, Господовиот слуга.”
  8 Луѓето се подготвија за пат, а Исус им заповеда на оние кои тргнаа да ја опишат земјата: „Отидете и обиколете ја сета земја и опишете ја, па тогаш вратете се кај мене за да фрлам жрепка тука пред Господа во Сило.”
  9 Тие луѓе отидоа, поминаа низ земјата и ги запишаа во книга сите градови во седум делови, па се вратија кај Исуса во логорот во Сило.
10 А Исус фрли за нив жрепка во Сило пред Господа, и таму им ја раздели Исус земјата на Израелевите синови според нивните племенски делови.
11 И жрепката му падна на племето на Венијаминовите синови според нивните родови: се утврди дека нивниот дел е меѓу делот на Јудините синови и на Јосифовите синови.
12 Северната меѓа им се тегнеше од Јордан па излегуваше покрај северната стрмина на Ерихон, се искачуваше од запад на гората и завршуваше во пустината Вет-Авен.
13 Оттаму одеше кон Луз, односно Ветил; потоа се спушташе во Атарот-Адар, покрај брдото што е јужно од Долниот Вет-Орон.
14 Натаму меѓата завиваше и свршуваше од запад кон југ, од гората што се издига спроти Вет-Орон од југ, и завршуваше кај Киријат-Вал, денес Киријат-Јарим, град на Јудините синови. Тоа е западната страна.
15 Јужната страна почнуваше од границите на Киријат-Јарим, па се тегнеше на запад кон изворот Нефтој,
16 потоа меѓата се спушташе до крајот на гората што е спроти долината на Еномовиот син на север на Рафаимската низина, потоа слегуваше во долината Еном покрај Јевусејската Стрмина и стигаше до изворот Ен-Рогил.
17 Потоа свртуваше од север па излегуваше на Ен-Семес и го допираше Галилот, што се издига спроти Адумимското Нагорниште, и слегуваше на Каменот Воан, на Рувимовиот син.
18 Потоа поминуваше по стрмината од северната страна на Вет-Арава и слегуваше до Арава.
19 Натаму меѓата течеше покрај стрмината Вет-Огла кон север и свршуваше на северниот залив на Соленото Море, до јужниот крај на Јордан. Тоа е јужната меѓа.
20 Јордан пак беше меѓа на источната страна. Тоа е наследството на Венијаминовите синови, со нивните меѓи наоколу според нивните семејства.
21 Градовите на племето на Венијаминовите синови според нивните родови се: Ерихон, Вет-Огла, Емек-Кесис;
22 Вет-Арава, Семараим, Ветил;
23 Авин, Фара, Офра;
24 Хефар-Амона, Офниј и Гава: дванаесет градови со своите села.
25 Гаваон, Рама, Вирот;
26 Миспа, Хефира, Моса;
27 Рекем, Ирфаил, Тарала;
28 Сила, Елеф, Јевус (тоа е Ерусалим), Гават и Киријат: четиринаесет градови со своите села. Тоа е наследството на Венијаминовите синови според нивните родови.

Поврзано

[уреди]

Надворешни врски

[уреди]

Ова дело е во јавен домен во земји каде авторските права се плус 70 или помалку.


It is not necessarily in the public domain in the United States if published from 1923 to 1977. For a US-applicable version, see {{PD-1996}}.

Public domainPublic domainfalsefalse