Закон за знамето на Република Македонија
1992 | Закон за знамето на Република Македонија од Влада на Република Македонија |
Сл. Весник на Р.Македонија бр.47/95 од 06.10.1995 година |
Член 1
Со овој закон се утврдува знамето на Република Македонија.
Член 2
Знамето на Република Македонија е црвено со златно- жолто сонце. Сонцето е со осум сончеви знаци кои се простираат од сончевиот диск со проширување до рабовите на знамето. Сончевите зраци се вкрстуваат по дијагонала, хоризонтала и вертикала. Дијаметарот на сончевиот диск е една седмина од должината на знамето. Центарот на сонцето се поклопува со точката во која се сечат дијагоналите на знамето. Односот на ширината и должината на знамето е еден спрема два.
Член 3
Ликовно- графичкиот приказ на знамето на Република Македонија е составен дел на овој закон.
Член 4
Со денот на влегувањето во сила на овој закон престанува да важи Законот за знамето на Република Македонија (“Службен весник на Република Македонија” број 50/92).
Член 5
Овој закон влегува во сила со денот на објавувањето во “Службен весник на Република Македонија”.