Прејди на содржината

Закон за акцизи

Од Wikisource
Закон за акцизи

од Влада на Република Македонија
закон на Република Македонија,


ОСНОВНИ ОДРЕДБИ

[уреди]

Член 1

Со овој закон се воведува плаќање на акцизи.

Акцизите претставуваат посебен вид на данок на промет на производите определени со овој закон.

Член 2

Акцизите се плаќаат на следниве производи:

  • деривати на нафта;
  • преработки од тутун;
  • алкохолни пијалаци (ракии, вињак и други жестоки пијалоци);
  • пиво;
  • кафе;
  • патнички автомобили и
  • луксузни производи.

Член 3

Акцизи се плаќаат на производите од член 2 на овој закон, односно увозот.

На производите од член 2 на овој закон, акциза се плаќа и при:

  • наследување, давање на производи без надомест (подарок, отстапување) или во замена за друг производ, услуга или друга вредност;
  • кусок на производи, освен кусокот што настанал под дејство на виша сила;
  • расход (кало, растур, расипување и крш) кој настанал над количеството утврдено со узансите, ако органот за јавни приходи поинаку не определил;
  • земање на сопствен произведен или набавен производ и
  • користење на производ што физичкото лице ќе го изработи за сопствена употреба.

Член 4

Обврзник на акцизата во прометот на деривати на нафта е производителот, односно увозникот. Обврзник на акцизата во прометот на деривати на нафта произведени во Република Македонија е сопственикот на увезената сурова нафта.

Член 5 Обврзник на акцизата во прометот на преработки од тутун е производителот, односно неговата асоцијација, за делот на тутунските преработки што таа ги става во промет, односно увозникот на преработки од тутун.

Член 6

Обврзник на акцизата во прометот на алкохолни пијалоци (ракии, вињак и други жестоки пијалоци), пиво, кафе и луксузни производи е секој учесник во прометот: производителот, увозникот, трговијата на големо, трговијата на мало, угостителското претпријатие, самостојниот угостител, самостојниот трговски дуќан и самостојниот производител.

Член 7

Обврзник на акцизата во прометот на патнички автомобили е правното лице, претприемачот и физичкотолице, односно купувачот на патничкиот автомобил што подлежи на обврската за годишна регистрација.

Член 8

Обврзникот на акцизата што врши промет на деривати на нафта и тутунски преработки е должен на денот на влегувањето во сила на прописот со кој се зголемува, намалува или укинува акцизата да изврши попис на затекнатите количества на залиха. Обврзникот на акцизата е должен по еден примерок од записникот за пописот на затекнатите залихи и за акцизата содржана во тие залихи веднаш, а најдоцна во рок од три дена, да достави до надлежната пазарна инспекција и до органот за јавни приходи за подрачјето на општината.

Обврзникот на акцизата утврдената позитивна разлика е должен да ја уплати во рок од седум дена од денот на зголемувањето на акцизата и по изминувањето на три дена од денот на уплатувањето доказот за извршената доплата да го достави до органот за јавни приходи за подрачјето на општината.

Член 9

Правно лице, претприемач или физичко лице кое произведува производи на кои се плаќа акциза е должно во рок од десет дена пред отпочнувањето на производството и прометот да поднесе писмено барање до органот за јавни приходи во општината на чие подрачје се врши дејноста за упис во регистарот на обврзници на акцизи.

Производителот - обврзник на акцизата не може да врши производство и промет без пријава за упис во регистарот на обврзниците на акцизи што се води во органот за јавни приходи.

Член 10

Основицата за плаќање на акцизата во прометот на дериватите на нафта е продажната цена во која е засметана акцизата.

Член 11

Основицата за плаќање на акцизата во прометот на преработки од тутун-цигари е продажната цена која е пријавена во Министерството за финансии и во која е засметана акцизата.

Член 12

Основицата за плаќање на акцизата во прометот на алкохолни пијалоци (ракии, вињак и други жестоки пијалаци), пиво, кафе, луксузни производи и патнички автомобили е продажната цена која во себе не содржи акциза.

Продажната цена од став 1 на овој член која служи како даночна основица се намалува за износот на пресметаната акциза на претходните учесници во прометот или при увозот (производителот, увозникот, трговијата на големо, трговијата на мало, угостителското претпријатие, самостојниот угостител и самостојниот трговски дуќан).

Член13

Основицата за плаќање на акцизата при увозот е вредноста на увезениот производ утврдена според царинските прописи вклучувајќи ги царината и другите увозни давачки, а која во себе не ја содржи акцизата.

Основица за плаќање на акцизата при увозот на деривати на нафта е продажната цена утврдена со Одлука на Владата на Република Македонија во која е засметана акцизата.

Основица за плаќањена акцизата при увозот на преработки од тутун е продажната цена која увозникот е должен да ја пријави во Министерството за финансии во која е засметана акциза.

Член 14

Основица за плаќање на акциза за производите од член 3 став 2 на овој закон е:

  • цена што би се постигнала со продажбата на тој производ,но не пониска од цената на чинењето (член 3 став 2 точки 1, 4 и 5) и
  • вредноста на утврдениот кусок,односно расход,но не пониска од цената на чинењето (член 3 став 2 точки 2 и 3).

Член 15

Тарифата на акцизите е составен дел на овој закон.

Во Тарифата на акцизите стапките можат да бидат искажани и во апсолутни износи по единици мерки на производи.

Член 16

На износот на акцизата што не е уплатен во рок пропишан со закон се плаќа камата по стапка од 2% за секој ден задоцнување.

КАЗНЕНИ ОДРЕДБИ

[уреди]

Член 17

Со парична казна од 100 до 250 плати ќе се казни за стопански престап правното лице ако:

  • во својство на купувач, при набавката на производи му даде на продавачот неточни или невистинити податоци врз основа на кои ги набавува производите за намените заради кои според закон не се плаќа акцизи;
  • пушта во промет преработки од тутун од странско производство без ознака, односно цигари што се илегално внесени во земјата;
  • при промената на акцизите не изврши попис на производите на залихи или ако во новите цени не го вкалкулира зголемениот односно намалениот износ на акцизата;
  • обврзникот на акцизата во фактурата посебно не ја искаже акцизата која му се засметува на купувачот и
  • употреби масло за горење екстра лесно(ЕЛ) или масло за горење лесно специјално(ЛС)за целите за кои според овој закон не можат да се користат.

За дејства од став 1 на овој член ќе се казни за стопански престап и одговорното лице во претпријатието или во друго правно лице со парична казна од пет до десет плати.

За стопански престап во смисла на точка 5 став 1 од овој член,му се изрекува и заштитна мерка одземање на моторното возило (камион, патнички автомобил и друго), трактор, пловниот објект или другиот мотор со кој е сторено таквото дело.

Член 18

Тој кој во својство на одговорно лице кај правно лице, а заради стекнување противправна имотна корист или заради шпекулација на пазарот , увезува или пушта во промет странски цигари без пропишаната ознака ќе се казни за кривично дело со затвор од пет години.

Член 19

Со парична казна од 50 до 250 плати ќе се казни за стопански престап правното лице ако:

  • не пресмета или неточно ја пресмета акцизата или ако пресметаната акциза не ја уплати на пропишаната сметка и
  • акцизата не ја пресмета на начинот предвиден со овој закон, односно ако ја пресмета неточно или ако пресметаната акциза не ја уплативо пропишаниот рок.

За дејствијата од став 1 на овој член ќе се казни за стопански престап и одговорното лице во претпријатието или во другото правно лице со праична казна од пет до десет плати.

Член 20

Со парична казна од 50 до 250 плати ќе се казни за стопански престап правното лице како даночен обврзник ако:

  • го спречува овластеното лице при вршењето на контролата;
  • при зголемувањето на акцизата не изврши доплата на акцизите или не достави записник за извршениот попис на залихи или не достави доказ за извршената доплата на акцизите;
  • не поднесе барање за упис во регистерот на обврзниците на акцизи во рокот одреден со овој закон и
  • произведува и става во промет производи на кои се плаќа акциза без упис во регистарот на обврзниците на акцизи.

За дејства од став 1 на овој член ќе се казни за стопански престап и одговорното лице во претпријатието или во друго правно лице со парична казна од пет до десет плати.

Член 21

Со парична казна од три до петнаесет плати ќе се казни за прекршок физичкото лице - претприемач ако:

  • при промена на акцизата не изврши попис на производите на залиха или ако во новите цени не го вкалкулира зголемениот,односно намалениот износ на акцизите;
  • обврзникот на акцизата во фактурата посебно не ја искаже акцизата која му ја засметува на купувачот и
  • го спречува овластеното лице привршењето на контролата на пресметување или плаќањето на акцизата.

Член 22

Со парична казна од три до петнаесет плати ќе се казни за прекршок физичко лице-претприемач ако:

  • не ја пресмета акцизата или неточно ја пресмета акцизата или ако акцизата не ја уплати на соодветна уплатна сметка;
  • употреби масло за горење екстра лесно (ЕЛ) или масло за горење лесно специјално (ЛС)за цели за кои според овој закон не можат да се употребуваат, односно да се користат;
  • при зголемување на акцизата не изврши доплата на акцизата или недостави записник за извршениот попис на залихите или не достави доказ за извршената доплата на акцизата;
  • не поднесе барање за упис во регистарот на обврзниците на акцизи во рокот одреден со овој закон и
  • произведува и става во промет производи на кои се плаќа акциза без упис во регистарот на обврзниците на акцизи.

За прекршокот во смисла на точка 2 став 1 од овој за член, покрај паричната казна, му се изрекува и заштитна мерка одземање на моторното возило (камион, патнички автомобил и друго ), тракторот, пловниот објект или другиот мотор со кој е сторено таквото дело.

Член 23

За кривично дело со затвор до пет години ќе се казни физичко лице ако пушта во промет странски цигари без пропишаната ознака, односно гигари илегално внесени во земјата заради стекнување противправна имотна корист или шпекулација на пазарот.

ПРЕОДНИ И ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ

[уреди]

Член 24

Во поглед на ослободувањата и олеснувањата,настанувањето на обврската за пресметување и плаќање, искажувањето, евидентирањето, доставувањето на податоци и документација, застареноста, контролата на пресметувањето и плаќањето, правните средства, обновата на постапката, повратот и другите прашања што не се уредени со овој закон, соодветно се применуваат одредбите на Законот за данокот на промет на производи и услуги.

Член 25 Овој закон влегува во сила со денот на објавувањето во “Службен весник на Република Македонија”, а ќе се применува од 1 јануари 1994 година,освен одредбите од член 9 став 2 кои ќе се применуваат од 1 април 1994 година.

ТАРИФА НА АКЦИЗИ

[уреди]

Тарифен број 1

[уреди]

На прометот на нафтени деривати се плаќа акциза, и тоа: 1) Моторен бензин

                   - МБ 86  .................................................................  64,892%
                   - МБ 98  .................................................................  65,14%
                   - МБ 95  .................................................................  62,583%

2) Дизел гориво

                   - Д - 1  .................................................................  60,185%
                   - Д - 2  .................................................................  60,01%

3) Масло за горење екстра лесно (ЕЛ) и масло за горење лесно специјално (ЛС)

                   - ЕЛ     .................................................................  36,016%
                   - ЛС     .................................................................  36,016%

4) Млазно гориво и авионски бензин ........................................ 17%

5) Петролеј за мотори, петролеј за осветлување, авионски и моторни масла и масти, хипоидни и други минерални масла и масти, како и масла за подмачкување и примарен (суров) бензин .............................................................. 10%

6) Течен нафтен гас ....................................................................... 5% Ако течниот нафтен гас се користи со помош на специјални уреди за погон на моторни возила и моторни пловни објекти ............................ 40%

7) Масло за горење, мазут и тоа: лесно (Л), средно (С), тешко (Т), екстра тешко (ЕТ), нискосулфурно лесно (НСЛ), нискосулфурно средно (НСС) и нискосулфурно тешко (НСТ) ......................... 10%

Ако правните лица набавуваат масло за горење - мазут под условите и на начинот од член 6 на Законот за данокот на промет на производи и услуги исклучително за потрошувачка во:

  • производство на сурово железо во високи печки;
  • производствона челик во Сименс - Мартинови печки, како и на челик во длабински и загревни печки;
  • производство на алуминиум во сите фази (процесот на расчленување на бокситот со помош на натриум-хидроксид);
  • процесот на впарување на база, заради добивање глиница, процесот на производството на глиница во фазата на калцинација, односно печење на алуминиум хидрати;
  • процесот на одржување на електролити и алуминиум во течна состојба на определна температура во собирните печки; процесот на поизводството на легури од алуминиум во собирни печки;
  • производство на фероникел; производство на цемент;
  • производство на бакренец во пламени печки;
  • топење на влошки за ратификација на топилница на олово, цинк и антимон;
  • производство на огноотпорен материјал во ротациони печки;
  • процесот на синтетизирање на керамички производи; топење на суровини (на кварцен песок, доломит, натрин фелдспат, калцинирана сода во стакларски печки, производство на амбалажно и шупликаво стакло;
  • прехранбената индустрија (производството на шеќер и масло за јадење); индустријата на градежен материјал;
  • термоелектраните на јаглен во кои се користи мазут за потпалување на термоелектраните и топланите на мазут со моќност поголема од 30 МВ

се плаќа акциза по стапка од ............................................ 5%

Забелешки:

  • Пред пуштањето во промет на масло за горење екстра лесно (ЕЛ) и масло за горење лесно специјално (ЛС) производителот мора во рафинеријата да ги бојоса со црвена боја. Ако тие масла се увезуваат увозникот е должен овие деривати да ги бојоса со јасно црвена боја пред испораката на нарачувачот за чија сметка се увезени дериватите.
  • Маслото за горење екстра лесно (ЕЛ) и маслото за горење лесно специјално (ЛС) од точката 3 на овој тарифен број не смее под никаков услов да се користи за погон на моторни возила од сите видови пловни објекти или други мотори.

Контролата на употебата и користењето на маслото за горење од точка 3 и на течниот нафтен гас од точка 6 на овој тарифен број во моторните возила, пловните објекти и во другите мотори вршат овластените работници на сообраќајната полиција и на пазарната, односно на даночната инспекција.

Тарифен број 2

[уреди]

На прометот на преработки тутун акциза се плаќа, и тоа: 1) На сите видови увозни и лиценцни цигари....................................70% 2) На сите видови екстра домашни цигари.........................................60% 3) На сите видови цигари од квалитетните групи од 1до 4.............47% 4) На режан тутун од сите видови и квалитети, цигари, цигарилоси, тутун за лулиња и тутун за џвакање и бурмут......................................26% Забелешка: 1. На преработки од тутун - цигари произведени или увезени,а наменети за продажба во Република Македонија производителот , односно увозникот е должен на кутијата при непосредното печатење или друга хартија со која е обложена кутијата да отпечати ознака”М”. За преработки од тутун-цигари кои се ставени во промет без оваа ознака, се смета дека не е пресметана и платена акцизата. Одредбата на став 1 од оваа точка не се однесува на цигарите произведени по странска лиценца во домашно претпријатие.

Тарифен број 3

[уреди]

На прометот на алкохолни пијалоци (ракии, вињак и други жестоки пијалаци) и пиво се плаќа акциза, и тоа: 1) Ракии и вињак..............................................................................70% 2) На други жестоки пијалаци......................................................130% 3) На пиво..........................................................................................60% Забелешки: 1. Под алкохолни пијалоци , во смисла на овој тарифен број ,се подразбираат пијалоците што содржат повеќе од 2% алкохол. 2. Под пиво се подразбира алкохолен пијалак што се пушта во прометот како пиво,без оглед на содржината на алкохолот.

Тарифен број 4

[уреди]

На прометот на патнички автомобили акцизи се плаќа според работната зафатнина на моторот, и тоа: 1) На работна зафатнина на моторот до 2,0 литри .........25% 2) На работна зафатнина на моторот над 2,0 литри..........55% Забелешки: 1. Под патнички автомобили од овој тарифен број се подразбираат автомобилите за превоз на патници со најмногу девет седишта,вклучувајќи го и седиштето на возачот,што се изработени според стандард ЈУС М.НО,010-1.2.2.3.1.1. 2. Во производите од овој тарифен број не спаѓаат теренските возила, специјални санитетски возила со вградени уреди за болни, специјални возила за потребите на полицијата и Армијата и патролната служба со вградени уреди и комби-возила. Како специјални возила од овој став не се сметаат патничките автомобили, адаптирани за обука за обука на возачи (дупли) команди, исфрлени седишта и друго, патничките автомобили за давање помош на патиштата, патнички ПТТ возила и слично. Како теренско моторно возило се смета моторното возило со најмногу две погонски оски, односно со два дигеренцијали.

Тарифен број 5

[уреди]

Акциза по стапка од 70% се плаќа на прометот на луксузни производи,и тоа на: 1) Украсни и други производи од сите видови или форми изработени со повеќе од 2% злато или други благородни метали (платина и друго),односно производи изработени со повеќе од 50%сребро; 2) Природни скапоцени камења и природен бисер и производи од сите видови форми изработени со бесценети камења и бисер; 3) Парфимериски и козметички производи; 4) Со рака изработени јазлени теписи со повеќе од 120.000 јазли по м2 и 5) Кожа од влекачи (змија, гуштер, крокодил и друго) и на сите производи изработени од тие кожи, како и од природни крзна и производи од тоа крзно (облека, обувки и други производи), застапени со повеќе од 50% од вредноста на производот, освен кожа и крзно од домашни животни ипроизводи од тие кожи и крзна.

Забелешки: 1. Под украсни и други производи од злато и други благородни метали од точка 1 на овој тарифен број се подразбираат: сите производи изработени во целост или делумно од злато и другиблагородни метали, односно во комбинација на тие и други различни материјали (метал, дрво, пластичен материјал, морска пена, килибар, стакло и друго), што служат како личен украс (прстени, брошеви, белезици, обетки, гердани, копчиња за манжетни, игли и држачи за вратоврска, шноли и слично), под услов таквите производи да содржат повеќе од 2% злато или други благородни метали. 2. Под природните скапоцени камења од точка 2 на овој тарифен број се подразбира дијаманти, корунд,со своите вариети (рубин, смарагд, аметист, аквамарин, хризонит, ориенталски топаз, спинел), берил, аквамарин, златен берид (морганит) и хризо берил. 3.Под природен бисер се подразбира приридниот бисер што е производ од бисерни остриги или школки добиен по природен пат. 4. Под парфимериски и козметички производи од точка 3 на овој тарифен број се подразбираат парфеми и колонски води, креми, млека и лосиони за нега на кожата; кармини за усни ; шминка, пудри и други препарати за маски, лакови за нокти, пасти за нокти и препарати за полирање на нокти, растворувач на лак за нокти, масла, води и помади за коса; препарати за ондулација, бојосување и одбојосување на косата, фиксатори и други препарати за коса, помади и моливи за клепки. 5. Под природно крзно од точка 5 на овој тарифен број се подразбираат крзна од: ангорски зајак, дабар, видра, дива мачка, кртица, верверичка, леопард, јагуар, пантер, хиена, шакал, ирвас, куна, нутрија, мали амерички мечки, кенгури, опосум, бизам, мрзливец, мајмун, сребрена сина, платинска, црна, сива и бела лисица, астраган, персијанец, чинчила, хермелин, скунц, рис, како и самурови, вомбат и балабај крзна и крзна од дивеч (див зајак, волк, јазовец и друго). Под природна кожа и крзно од оваа точка од домашни животни се подразбираат кожи и кожи со крзно или влакна од домашни животни (питоми зајаци, кози, овци и други домашни животни).

Тарифен број 6

[уреди]

Акциза по стапка од 50% се плаќа на прометот на кафе-сурово,пржено,мелено и екстракт од кафе.

Забелешка.

Под кафе од овој тарифен број се подразбираат сите оние видови кафе што во себе содржат други додатоци или мешаница на кафе под услов содржината на кафето по вредност да изнесува најмалку 50%.