Закон за знамето на Република Македонија (1992)
СРМ | Закон за знамето на Република Македонија од Влада на Република Македонија |
1995 |
“Сл. весник на Р Македонија” бр. 50/92 од 12.08.1992 год. |
Член 1
Со овој закон се утврдува знамето на Република Македонија.
Член 2
Знамето на Република Македонија е црвено со златножолто сонце. Сонцето е со осум основни и осум споредни сончеви зраци, благо здебелени во првата половина, наизменично и симетрично наредени околу сончевиот диск. Основните сончеви зраци непосредно се одделуваат од сончевиот диск, а крајната надворешна должина на сите шеснаесет сончеви зраци се поклопува со надворешната периферија на сонцето. Дијаметарот на сончевиот диск е една седмина од широчината на знамето. Односот на дијаметарот на сончевиот диск и должината на основниот сончев зрак е еден спрема два, а односот на должината на споредниот и основниот сончев зрак е седум спрема осум. Центарот на сонцето се поклопува со точката во која се сечат дијагоналите на знамето. Односот на широчината и должината на знамето е еден спрема два.
Член 3
Со денот на влегувањето во сила на овој закон престанува да се применува постојното знаме на Република Македонија утврдено со Уставот на Република Македонија од 1974 година.
Член 4
Овој закон влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето во “Службен весник на Република Македонија”.