Прејди на содржината

Закон за агенцијата за разузнавање

Од Wikisource
Закон за агенцијата за разузнавање

од Влада на Република Македонија
закон на Република Македонија, Сл. Весник на Р.Македонија бр.19/95 од 06.04.1995 година


I. ОПШТИ ОДРЕДБИ

[уреди]

Член 1

[уреди]

Со овој закон се основа Агенција за разузнавање ( во натамошниот текст: Агенцијата ), како посебен орган на државната управа.

Член 2

[уреди]

Агенцијата е надлежна да собира податоци и информации од значење за безбедноста и одбраната на Република Македонија и стопанските, политичките и другите интереси на државата. Агенцијата врши анализи и истражувања на податоците и информациите од став 1 на овој член и задолжително ги известува претседателот на Република Македонија, Владата на Република Македонија и други државни органи за прашања од значење на нивниот делокруг. Акт за начинот на информирањето од став 2 на овој член донесува Владата на Република Македонија, со претходна согласност на претседателот на Република Македонија.

Член 3

[уреди]

Со Агенцијата раководи директор кој го именува и разрешува претседателот на Република Македонија. Директорот се именува за време од четири години.

Член 4

[уреди]

За својата работа и работата на Агенцијата директорот му одговара на претседателот на Република Македонија. Владата на Република Македонија може да побара одговорност на директорот за работата на Агенцијата.

Член 5

[уреди]

За извршување на работите на Агенцијата, можат да се образуваат организациони единици. Директорот на Агенцијата донесува акт за организација и работа и за систематизација на работните места на Агенцијата по претходно прибавена согласност на Владата на Република Македонија.

Член 6

[уреди]

Агенцијата соработува со државните органи за прашања од заеднички интерес.Во остварувањето на меѓусебната соработка, Агенцијата и државните органи се должни заемно да си доставуваат податоци, известувања и информации и да ги координираат акциите од надлежност на Агенцијата.

Член 7

[уреди]

Работниците на Агенцијата своите права, должности и одговорности ги остваруваат во согласност со прописи за работниците во органите на државната управа, доколку со овој закон не е определено поинаку.

Член 8

[уреди]

Во вршењето на работите и користење на податоците и информациите, работниците на Агенцијата се должни да ги почитуваат правата и слободите на граѓаните загарантирани со Уставот и да обезбедат заштита на тајноста на податоците и информациите со кои располагаат.

II. НАДЗОР НАД РАБОТАТА НА АГЕНЦИЈАТА

[уреди]

Член 9

[уреди]

Собранието на Република Македонија врши надзор над работата на Агенцијата преку соодветна Комисија ( во натамошниот текст: Комисија )

Член 10

[уреди]

Комисијата доставува до Собранието на Република Македонија извештај за извршената работа најмногу еднаш годишно. Пред доставувањето на извештајот од став 1 на овој член, Комисијата е должна да го достави извештајот до директорот на Агенцијата заради прибавување на негово мислење, а особено од аспект на заштитата на тајноста на одделни негови делови.

Член 11

[уреди]

Директорот е должен да овозможи увид и да ги дава сите известувања и податоци од делокруг на работата на Комисијата. Известувањата и податоците изнесени на седница на Комисијата се сметаат за државна тајна.

Член 12

[уреди]

Заклучоците во врска со извештајот на работата на Комисијата, Собранието на Република Македонија ги доставува до претседателот на Република Македонија и Владата на Република Македонија.

==III. ПОСЕБНИ ОВЛАСТУВАЊА И ДОЛЖНОСТИ НА АГЕНЦИЈАТА И ПРАВА И ДОЛЖНОСТИ НА ВРАБОТЕНИТЕ==

Член 13

[уреди]

Во вршењето на работите од својот делокруг Агенцијата применува средства и методи што ги пропишува Владата на Република Македонија. Директорот на Агенцијата, односно работникот кој тој ќе го овласти, самостојно одлучува за преземање на средства и методи во извршување на работите на Агенцијата и се одговорни за законита примена на истите.

Член 14

[уреди]

Со актот за систематизација на работните места на Агенцијата се определени работните места со посебни должности и овластувања (во натамошниот текст: посебни работни места).

Член 15

[уреди]

Вработените на посебни места во Агенцијата имаат легитимација која ја издава директорот. Вработените од став 1 на овој член во согласност со прописите за вршење на службените задачи поседуваат и носат службено оружје, муниција и други пропишани средства и опрема.

Член 16

[уреди]

Во вршењето на посебните должности и овластувања вработените имаат право да собираат податоци, известувања и информации од делокругот на работата на Агенцијата. Граѓаните, органите, претпријатијата и други правни лица овозможуваат уредно вршење на работите од делокругот на Агенцијата.

Член 17

[уреди]

Ако против вработен во Агенцијата се покрене или води кривична или друга постапка заради употреба на огнено оружје, или друго средство на присилба во вршењето на работата, како и учество во сообраќајна незгода со службено моторно возило при вршењето на работата, Агенцијата ќе му обезбеди бесплатна правна помош во врска со водењето на постапката.

IV. РАБОТНИ ОДНОСИ

[уреди]

1. Засновање на работен однос и распоредување на вработените

Член 18

[уреди]

Работен однос во Агенцијата може да заснова лице кое, покрај општите услови, ги исполнува и следниве посебни услови:

1) да не е осудувано за кривично дело против уставното уредување и

безбедноста на Република Македонија, против слободите и правата на човекот и граѓанинот, стопанството, вооружените сили на Република Македонија, службената должност, тешки дела против животот и телото, имотот или кривично дело извршено од користољубие и нечесни побуди;

2) против него да не се води кривична постапка за кривичните дела од

став 1 точка 1 на овој член;

3) со правосилна пресуда да не му е изречена мерка за безбедност,

забрана за вршење на професија, дејност или должност додека трае таква мерка

4) да е здравствено и психо- физички способно.

На вработен кој е осуден за кривично дело од став 1 точка 1 на овој член кое се гони по службена должност или на кого му е изречна мерка на безбедност забрана на вршење на професија, дејност или должност, му престанува работниот однос во Агенцијата со денот на врачувањето на правосилна пресуда.

Член 19

[уреди]

Постапката по јавен оглас за прием на лица во Агенцијата може да трае и подолго од времето утврдено со закон, но не подолго од три месеци. Работен однос во Агенцијата без јавен оглас се заснова на посебни работни места со завршени ученици од средно образование и студенти во сите степени и стипендисти на Агенцијата.

Член 20

[уреди]

Лице кое заснова работен однос или се распоредува на определено посебно работно место за кое е потребно остручување на работата се упатува на стручно оспособување и усовршување во соодветни организации од областа на образованието, односно други форми на стручно оспособување. Времето поминато на стручно оспособување на приправник во смисла на став 1 од овој член се засметува во приправнички стаж.

Член 21

[уреди]

На вработен кој е упатен на стручно оспособување и усовршување му се обезбедува бесплатно сместување и храна, односно му се надоместуваат трошоците за превоз, сместување и исхрана.

Член 22

[уреди]

Со решение на директорот, вработен во Агенцијата може да биде распореден во секоја организациона единица на работно место кое одговара на неговата стручна подготовка. Жалбата против решението од став 1 на овој член го одлага извршувањето на решението. На вработениот од став 1 на овој член кој од неоправдани причини во рок од седум дена од денот на врачувањето на решението не стапи на работа, му престанува работниот однос. Решението за распоредување во организациона единица надвор од седиштето на Агенцијата задолжително се преиспитува по секоја помината година на распоредување.

Член 23

[уреди]

Во случајот од член 22 став 4 на овој закон вработениот има право на плата во висина на платата остварена во последниот месец пред распоредувањето ако тоа за него е поповолно, надоместок за патни и селидбени трошоци, надоместок за одвоен живот ако не му е обезбедено сместување или стан, на секој трет месец седум дена платено отсуство и надоместок на трошоци за превоз заради потесното семејство од кое вработениот живее одвоено. Кога распоредувањето трае подолго од шест месеци на вработениот му се обезбедува сместување или стан.

Член 24

[уреди]

Вработен на посебно работно место за кој со одлука на здравствената комисија ќе се утврди дека е неспособен за вршење на работи и задачи со посебни должности и овластувања заради нарушена психофизичка или општа здравствена способност која настапила како последица од повреда при работа или професионална болест, се распоредува на работно место кое одговара на степенот на неговата стручна подготовка и здравствена состојба. Вработениот од став 1 на овој член ги задржува сите права од работен однос кои ги имаат вработените на работното место на кое дотогаш работел и должен е да ги исполнува обврските на новото работно место. Психофизичката и општата здравствена способност на лицата, односно вработените од член 18 став 1 точка 4 и став 1 на овој член ја утврдува посебна здравствена комисија. 2. Работно време, одмор и други права и обврски на вработените

Член 25

[уреди]

Работното време на вработените во Агенцијата може да трае и подолго, од со закон пропишаниот максимум во работната недела, во услови кога се извршуваат неодложни работи и задачи од делокругот на Агенцијата.

Член 26=

[уреди]

Кога неодложни потреби на Агенцијата тоа го бараат, директорот или од него овластен работник може на работникот да му одложи, односно прекине користењето на годишниот одмор. Во случаите од став 1 на овој член работникот има право на надоместок на стварните трошоци настанати со одложувањето, односно прекинувањето на годишниот одмор.

Член 27

[уреди]

Вработените во Агенцијата се должни да ја чуваат државната, службената, воената или деловната тајна за која дознале во вршењето или по повод вршењето на работите во Агенцијата. За службена тајна, во смисла на овој закон, се сметаат:

1) извештаи, документи, податоци и извори на податоци од делокруг на

Агенцијата што се означени како службена тајна и се со соодветен степен на доверливост;

2) извештаи, документи, податоци и извори на податоци што се однесуваат

на лица кои согласно со закон или друг пропис се означени како службена тајна и

3) податоци за внатрешната организација и работа и систематизација на

работните места на Агенцијата.


Член 28

[уреди]

Обврската за чување на тајните од член 27 на овој закон трае и по престанокот на работниот однос. Согласност за ослободување од обврската за чување на тајна дава директорот на Агенцијата. Директорот ќе донесе пропис за начинот на чување на документите, извештаите, податоците и други акти што со закон, друг пропис или со одлука на надлежен орган се означени како државна, воена или службена тајна.

Член 29

[уреди]

Податоците во документациите и евиденциите на Агенцијата се заштитуваат и чуваат на начин пропишан со закон.

Член 30

[уреди]

Како кршење на работната дисциплина се смета и:

1) постапување спротивно правилата и прописите на Агенцијата;
2) недавање на податоци и информации или давање на неточни податоци

и информации на овластени органи;

3) одбегнување на лекарски преглед заради утврдување на работната

способност;

4) избегнување на задолжително стручно оспособување и усовршување;
5) противправно прибавување на лична корист во врска со вршењето на

работите и задачите;

6) послуга или овозможување на послуга на друго лице со пари или други

работи од вредност кое на вработениот му се доверени во вршењето на работите и задачите;

7) вршење на работи, професии или функции кои се неспоиви со

должностите на вработените;

8) раководење, изразување и застапување на партиски ставови и

убедувања во вршењето на работите и задачите и

9) извршување на дејствие кое претставува кривично дело и кое согласно

со овој закон е пречка за засновање на работен однос, односно извршување на дејствие кое претставува потежок прекршок против јавниот ред и мир. Работникот може да биде привремено оддалечен од работа од Агенцијата кога ќе стори потешко кршење на работната дисциплина. Во случаите на престанок на работниот однос со отказ, отказниот рок може да биде пократок од рокот утврден со закон. Правото на отказен рок не се остварува доколку отказот се дава поради потешко кршење на работната дисциплина. Потешките случаи на кршење на работната дисциплина заради кои работникот се оддалечува од работа, должината на отказниот рок, како и случаите кога тоа право не се остварува, се пропишува со акт на директорот.

Член 31

[уреди]

Вработените во Агенцијата не можат да вршат работи, професии или функции кои се неспоиви со нивните должности.

Член 32

[уреди]

Вработен на посебно работно место може да патува во странство со согласност на непосредниот раководител. Директорот може да забрани патување во странство на работници во Агенцијата во случаите кога е потребно заради заштита на безбедноста и одбраната на Република Македонија.

Член 33

[уреди]

Вработените во Агенцијата правото на штрајк можат да го остваруваат под услови битно да не се нарушува редовното извршување на работите и задачите на Агенцијата. Заради спречување на евентуални штетни последици од неизвршување на работите и задачите за време на штрајкот, директорот или од него овластен работник е должен да обезбеди потребно функционирање на организационите единици во процесот на работата. Врз основа на преземените мерки од став 2 на овој член, вработените се должни да постапуваат по соодветните наредби. Доколку вработените не постапат согласно со став 3 на овој член директорот, односно овластениот работник е должен да го обезбеди остварувањето на работниот процес со заменување на соодветни работници.

Член 34

[уреди]

Поради видот, природата и сложеноста на работите и задачите што се извршуваат од вработените на посебни работни места, како и поради тежината на работите и посебните услови под кои тие се извршуваат, износот на средствата наменети за плата за извршување на тие работи и задачи и се зголемува до 30%.

Член 35

[уреди]

На вработен на посебно работно место во случај на привремена неспособност за работа настаната во вршење или по повод вршење на работите и задачите му припаѓа надоместок во висина на тековната плата за времето на отсуство од работа.

Член 36

[уреди]

На вработените во Агенцијата и на други лица може во согласност со општ акт да им се доделуваат соодветни награди или признанија.

Член 37

[уреди]

Агенцијата е должна да ги осигури, за случај на смрт, телесно оштетување или губење на работната способност, вработените кои работат на посебни работни места.

Член 38

[уреди]

Вработен во Агенцијата кој во вршењето на работите и задачите ќе го загуби животот, ќе се погребе на трошок на Агенцијата, а на семејството на вработениот му припаѓа еднократен надоместок во висина на вкупниот износ од остварените плати во последните 12 месеци.

Член 39

[уреди]

Правата од пензиско и инвалидско осигурување утврдени со Законот за пензиско и инвалидско осигурување (“Службен весник на Република Македонија” број 80/93) за определени категории осигуреници под посебни услови (осигуреници од внатрешни работи) соодветно се применуваат и на вработените во Агенцијата.

Член 40

[уреди]

Директорот на Агенцијата ќе донесе подзаконски прописи за:

1) правилата за работа на Агенцијата;
2) образецот на легитимацијата и начинот на издавањето;
3) работите и задачите кои е неопходно да се извршуваат во времето на

штрајкот и

4) други прописи утврдени со закон.

V. ПРЕОДНИ И ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ

[уреди]

Член 41

[уреди]

Дел од вработените на Министерството за внатрешни работи кои се распоредени во досегашната Служба за државна безбедност, а по потреба и од другите служби ќе бидат преземени како вработени на Агенцијата во согласност со општите акти за организација и работа и за систематизација на работните места во Агенцијата. Вработените кои нема да бидат преземени во смисла на став 1 од овој член остануваат како вработени во Министерството за внатрешни работи.

Член 42

[уреди]

На овластените службени лица на Министерството за внатрешни работи кои ќе бидат преземени во Агенцијата, времето поминато во извршувањето на работите и задачите со посебни должности и овластувања во Министерството за внатрешни работи им се смета како извршување на посебни должности и овластувања во Агенцијата.

Член 43

[уреди]

Дел од опремата, инвентарот, средствата од архивата, документација и други средства за работа на досегашната Служба за државна безбедност на Министерството за внатрешни работи ги презема како средства Агенцијата. За преземање на дел од имотот и другите средства на Министерството за внатрешни работи што заеднички се користат за потребите на сите служби, спогодбено ќе се договорат Министерството за внатрешни работи и Агенцијата. Обврските од ставовите 1 и 2 на овој член ќе се извршат во рок од шест месеци од влегувањето во сила на овој закон.

Член 44

[уреди]

Директорот на Агенцијата во рок од три месеци од именувањето ќе донесе општи акти за организација и работа и систематизација на работните места. Прописите и други општи акти на Агенцијата ќе се донесат во рок од шест месеци од денот на влегувањето во сила на овој закон.

Член 45

[уреди]

Со влегувањето во сила на овој закон престанува да важи Законот за контрола на Службата за државна безбедност (“Службен весник на СРМ” број 26/89), Законот за внатрешни работи (“Службен весник на СРМ” број 45/72, 8/73, 31/74, 24/80 и 24/88 и “Службен весник на Република Македонија” број 36/91 и 19/92) во делот што се однесува на Службата за државна безбедност и Законот за основите на системот за државна безбедност (“Службен лист на СФРЈ” број 15/84 и 42/90).

Член 46

[уреди]

Овој закон влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето во “Службен весник на Република Македонија”.